насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
НАЈНОВИ Вести
04.02.2008
Семинар за поставување на насоки на природна карпа

 

архива.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

 

 
НАЈНОВИ Вести

22.04.2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!



ПОЧИТУВАН ПОСЕТИТЕЛУ!!! Ве известуваме дека веб страницата на која одсега можете да ги следите активностите на СКА е www.climbing.mk.







   
топ
22.04.2009

Качувачка експедиција, Гејикбајири, Турција 11 до 20 Април 2009




Македонци ако не можеме да се гордееме во нешто друго еве ви причина да се гордеете во нашиот Ване и Кире.

Имено 16 члена екипа спортски качувачи од Скопје, Штип и Струмица беа гости во кампот ЈоСиТо во Гејикбајири, во близина на Анталија, Турција.

Таму требаше да се одржи UIAA Youth climbing camp ама поради некои недоразбирања помеѓу Турската Федерација и UIAA, председателот на UIAA Youth комисијата Ана Аран го откажа настанот. Така да и покрај тоа што немаше официјален качувачки камп, сепак качувачите од цел свет се дружеја и качуваа. Кога велам качуваа, навистина мислам на “здраво“ качување. Секој поединец искачи по 50насоки и тоа со тежина од 5с до 8а+. Како резултат на ова имаме и со што да се пофалиме, а тоа е Ванката кој уште од првите денови заедно Кире и фрлија мерак на насоката “Персус“ која беше првата 8а насока направена во Турција од страна Тобијас Заинцингер(отварачот на 500 насоки во Турција, Германец од Минхен). По неколку обиди нашиот Ванка ја искачи насоката и со тоа стана(по наше, Турско и Германско мислење) најмладиот качувач на Балканот па и пошироко кој искачил 8а тежина на 14 години. Секоја чест Ване.

Истотака треба да се пофалиме со нашиот Кирца кој му беше гуру на Ване и искачи “на поглед“ насоки со тежини 7а, 7а+, 7б, 7б+, 7с. Тука не влегуваат и искаченеи насоки со еден и два пада кои беа со тежина 7с+,8а, 8а+. Ова е веќе голем чекор напред во МКД качување. Покрај нив и новите и младите наши качувачи со искачените голем број насоки си го кренаа личното качувачко ниво. Мирјана и Виктор двајцата по девет години водеа насоки со тежина 6а.

Целиот тим беше сотавен од Владо, Виктор, Лиде, Маја, Томи, Ичи, Ана, Јован, Бојана (СКК“Екстрем“), Ласте, Ване, Мирјана, Марија (од СКК“Астибо“) и Кире (АСКК“Но Лимитс“).

Поздрав до сите качувачи во Македонија и ова нека ви преставува поттик за качување потешки насоки, а ние “старата школа“ ќе се потрудиме да ви направиме повеќе насоки низ Македонија.
   
топ
17.03.2009

НАЈАВА



   
топ
03.03.2009

Прв натпревар во 2009




Освен што беше прв натпревар во 2009 година, тој беше и прв експериментален натпревар од ваков вид. Како и да е помина супер, освен забелешките кои околку собирањето на бодовите по натпревар, кои преизвикаа незадоволство кај некои натпреварувачи, кое сепак беше исправено. Од таму крајниот редослед на победниците во сите категории изгледаше вака:

МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 1.Билјана Серафимовска СКК “Но-Лимитс“ Струмица 1.Виктор Трповски СКК “Екстрем“ Скопје
2.Кире Серафимовски СКК “Но-Лимитс“ Струмица 2.Маја Петровска СКК “Екстрем“ Скопје 2.Леон Огњановски СКК “Екстрем“ Скопје
3.Томи Стефановски СКК “Екстрем“ Скопје 3.Елена Костовска АК “Вертикал“ Битола 3.Мирче СКК “Но-Лимитс“ Струмица


Се качуваа 11 насоки со тежина од 5с до 8а, а најдобрите искачија по 9 насоки од прв пат и уште по 3 насоки со падови. Како и да е моралот беше голем кај сите натпреварувачи и ќе треба да се повтори оваков тип на натпревар.

Поздрав до сите спортски качувачи во Македонија!

   
топ
24.02.2009

I ДРЖАВЕН КУП ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ 2009 година





Организатор: СКК “ЕКСТРЕМ“ Скопје
Дата: 01(недела) Март 2008 година
Место на одржување: Вештачка карпа-Спортска сала, Машински факултет Скопје
Судии: Претседателот на Судиската комисија ќе ве информира дополнително
Судија поставувач на насоки: Владимир ТРПОВСКИ

Распоред на натпреварот:
09.00часот – Отворена салата за секого НЕМА ИЗОЛАЦИЈА
10.00часот – Старт на натпреварот за цицибани, јуниори/ки и членови ВО ВОДСТВО
16.00часот – крај на качувањето за цицибани и јуниори ВО ВОДСТВО
17.00часот – Старт на БРЗИНСКО

Како што забележувате од распоредот ова е прв ваков вид натпревар кај нас. Значи нема изолација, сите натпреварувачи се во салата покрај карпите и качуваат. Имаат на располагање 11 насоки и секоја насока е со различна тежина. Секоја тежина носи одредени поени, што потешка насока тоа поголема оцена.
Пример: 8а насока 1.000 поени качување од прв пат без пад, 800 поени качување од втор пат без пад во второто повторување итн. Оној кој ќе има најповеќе поени е ПОБЕДНИК !


НАПОМЕНА: Сите натпреварувачи треба да имаат подигнато и платено натпреварувачка лиценца за 2009 година, а на регистрација и треба да покажат членска книшка од ФПСМ со маркица, потоа лекарски преглед и Осигурување. Доколку ги немаат овие норми регулирано нема да може да се натпреваруваат.
   
топ
31.01.2009

Календар на активности за 2009 година..



Промена(31.1.2009)!!!

Кликнете тука за да го погледнете Календарот на активности за 2009 година
   
топ
22.12.2008

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО, Скопје 20.12.2008


ЗАВРШИ НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА

Во смирена атмосфера со не многу публика(тешко саботно будење) се одржа последниот натпревар од државната спортско качувачка лига во 2008 година.
Се течеше во најдобар ред, освен мала пропуст што ја направивме, а тоа се стазите за децата во Брзинско. Малку ги преценивме и гу пуштивме да се натпреваруваат на истите стази од сениорите. Како и да е, се стекнаа со искуство.

Резулататите се следни:
ВОДСТВО
МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Јован Иванов СКК “Астибо“ Штип 1.Марија Спасова СКК “Астибо“ Штип 1.Леон Огњановски СКК“Екстрем“ Скопје
2.Ванчо Наунов СКК “Астибо“ Штип 2.Елена Ивановска АК “Вертикал“ Битола 2.Виктор Трповски СКК“Екстрем“ Скопје
3.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 3.Елена Костовска АК “Вертикал Битола 3.Дарко Николовски АК“Вертикал“ Битола
 
БРЗИНСКО
МАЖИ ЖЕНИ ДЕЦА
1.Горазд Николоски АК“Вертикал“ Битола 1.Леон Огњановски СКК“Екстрем“ Скопје
2.Дејан Петровски СКК“Екстрем“ Скопје 2.Виктор Трповски СКК“Екстрем“ Скопје
3.Мирче Трајчевски АК “Вертикал“ Битола 3.Мирјана Стојанова СКК“Астибо“ Штип

   
топ

 

 
Линкови/LINKS








 

Copyright © 2005, All rights reserved