|
1 ПРЕДСТАВУВАЊЕ
1.1 Овие правила се составени во согласност со ICC Регулативите за Меѓународни натпревари во тежинско качување.
2 ГЕНЕРАЛНО
2.1 Болдеринг натпреварите ги сочинуваат кратки насоки, вообичаено наречени проблеми. Сите проблеми се качуваат без јаже. Бројот на фаќалиштата на секој проблем не смее да биде повеќе од 12 фаќалишта односно просечниот број на фаќалиштата на секој проблем во една рунда од натпреварот треба да се движи од 4 до 8 фаќалишта.
2.2 Сите болдер-проблеми треба да се обезбедени во подножјето со душеци. Обврска е на судијата-местач на насока да одлучи за големината и положбата на душеците под проблемот. Во случај да се постават душеци со различна големина, судијата е обврзан да ги заштити со фолија и самолеплива трака деловите каде тие се спојуваат, да не случи натпреварувачот да падне помеѓу нив и се повреди.
2.3 Болдер натпреварите се одвиваат во една трка, две трки, со име кавалификациона трка и финална трка или три трки кои носат име квалификациона трка, полу-финална трка и финална трка. Во случај на непредвидени збиднувања, една трка може да се укине. Од иста причина може да се редуцираат бројот на проблемите нормално во согланост со судиското жири.
2.4 Бројот на насоките-проблеми во една трка не треба да е помал од 4 и не повеќе од 8. Како и да е, ако натпреварот се состои од една трка тогаш бројот на проблемите не треба да е помал од 5.
2.5 Висината на проблемите: од безбедносни причини - можниот пад на качувачот да не биде повеќе од 3 метри долу до душекот, од најниската точка на телото.
2.6 Судиското жири за секој проблем треба да е составено од двајца судии. Барем еден од нив да има титула за Интернационален судија. Секој проблем треба да има однапред предвиден и составен старт, кој нормално започнува од душекот.
2.7 . Секој проблем треба да има предвидена-дизајнирана стартна позиција од каде стартуваат сите натпреварувачи. Треба да е составен од барем две фиксни и маркирани позиции за двете нозе. Тие две маркирани позиции треба да се маркирани со различна боја од фаќалиштата кој се поставени во проблемот, но таа боја да се користи во сите проблеми за тие маркирани позиции. Во согласност со Интернационалниот судија-местач на насока, фаќалиштата за старт треба да се или од лево или од десно.
2.8. Со еден бонус-поен се наградува држењето на специфично фаќалиште вопроблемот. Позицијата на тоа бонус фаќалиште е во тајност на Судијата-местач на стазата. Тоа фаќалиште треба да е во портокалова боја или пак фарбано-обележано со портокалова боја.
2.9. Крајните фаќалишта треба да се со иста боја како стартните фаќалишта, но како и да е во некои случаи можно е успешно да се заврши проблемот и тоа во стоечка-исправена позиција на врвот.
2.10. Ако е неопходно, границите на проблемот-стазата може да се маркираат со црвена боја.
2.11. Обележувањата употребени во 2.7 - 2.10 ќе бидат исти за целиот натпревар. Еден пример на болдер проблем мора да биде поставен на изолациониот ѕид кој се користи за загревање пред стартот.
3 ПЕРИОД НА ОПСЕРВАЦИЈА
3.1. Не е дозволен посебен период на опсервација бидејќи и времето за опсервација-разгледување е дел од определенето време за искачување на проблемот.
3.2. Натпреварувачите мора да останат во предвидената зона за загревање во време на периодот на обсервација. Не им е дозволено да се качуваат на качувачкиот ѕид или да застанат на некој дел од фаќалиштата. Натпреварувачите не смеат да комуницираат на никаков начин со некоја личност надвор од зоната за обсервација. Тие може само да бараат класификација, стартна листа од претседателот на жирито, судијата по категории или некој од судиите на насоки кои се назначени за проблемот. Скокање на хватиштата ќе се смета за прекршок според дисциплинските правила бр. 2.2.б.
4 ПРОЦЕДУРА НА КАЧУВАЊЕ
4.1 Во секоја етапа од натпреварот, натпреварувачите треба да искачат одреден број проблеми. После секој проблем, натпреварувачот има право на одмор еднаков на времето одредено за качување на проблемот. Претседателот на жирито мора да огласи/објави број и секвенца на проблемите на кои ќе се појават натпреварувачите и тоа пред почетокот на натпреварот. Секоја стаза мора да вклучува јасно обележана зона од која натпреварувачот може да ја види стазата/насоката. Оваа зона не смее да дозволува или овозможува обсервација на некоја друга стаза и мора да вклучува безбедносна опрема.
4.2. Во согласност со правилата и прописите кои се однесуваат за тежинските нетпревари, секој проблем треба биде алоциран во претходно определено време, во кое натпреварувачот може да се појави/проба на насоката онолку пати колку што сака. Периодот за секој проблем е еднаков на времето за сите проблеми во дадената етапа. Дозволеното време мора да биде прогласено од претседателот на жирито и тоа да трае не помалку од 4 , а не повеќе од 8 минути.
4.3 Почетокот и крајот на секој временски период за качување треба да биде означен со јасен и гласен сигнал. На овој сигнал натпреварувачите кои се качуваат мора да запрат со качувањето и да влезат во зоната за одмор. Оваа зона не смее да дозволува набљудување на некои други проблеми. Натпреварувач кој му истекло времето за качување мора да се префрли на следниот проблем.
4.4 Стартот се смета започнат во оној момент кога секој дел од телото на натпреварувачот е на проблемот/стазата односно не го допира тлото.
4.5 Последната минута од определеното време за качување ќе се означи со дефиниран сигнал кој пред стартот бил демонстриран.
4.6 Натпреварувачите може да користат четки за да ги чистат хватиштата кои се досегаат од земја/тло. Се користат само четки кои се обезбедени од страна на организаторот, а се на располагање кај секој проблем. Секое персонално чистење кое e надвор од дозволен o то е забрането.
4.7 Користење на било која друга супстанца освен креда, мора да биде претходно одобрена од Претседателот на жирито во соогласност со организаторот.
5 КАЧУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО
5.1 Искачена насока се смета за успешно завршена кога се држи крајното фаќалиште со двете раце и судијата ќе изјави дека е во ред.
5.2 Искачувањето е завршено во случај на враќање на земја/тлото на крајот или по завршување на предвиденото време за качување.
5.3 Натпреварувачот ќе биде сопрен ако ги помине обележаните граници на проблемот или користи недозволено фаќалиште.
6 ТЕХНИЧКИ ИНЦИДЕНТ
6.1 Ако техничкиот инцидент може да се корегира/исправи пред завршување намоменталниот период на качување, на натпреварувачот вклучен во качувањето ќе му биде понудено да го продолжи своето качување, ако натпреварувачот одбие и одбере да не продолжи во тој период, тогаш тој/таа ќе го повтори своето качување по завршувањето на неговата насока. Во овој случај, претседателот на жирито одлучува кога ќе се направи простор/дупка во времето за да им се дозволи на жртвите на техничкиот инцидент да продолжат со качувањето. На натпреварувачот ќе му се дозволи да го користи времето кое му останало од моментот кога се појавил инцидентот, од минимум две минути.
6.2 Ако инцидентот не може да се поправи пред да заврши ротацијата-смена на насока, со сигнал кој означува крај на ротационото време, рундата ќе се запре за натпреварувачот кој е жртва на инцидентот и за натпреварувачите кои треба да се појават на истиот проблем. За сите останати натпреварувачи, натпреварот продожува. По поправката, на натпреварувачот ќе му биде дозволено да го искористи времето кое му останало од претходното појавување на насоката. По ова, натпреварот започнува од почеток, со сигнал до качувачите.
6.3 Во случај на појава на технички инцидент, првото качување на натпреварувачот по качувањето во кое се случил инцидентот ќе се смета за продолжување на појавувањето.
7 РАНГИРАЊЕ ПО СЕКОЈА РУНДА КАЧУВАЊЕ
7.1 По секоја етапа од натпреварот натпреварувачите ќе се рангираат според следните критериуми:
а) Број на успешно совладани проблеми;
б) Вкупниот број појавувања за комплетирање на проблемите;
в) Вкупниот број бонус поени;
г ) Вкупниот број појавувања, за да се комплетираат овие бонус поени;
7.2 Во случај на блиски резултати и места, резултатите од успешно поминатите рунди треба да се земат во предвид, во процедурата на вбројување. Процедурата на вбројување не смее да се употребува во рунда во која натпреварувачите се натпреварувале поделени во повеќе групи.
7.3 Суперфинале: Ако по процедурата пребројување постои блиска конкуренција за првото место, ќе треба да се одржи суперфинале како решение за настанатиот проблемот. Секој натпреварувач подеднакво со едно појавување ќе проба по истиот редослед како во финалето, во претходно определено време, фиксирано во согласност со поставувачот на насоката и мора да започне пред 40 секунди. Појавувањето на секој натпреварувачот ќе се оценува според 5.1; 5.2; 5.3 од правилата за тежински натпревари. По нивните појавувања, тие се рангираат и доколку неколку натпреварувачи стигнале до врвот и сеуште има блиска конкуренција, ќе мора да направат уште едно качување, најмногу 6 качувања се дозволени. Доколку и на крајот имаат блиска конкуренција, натпреварувачите се рангираат подеднакво односно се еднакво пласирани.
8 КВОТИ ЗА СЕКОЈА РУНДА
8.1 Овој член мора да се чита заедно со членот 6 за болдер правилата т.е. процедурата на рангирање мора да се комплетира пред да се употребат регулативите од член 7.
8.2 Таму каде ќе има недоволно натпреварувачи кои успешно ги завршиле проблемите, во таа рунда од натпреварот, преостанатите места во рундата ќе се пополнат со следните најдобро пласирани натпреварувачи.
8.3 Ако натпреварот се состои од 3 рунди :
Полуфинале : Фиксната квота на полуфиналето ќе биде 30 со минимум 20 качувачи. Ако оваа квота се прошири како резултат на блиски места при рангирањето, бројот на натпреварувачи најблиски до фиксната квота (кога се брои од под и над фиксната квота) ќе се квалификуваат во наредната трка. Кога разликата меѓу фиксната квота за трката е идентична без разлика како се брои, најголемиот дел од натпреварувачи ќе се квалификуваат.
Финале : Фиксните квоти за финале треба да бидат 16, минимум 12. Ако оваа квота се прошири како резултат на блиски места при рангирањето, бројот на натпреварувачи најблиски до фиксната квота (кога се брои од под и над фиксната квота) ќе се квалификуваат за наредната рунда. Кога разликата меѓу фиксната квота за рундата е идентична без разлика како се брои, најголемиот дел од натпреварувачи ќе се квалификуваат.
8.3.1 Ако натпреварот се состои од 2 рунди :
Финале: Фиксната квота на финалната трка ќе биде 20, минимум 16 качувачи . Ако оваа квота се прошири како резултат на блиски места при рангирањето, бројот на натпреварувачите најблиски до фиксната квота (кога се брои од под и над фиксната квота) ќе се квалификуваат за следната трка . Кога разликата меѓу фиксната квота за рундата е идентична без разлика како се брои, најголемиот дел од натпреварувачите ќе се квалификуваат.
8.4 Ако има две групи во трката за квалификации, фиксната квота за наредната трка ќе биде еднакво поделена и ќе се појави во двете групи.
9 ПРОЦЕДУРА НА ЖАЛБИ
9.1 Секоја жалба против официјалната одлука треба да се изготви во согласност со ICC Процедурата за Жалби.
Мај 2000, Скопје
|