|
СОДРЖИНА НА ИСПИТОТ
За успешно да се реализира испитот за спортски качувач, кандидатите мораат да го докажат своето знаење практично и теоретски, и тоа:
Практичен дел:
Опрема за качување во качувачки локалитети и за качување долги насоки(потребна е да се носи на испитот);
Чворови-јазли (осмица, лагерски, полу лагерски, сигурносен, прусиков);
Качување во водство како прв;
Преврзување во сидриште;
Осигурување оддоздола на качувачот кој води, осигурување на вториот качувач одозгора од крајот на насоката или од сидриште на крај од една должина на јаже доколку е насоката со повеќе должини на јаже, осигурување ТОП РОП, (со осмица, гри гри, полулагерски);
Правење сидриште во насока со повеќе должини на едно јаже;
Самоизвлекување со замки;
Спуштање по јаже;
Теоретски дел:
Историјат на спортско качување;
Како функционира спортското качување во Македонија (Федерација, Асоцијација);
Литература;
Правила во спортското качување на карпа и на натпревар;
Етички кодекс на спортски качувач;
Техника и тактика на спортскиот качувач;
Типични повреди (превентива, прва помош, лекување);
Секој кандидат кој посетува курс за спортско качување е должен да полага на крајот од курсот, со што се стекнува со диплома спортски качувач. Дипломата ја доделува клубот/друштвото член на СКА/ФПСМ кој го организира курсот
|