насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Правилници
Правилник на СКА
Правилник за судии
UIAA Правилник за организација на натпревар
Организација на државно првенство
Норми за јуниор репрезентативци
Правила за Болдер натпревари
Правилник за МКД репрезентација
Правилник за стандарди за стекнување на називи
Правилник за стекнување називи во областа на
спортското качување
Правилник за рангирање на спортски качувач
Испит за спортски качувач
Правилник за уредување на МКД качувачки локалитети

 

 
Правилници

ПРАВИЛНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НАТПРЕВАРИ,
ВО ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ
во Република МАКЕДОНИЈА за 2005 година

ОПШТИ ОДРЕДБИ

A1)
Натпреварите ги подготвува и ги организира *Спортско Качувачката Асоцијација*(*СКА*) при ФПСМ, организирана преку клубовите или друштвата или отсеците членки во ФПСМ*СКА*.

А2)
Правилникот е составен според правилникот на UIAA-ICC. *СКА* го задржува правото за измена на некои норми кои се направени според условите и стандардот во Р. Македонија. За сите настанати промени во правилникот на UIAA-ICC навремено се вметнуваат во Македонскиот правилник и се известуваат сите членки.

А3)
Натпреварите се во следните категории:
а) мала категорија:
- цицибани/ки (година 93 и помали);
- помлади деца (92, 91);

б) средна категорија:
- постари деца (90,89);
- кадети/ки (88,87);

ц) стара категорија:
- младинци/ки (86, 85);
- апсолутна категорија (членови/ки);

Сите натпреварувачи се натпреваруваат во својата категорија. Старосната граница на оние во апсолутната категорија е полни 16 години.
Во сите категории задолжително е да има најмалку пет натпреварувачи за да се прогласни Државен првак.

А4)
Се натпреварува во болдер, во водство и брзински дисциплини натпревари. На овие натпревари се качува на поглед. На натпреварите за најмалите категории(цицибани/ки, млади деца) се качува со осигурување одозгора.

А5)
Натпреварите во сите категории се организираат и одржуваат во исти ден и на исто место.

А6)
Натпреварите се отворени за сите граѓани на Република Македонија и за сите други државјани кои ги исполнуват крутериумите наведени во овој правилник. Странските државјани можат да се натпреваруваат со по 5(пет) натпреварувачи во секоја категорија. Секој натпреварувач мора да има платено и подигнато лиценца од *СКА*за тековната година и платено стартнина за натпреварот на организаторот. Сите пријави и лиценци треба да се испратат во канцелирајата на ФПСМ*СКА* или на е-маилот на *СКА*. Секој натпреварувач треба да има печат и потпис на лиценцата од лекар, кој потврдува за поминат лекарски преглед односно способен за тренинг и натпревар.

А7)
Натпреварите за млади и средни категории се одржуваат во еден круг(финале), доколку има делба на еднакви места на крајот, се оди на супер финале.

А8)
Натпреварите во апсолутната(стара) категорија се составени од квалификации и финале.
Во апсолутна категорија влезната квота за во финале е 8/10/12 (или 5/6/7), всушност во финале влегуваат сите натпреварувачи кои се пласирале во полуфиналето до 8(5)место, кои пак достигнале 10(6) место или пак кои достигнале 12(7) место.

За секој странец кој влегол во финалето се дополнува плус уште еден натпреварувач државјанин на Македонија.

А9)
Рангирањето на натпреварувачите се води посебно по секоја категорија. Рангирањето за средна и апсолутна категорија може да се рангираат два пати. Рангирањето од Државното Првенство е само за државајнин на Р. Македонија и го води *СКА*.

А10)
На првите три натпреварувачи на Државно првенство им се доделуваат пехари и медали, на првите 6 натпреварувачи дипломи.

А11)
Натпреварите за Државното првенство и куповите се одржуваат во еден(1) ден, кој мора да биде сабота или недела или некој празник, но неработен ден.
Календарот на натпревари го прави *СКА*.

А12)
Натпреварите се исклучиво на вештачки карпи. Доколку вештачката карпа е на отворено, тогаш натпреварите на неа треба да се оджуваат во период од 01.06. до 30.09. од годината.

топ

КОНКУРС ЗА ОРГАНИЗАТОР

Б1)
*СКА* испраќа пријави на сите регистрирани клубови/друштва/отсеци. Во пријавите кандидатите за организатор треба да наведат:
- Име на организаторот, тел/факс, мобилен или меил контакт од организаторот;
- изјава за познавање на правилникот за организирање натпревар и во склад со него да го организира натпреварот.
- натпреварот, за млади, за средна и апсолутна категорија.
- во време, период од годината, со датум или најмалку месец.

Б2)
Од пријавите *СКА* одбира според досегашниот квалитет и искуство како организатор, кој ќе биде домаќин односно организатор за следната сезона.

Б3)
Резултатите од конкурсот за организатор на натпревари, *СКА* ги објавува најдоцна две седмици по завршување на конкурсот.

топ

ПРИЈАВИ ЗА КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРИ

Г1)
Календарот на натпревари го составува *СКА*, на предлог на организаторот и во писмен облик се испраќа до регистрираните клубови/друштва, две седмици пред одржување на секој натпревар. Овластениот преставник на организаторот на натпреварот, 3(три) седмици пред одржувањето е должен на *СКА* (ФПСМ *Спортско Качувачка Асоцијација*, ул.11 Октомври 42а, 100 Скопје, Пош.Фах 244, тел/факс. 02 3 165 540, е-маил. shara@mt.net.mk) по електронска пошта или по пошта да и достави потврда за организација, со основните податоци, како дата, старт, место.

Г2)
Натпреварот не смее да започне пред 10.00часот. Но, во исклучоци во договор со *СКА*, со предходна најава може пред 10.00 часот, но сепак не пред 09.00 часот.

Г3)
Ждребање на стартните броеви во квалификациите се одбира по случаен избор (со извлекување ливчиња). Стартните листи задолжително треба да бидат поставени во изолационата зона, најдоцна 45минути пред стартот на натпреварот.

Г4)
Редоследот на натпреварот по квалификациите ( финале, супер финале) е обратен во однос на првиот. На пример, со еднакви резултати, одлучува стартниот број.

Г5)
Изолационата зона треба да се отвори најдоцна 1 час пред стартот (1 час и половина за старите категории), се затвора 15 минути пред стартот. На натпреварот стартуваат натпреварувачите, нормално кои веќе се пријавени, но сепак кои навреме влегле во изолационата зона.

Г6)
Натпреварувачите кои се од клуб/друштво кое е организатор на натпреварот, плаќаат стартнина.

Г7)
На технички состанок, кој е 15мин пред започнување на натпреварот, задолжително е присуство на претседателот на судиското жири, организаторот и по можност докторот кој е обезбеден од *СКА* или од клубот/друштвото организатор.

топ

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВА НА НАТПРЕВАРУВАЧИ

Д1)
На натпреварите, едноставно се пријавуваат натпреварувачите, кои имаат подигнато лиценца за тековнота натпреварувачка сезона. Лиценците ги издава и ги води *СКА*. Право за подигање лиценца имаат натпреварувачите кои:
- се членови на ФПСМ(не важи за недржавјани на РМ);
- се членови на клубови/друштва/отсеци регистрирани во *СКА*(не важи за недржавјанин на РМ) ;
- платиле лиценца за натпреварувачката сезона,
- да се приправници спортски качувачи односно да поминале курс за спортски качувач во матичниот клуб ;
На натпреварите од *СКА* не може да се натпреварува вон конкуренција.

топ


НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРИЈАВА

Ѓ1)
Веродостојните податоци, наведени во пријавата, ги доставува одговорниот од матичниот клуб/друштво/отсек на натпреварувачот со потпис и печат од претседателот или одговорниот.

Ѓ2)
Пријавите мора да се достават најкасно 1(еден) ден пред стартот на натпреварот.

топ


НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Е1)
Покрај признанијата(медали, дипломи) кои и доделува *СКА*, признанија може да доделува и организаторот на првенствата. На куповите истите признанија ги доделува организаторот.

Е2)
*СКА* на првите 5(пет) натпреварувачи од секоја категорија им доделува дипломи, а на првите 3(три) признанија(медали, дипломи, скулптури, пехари)на кои се означени кое место освоил, дата, име на натпреварот.

Е3)
Наградите се доделуваат јавно по завршување на натпреварот, за државните победници, а странските државјани посебно место и плус награди вон конкуренција, како гости.

Е4)
Вредноста на првите три награди во машка и женска конкуренција приближно треба да се исти.

Е5)
Вредноста на наградите не мее да се разликува помеѓу прво, второ и трето место. Доколку има за прво, а нема второ и трето место, тогаш треба да се поделат процентуално.

топ


РАКОВОДСТВО НА НАТПРЕВАР

Ж1)
Го сочинуваат следните :
- претседател на судиско жири(национален судија),
- *СКА* (национален) судија,
- *СКА* судија поставувач на насока,
Долу одговорните лица ги обезбедува организаторот на натпреварот :
- Осигурувач/чи
- видео техника
- компјутерски оператор
- водител(микрофон)
- лице за изолациона зона
- лице за повикувачка зона
- доктор или медицинско лице,
Ж2)
Посебните квалификации на членовите на раководството се следни :
- Претседателот на судиското жири и *СКА* судијата : успешно завршен курс за Национални судии на натпревари во спортско качување и семинар за тековната година.
- Судија поставувач на насока : успешно завршен курс за национални судии поставувачи на насоки во спортско качување и семинар за тековната година,
- Осигурувач : спортски качувач (постар од 18 години) или регистриран алпинист, кој вешто ракува со средства за осигурување(динамичко осигурување),
- Лице за золациона зона : контрола на целосниот “промет“ на натпреварувачите. Ги контролира при влез во изолациона зона и ги впишува сите кои влегле во изолационата зона. По затворање на изолационата зона го известува и му го предава листот на претседателот на судиското жири.
Сите судии и членови на раководството ги одредува *СКА* во соработка со организаторот и се одредуваат во почеток на натпреварувачката сезона.

Ж3)
Сите преостанати членови ги одредува организаторот. Организаторот ги покрива сите трошоци за членовите на раководството на натпреварот. Организаторот го обезбедува техничкиот дел(озвучување, камера, компјутер итн).

Ж4)
Доколку се качува истовремено на две паралелни тежински насоки, пример машки и женски, на секој од насоките треба да има по еден судија, осигурувач, видео техника.

Ж5)
Организаторот има право да одбере кој ќе биде поставувач на насоките за машки, па женски итн.

Ж6)
Организаторот треба да внимава за бројот на пријавени натпреварувачи, како би подготвил и одредил замена за осигурувачот, доколку има голем број натпреварувачи.

Ж7)
Претседателот на судиското жири е одговорен за работата на целокупниот натпревар и за судиската екипа.

Ж8)
Претседателот на судиското жири е одговорен за работата на судиската екипа и на целата натпреварувачка област (качувачката карпа, изолационата зона, повикувачката зона, судиската маса). Се придржува за коректно спроведување на судиските правила пропишани во правилникот. Заедно со *СКА* судијата ги заверуваат резултатите од натпреварот со свој потпис. Ја контрилира огласната табла. Го составува записникот и го предава во архивата на *СКА*. Подготвен и достапен за сите натпреварувачи, впрочем работи во служба на натпреварувачите.
Ж9)
*СКА* судијата е должен да даде одговор на секоја примедба или жалба. Резултатите од натпреварот веднаш по завршувањето ги составува, потпишува и доставува на сите клубови/друштва/отсеци.

топ


НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПРАВИЛА

З1)
Просторот под вештачката карпа треба да биде одвоен и заграден од гледачите. Во тој простор се задржуваат и работат раководството на натпреварот(судии итн) и натпреварувачите при огледот и пред стартот.

3.2)
Раководството на натпреварот треба да се погрижи и да му обезбеди мир и релаксирано качување на натпреварувачот, пред и за време на качувањето(ред во салата, добра комуникација помеѓу судиите и натпреварувачот, пред да качува и кога качува на карпата итн).

З.3)
На пример ако дојде до комуникација или дофрлање од страна (публика, тренер итн) кон натпреварувачот, дофрлања кои ќе му помогнат во качувањето, судијата има право и должност да го прекине качувањето и да ја измери висината до која бил прекинат-стопиран да качува.

З.4)
Натпреварувачот успешно го завршил качувањето(ја комплетирал насоката) кога ќе ги вкопча сите комплети во насоката и сидриштето на крајот. Сидриштето треба да се вкопча на ист начин како што беа вкопчани сите комплети дотогаш.

З.5)
Кога натпреварот е со осигурување одозгора(кај цицибаните), натпреварувачот го завршил натпреварот кога ќе го фати последното (означено) фаќалиште.
Кога насоката има надвиси и плафони, се користат подолги комплети, а качувачот најдоцна треба да ги вкопча од фаќалиште кое е обележано. Тоа фаќалиште не треба со боја да биде означено. Всушност тоа фаќалиште е фаќалиште од кое натпреварувачот за последен пат може да го вкопча тој комплетот. Со поминување на него тој влегува во зоната на следниот комплет.
При натпревар со одозгора осигурување, јажето треба да поминува низ две матици-карабинери(дупло осигурување).
Карабинерите треба да се залепени со леплива трака, за да не дојде до нивно вртење.
Карабинерот од комплетот кој е вкопчан во клинот, треба да биде челичен “mailon rapid” 8 до 10мм, а другиот обичен со крива вратичка.

З.6)
По спуштањето од качувањето, качувачот треба веднаш да го одврзе чворот “8“ и да замине од зоната за качување и да се лоцира во зоната за после качување. Судиската екипа треба да го овозможи тоа, за да се изведе најбргу што може, за да не дојде во судир со следниот натпреварувач. Ова се применува и кога има технички инцидент, но натпреварувачот се враќа во изолациона зона за технички инцидент.

З.7)
Качувачката насока треба да биде:
- за старите категории; 2,5м-широка, 8м-висока, 13м-долга и 3м-превисна,
- за малите категории: 2,5м-широка, 7м-висока, 11м-долга и 2м-превисна
Кога организаторот има мали одстапувања од пропишаните норми за качувачката насока, тогаш треба однапред да ја извести *СКА*, како благовремено би се информирале преостанатите клубови/друштва.

З.8)
Кога е тесна насоката(кога има можност за допир на работ), тогаш треба да се обележи со јасна видлива леплива трака во боја.
Помеѓу фаќалиштата од една и друга насока, всушност помеѓу една и друга насока треба да има растојание од 0.5м широчина, без фаќалишта-некачувачки простор и со тоа се обележува:
- насока од насока,
- насока(фаќалишта) од главната ознака,
- дел од карпата или фаќалиште кое не смее да се допре и користи ќе се обележи со црвена леплива трака,
- дел од карпата или фаќалиште кое не смее да се користи, а може да се допре ќе обележи со друга боја трака по можност црвена.

З.9)
Судијата поставувач на насоката ја креира скицата на насоката и ја потпишува.
*СКА* судијата со асистентите ја контролираат скицата на насоката за време на качувањето. По ова се прави проверка на цела судиска маса(видео, компјутер итн).

З.10)
Натпреварувачките насоки треба да бидат безбедни така што ќе овозможат сигурност на качувачот-натпреварувач. Не треба да се дозволи качувачот да падне до тлото пред првото вкопчување(полесен влез особено кај малите категории). За ова одлучува главниот судија.

3.11)
Претседателот на судиското жири во соработка со судијата поставувач на насоката, го одредуваат времето за качување. За тоа ги известува натпреварувачите пред огледот на насоката.
Времето за качување се мери оној момент кога натпеварувачот ќе влезе во зоната-просторот за качување пред вештачаката карпа. Натпреварувачот мора да започне со качување во рок од 40секунди од моментот на стапнување во просторот за качување.На 10 секунди пред истекот на времето на тие 40 секунди треба да го извести натпреварувачот. Доколку не се придржува натпреварувачот кон ова добива жолт картон.
При качување со осигурување одозгора главниот судија дава одобрение за наврзување под вештачката карпа. Во тој случај времето започнува да се мери на знак на судијата и ота оној момент кога качувачот ќе се наврзе.

3.12)
*СКА* судијата го информира натпреварувачот за истекот на времето (јасно и гласно) :
- “една минута“,
- “десет секунди“,
- “СТОП“.
*СКА* судијата е должен да го информира натпреварувачот за преостанатото време на барање од натпреварувачот.

3.13)
Оглед на насоката трае 6 минути и треба да заврши најдоцна 5 минути пред стартот на натпреварот.
Просторот за оглед треба да биде ограде (дел од просторот пред вештачаката карпа).
Огледот е дозволен само во тој простор. Комуникацијата со гледачите не е дозволена.
Забрането е користење средства за придобивање висина(подигнување, стоп, скали).
За коректноста на огледот се грижи раводството на натпреварот.

При огледот во малите категории, кога качувањето е со осигурување одозгора, во придружба со натпреварувачите можат на оглед да излезат и тренерите.
Оглед на насоките за натпреварувачите не e задолжителен.

З.14)
По завршување на огледот, забрането е било каква промена во насоката или нејзина корекција(менување комплети, фаќалишта, итн).

З.15)
По огледот, натпреварувачите заминуваат во изолациона зона, само првите два натпреварувачи остануваат во повикувачката зона, до почетокот на нивниот старт (доколку огледот е непосредно пред стартот). Од изоционата зона до повикувачката зона не смее да се гледа вештачката карпа.

З.16)
Во изолационата зона секој натпреварувач може да има по еден помошник и придружник(зависно од можностите). Истиот придружник по затворање на изолационата зона, не смее да излезе или пак да влезе во неа.

З.17)
Во изолационата зона мора да постојат следните услови:
а) качувачка карпа: минимум 3,125м2 качувачка површина
б) вратило (необавезно)
в) пијалок(вода, топли и ладни напитоци . . . )
г) WC(ако не во внатре, во близина, но да нема допир со натпреварот)

З.18)
Кога натпреварувачот оди на старт, следниот веќе е во повикувачката зона. Тука се подготвува(облекува патики, појас и го наврзува јажето) за качување. На знак на судијата треба да е подготвен за старт.

З.19)
Секој натпреварувач самиот си ја одбира и си ја користи(појас, патики)својата опрема. Опремата треба да биде во склад со UIAA нормите односно да го носи тој заштитен знак. Доволен е само долен појас, патики, и вреќичка за магнезиум. На облеката впрочем на панталоните може да се постави лого од својот спонзор, маицата е впрочем дрес со која го преставува својот клуб/друштво/отсек. Сите натпреварувачи од еден клуб/друштво треба да носат иста боја маици. Позадината на маицата со димензии 18х24 простор треба да биде слободен и тоа 5см од работ на рамето па надолу. Тој простор е резервиран за налепница-број.

З.20)
Натпреварувачите качуваат насока со единечно јаже. Доколку се користат две јажиња за две стази, тие треба да бидат со иста дебелина и иста должина. Нив ги обезбедува организаторот.

З.21)
При качување со осигурување одозгора, натпреварувачите се наврзуваат со две матици карабинери, а чворот односно крајот од сигурносниот чвор треба да биде обвиен со леплива трака.

З.22)
Честота на чистење на фаќалиштата ја одредеува *СКА* судијата поставувач на насоката и претседателот на судиското жири во согласност.

З.23)
Качувачот качува нагоре и при качувањето не смее повторно да го допре тлото.

З.24)
Осигурувачот осигурува подготвен, со лабаво јаже(да постои мев). Секое затегање на осигурувачот и не адекватно осигурување се смета за технички инцидент. Сите осигурувачи треба да се обучени за динамичко осигурување.

З.25)
При качување натпреварувачот задолжително ги вкопчува сите комплети по поставениот редослед(прв, втор, трет . . . комплет). Комплетите треба да се наместени така да не му пречат на натпреварувачот во насоката при качувањето. Качувачот треба да го вкопча јажето пред да помине со целото тело покрај комплетот. Во плафон(кој е поголем 135степени) каде се качува обратно хоризонтално, качувачот треба да го вкопча комплетот максимум до моментот до кога се приближил до наредниот комплет, значи само во овој случај има право да го помине комплетот со телото. Ова веќе е стандарт и се мери на следниот начин. Последното фаќалиште од кое качувачот може да го вкопча комплетот е границата на вкопчување. Тоа е некое фаќалиште кое во случај да го помине ќе треба да се врати на него со едната рака, а со другата рака да вкопча комплетот.

З.26)
Натпреварувачите при качување во напредување користат: фаќалишта, самата вештачка карпа и дозволени рабови. Сите места и фаќалишта кои не смеат да се користат и допрат се обележуваат со црвена леплива трака. Сите места и фаќалишта кои не смеат да се користат, а смеат да се допрат се обележуваат со друга боја трака, по можност со црна леплива трака.

З.27)
Секое фаќалиште има висина која треба да биде означена на скица и тоа пред почетокот на натпреварот. Рабовите и испакнатините кои се во план да се користат при качувањето, истотака се обележуваат како висина, на скицата. Скицата ја скицира судијата поставувач на насоката, а ја проверува претседателот на судиското жири.

З.28)
Највисоката точка во насоката во случај на траверза-пречење се црта во линија како би се доловила нејзината висина.

З.29)
Највисоката точка во качувањето се пресметува:
а) кога качувачот го држи и (задржи) фаќалиштето(А), се смета таа висина;
б) кога качувачот го држи и (задржи) фаќалиштето (А) и прави корисен згиб во напредување, но не му успева да го достигне следното фаќалиште (Б), се пресметува висина (А+);
в) кога качувачот го држи и (задржи и) фаќалиштето (А) и го допира фаќалиштето (Б), се пресметува висина (Б-)
(А< А+<Б-)
Одлуката, дали натпреварувачот го задржал фаќалиштето или само го допрел, или пак напредувањето било корисен згиб, е право на *СКА* судијата да одлучи. Доколку не се сложува Претседателот на судиското жири се свикува жири од Претседателот на судиското жири, *СКА* судијата и судијата поставувач на насоката. Сите треба треба да се сложат со ДА за да се усвои промена.

З.30)
Резултатот кој бил достигнат треба да биде јавно објавен (по микрофон или огласна табла). Покрај резултатот во записникот се запишува и дополнителниот префикс(+,-) доколку го има.

З.31)
За натпреварувачите се мери достигна висина во насоката :
- при пад;
- прекорачување на дозволеното време;
- невкопчан комплет;
- употреба на технички помагала при качувањето;
- повторно стапнување на тлото;
- информиции добиени за време на качувањето;

• За докажување на сите овие ставки постои видео запис;

З.32)
Во случај кога во финалето два или повеќе натпреварувачи имаат исти резултат, одлучува резултатот од претходниот круг на натпреварот. Доколку и таму имаат исти резултати тогаш делат место.
Кога во финалето има 5 натпреварувачи кои се со исти резултати во сите кругови, тогаш има суперфинале, и доколку и таму се со исти резултат тогаш делат место.

З.33)
Во случај на технички инцидент (вртење и кршење на фаќалиште, извртен карабинер или комплет, . . .) натпреварувачот:
А - го продолжува качувањето,
Б - бара повторно качување.

Доколку продолжи, го губи правото на тој технички инцидент.
Доколку се одлучи да качува повторно, барањето го доставува до *СКА* судијата, а тој ќе дозволи или пак не.

Доколку му се дозволи повторно качување, натпреварувачот треба да стартува по еден до максимум пет натпреварувачи. Доколку нема пет натпреварувачи по него, тогаш ќе стартува по половина од тие што преостанале и има право на половина од дозволеното време за качување.

До неговото повторно стартување, натпреварувачот престојува во зоната за технички инцидент, која е помеѓу изолационата и повикувачката зона, а од каде не смее да се гледа вештачката карпа и да се влегува во изолациона зона.

Во случај на повторно качување за натпреварувачот се зема подобриот резултат од двете качувања.

З.34)
Во случај на кршење фаќалиште, поставувачот на насоката треба да постави исто или слично тежински фаќалиште. Доколку тоа е невозможно се повторува натпреварот и доколку и тоа е невозможно се прекинува натпреварот.

З.35)
Претседателот на судиското жири има право да го прекине натпреварот, доколку се случат непријатни надворешни влијанија(дожд, ветер, сонце во очи итн).

З.36)
Рокот за доставување примедби и жалби започнува и трае 5 мин по објавување на неуредните резултати. Примедбите и жалбите за првите три места се усни и како такви се прифаќаат. За другите места се доставува во писмена форма и му се доставуваат на Претседателот на судиското жири. Одлуката на Претседателот на судиското жири е неприкосновено крајна и се добива во писмена форма. Натпреварувачот лично ја подигнува одлуката.

Од примедба-жалба се плаќа по 200 ДЕН такса, на Претседателот на судиското жири. На натпреварувачот му се издава каса прими од *СКА*. Доколку се усвои примедбата и жалбата во корист на натпреварувачот му се враќаат парите, со каса издаде од *СКА*.

Во случај натпреварувачот или неговиот преставник(тренер, водич, итн) не е задоволен од одбиената примедба-жалба, многу едноставно во рок од 3 дена по завршување на натпреварот поднесува примедба-жалба до *СКА*. Натпреварувачот мора да ја најави примедбата-жалбата до Претседателот на судиското жири истиот ден кога е и натпреварот и да плати такса од 500 ДЕН. Во тој случај организаторот е должен да му го достави видео записот од натпреварот каде е и спорниот момент. Касетата се враќа во *СКА* по нејзиното разгледување.

Судиското жири доставува писмено мислење за целиот случај до натпреварувачот и до *СКА*.

Претседателот на судиското жири не е должен на натпреварувачот преку видеозаписот да му ја докажува својата одлука. Видео записот се разгледува во кругот на судиското жири на самиот натпревар.

З.37)
Примедбите за организацијата и организаторот, натпреварувачот ги доставува до *СКА* во писмена форма.

З.38)
1,30мин (час и половина) по завршување на натпреварот (кога трае доделувањето на наградите) е забрането качување на вештачката карпа.

топ


БОДУВАЊЕ

И1)
Натпреварите за државното првенство се бодуваат по системот од Светскиот Куп, така што достигнатите места се бодуваат по следниот редослед:

1. 100 точки
11. 31 точка 21. 10 точки
2. 80
12. 28 22. 9
3. 65
13. 26 23. 8
4. 55
14. 24 24. 7
5. 51
15. 22 25. 6
6. 47
16. 20 26. 5
7. 43
17. 18 27. 4
8. 40
18. 16 28. 3
9. 37
19. 14 29. 2
10. 34
20. 12 30. 1

Во случај на исто место (делат место), натпреварувачите кои го делат местото подеднакво добиваат исти точки.
(пример: два или повеќе натпреварувачи се 2 место-сите добиваат 80 точки)

И2)
Во колку имало одржано на крајот од државното
првенство се прогласува

7 натпревари
6“
5“
4“

5 те најдобри на листата
4“
3“
3“

Доколку биле одржани помалку од 4 натпревари нема да се прогласи и подели насловот државен првак.

И3)
Во колку натпреварувачите од првите три места од државното првенство имаат ист број точки, тогаш се оди по следниот редослед:
1) натпреварувачот кој има повеќе први места во таа година е прв,
2) ако и бројот на првите места е еднаков, се гледа бројот на втори места,
3) ако и бројот на втори места е еднаков, се гледа бројот на трети места, итн.

Доколку и по ова има поделено прво место, следи суперфинале на последниот натпревар. Ако и по ова не се одреди прво место, тогаш го делат првото место на Држаното првенство. За второто и другите место не важи ова правило.

топ


НАСОКИ

Ј1)
Во случај да има пријавено повеќе од 35 натпреварувачи во квалификации, организаторот е должен да постави две паралелни еднакви по тежина насоки, на кои ќе се подели бројот на натпреварувачите.

Ј2)
Во качувачките насоки, кој натпреварувач во која насока ќе стартува се избира по пат на ждребка.

Ј3)
Ждребката се одвива така што во двете насоки е еднаков бројот на натпреварувачите

Ј4)
Прераспределбата на натпреварувачите во едната и другата насока се одвива по пат на клуч од 10 најдобри пласирани во купот. Тоа се одвива: 1., 4., 5., 8 и 9 во една група за една насока и 2., 3. 6. ,7 и 10 во другата група за другата насока.

Ј5)
Која група во која насока ќе качува се избира по пат на ждребка.

топ


НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРИЈАВА

Ѓ1)
Веродостојните податоци, наведени во пријавата, ги доставува одговорниот од матичниот клуб/друштво/отсек на натпреварувачот со потпис и печат од претседателот или одговорниот.

Ѓ2)
Пријавите мора да се достават најкасно 1(еден) ден пред стартот на натпреварот.

топ


ПРИВИЛЕГИИ НА НАЈДОБРИТЕ ДЕСЕТ

К1)
Најдобрите десет во апсолутна машка и женска категорија во државното првенство настапуваат во квалификации пред сите преостанати.

К2)
На првиот натпревар во почетокот на една натпреварувачка сезона, првите десет се од минатата година. По ова, на другите натпревари се зема листата од првиот натпревар.

К3)
Својата желба да не настапат во првите десет, треба да ја напишат на пријава за натпревар.

топ


ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

Л1)
Записникот е сооставен од следните делови:
- сите резултати од натпреварот(квалификации, финале, суперфинале),
- во случај на технички инцидент, се дополнува со видео касета од моментот на техничкиот инцидент,
- список на сите прекршители на овој правилник,
- краток опис на натпреварот(организација, публика бројност, присутност на медиа итн),
- оценка за раководството на натпреварот, оцена (пофалби или жалби) за судиите и поставувачот на насоката,

Л2)
Веродостојноста на секој дел од записникот со свој потпис го потврдува Претседателот на судиското жири

Л3)
Записникот го доставува или испраќа Претседателот на судиското жири до *СКА*(ФПСМ, Ул.11 Октомври 42а, Скопје) најкасно 3 дена од завршување на натпреварот. За делот како доказен матерјал видео касета, се користи правилото од член З.36.

Л4)
Листата на резултатите од натпреварот треба да биде составена со:
- назив, место и дата на одржување
- ознаката на насоката: машка/женска, квалификации/финале/суперфинале, лева/десна(во случај на две исти насоки во една иста категорија), старосна категорија, поставувач на насоките,
- за секој натпреварувач посебна графа:
o достигнато место,
o име и презиме,
o член во клуб/друштво,
o дистигната висина,
o ознака за висина и префикс(+). . .
o име и потпис на судијата и главниот судија;

топ


ЗАРШНИ ОДРЕДБИ

М1)
Сите одредби за организација на натревар се наоѓаат во делот на Судискиот правилник и правилникот за поставувач на насоки.

М2)
Правилникот е усвоен на состанокот на судиската комисија при *СКА* на ден 17.04.2005, и како таков веднаш стапува на сила

топ

   

 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved