 |
Член 1
Со овој правилник се регулираат прашањата за водење и организирање на
спортските качувачи и на судискиот кадар во областа на спортското качување.
Овој правилник се однесува за сите организациии кои се членови на ФПСМ, а себават со спортско качување (клубови, друштва итн).
Член 2
Називот на активните членови во областа на спортското качување се:
1. Курсист спортски качувач : е секој оној, кој е член на качувачки клуб/друштво и се пријавил за курс во спортско качување. Курсистот се обучува во вежбални, на ниски карпи и со потребната сигурносна опрема.
2. Приправник спортски качувач : е секој, кој успешно го положил испитот за приправник(курс за спортско качување). Кога приправникот ќе наполни 18 години, има право сомостојно да качува и да осигурува на сите оклинчени насоки со сидришта(на крајот од насоката), долги до 50метри. До 18 години само под надзор на претпоставен. Статус приправник во спортско качување може да му се даде на алпинист и на алпинист приправник. Приправникот има право да продолжи со курсевите за другите називи.
3. Спортски качувач : станува приправник кој има наполнето 16 години и успешно го поминал испитот за спортски качувач. Спортскиот качувач кој наполнил 18 години, е способен да качува и води насоки од една должина на јаже, па до повеќе должини на едно јаже(алпинистички насоки, ориентација, пристап, бивак). Обучен да асистира при горе наведените курсеви. Називот приправник спортски качувач и спортски качувач го доделува клубот/друштвото, во кој припаѓа кандидатот. Самиот клуб/друштво доделува Диплома за завршен курс.
Член 3
Право на организирање курсеви за приправник и спортски качувач имаат сите клубови/друштва кои имаат свој обучен кадар во областа на спортското качување. Водач на испитите треба да биде инструктор спортски качувач, на кој му асистираат спортски качувачи. Времетраење на курсот за приправник и спортски качувач треба да биде минимум 5 (пет) максимум 8(осум) викенда. За да биде успешно поминат испитот за приправник, курсистите треба да го докажат своето практично и теоретско знаење во следните области:
- лична опрема
- јазли и наврзување
- основна техника на качување и падови
- осигурување (на друг кој води)
- спуштање со јаже (абзаил, и спуштање на друг оддозгора)
- основни правила (начин) на качувањето;
За успешно поминат испит за спортски качувач, курсистите треба да го докажат своето практично и теоретско знаење како и за приправник и во следните области:
- специјална техника и тактика
- етички кодекс на спортските качувачи
- натпревари
- основи на качување во долги спортско качувачки насоки
- тренинг на спортски качувач (загревање, истегнување, качување)
- типични повреди(превентива, прва помош, лечење)
- придобивките од спортското качување;
За пристап кон испитот за спортски качувач, кандидатот треба да има искачено 15 спортско качувачки насоки како прв.
Член 4
Назив на едукативниот кадар во областа на спортското качување е:
1. Инструктор спортски качувач : и ќе се здобие со називот секој спортски
качувач, кој има наполнето 18 години и успешно го поминал испитот за
инструктор. На испитот можат да се пријават спортски качувачи кои имаат
веќе две години спортско качувачко искуство и кои учествувале на еден
досега курс за спортски качувач. Инструкторот е обучен за организација и
водење курсеви во спортско качување.
2. Тренер спортски качувач: е секој инструктор спортски качувач, кој успешно го поминал курсот за тренери. Право на учество на курс за тренери има секој инструктор спортски качувач, кој организирал 1(еден) почетен и 1(еден) напреден курс во спортско качување. Тренерот е обучен за осмислување, организирање и водење тренинг на спортски качувач.
3. Тренер I(прва) класа спортски качувач: е секој тренер спортски качувач, кој успешно го поминал курсот за тренер I класа. Право на учество на курсот имат сите тренери спортски качувачи со веќе две години активен тренерски стаж. Изборот на кадар во комисијата за курсот и самиот курс го организира *СКА* при ФПСМ, која ги поставува условите и испитните прашања. Називот тренер му се признава и на инструктор спортски качувач кој завршил степен (виша тренерска) на ФФК. Назив тренер I(прва) класа му се признава на спортски качувач кој дипломирал на ФФК и има 300 часа како спортски качувач. За стекнатиот назив носителот добива соодветна Диплома од *СКА*.
Член 5
Називот на судиите во областа на спортското качување се:
1. Судија спортски качувач – приправник: и е секој оној кој го положил курсот за судија на натпревар во спортско качување.
2. Судија спортски качува: е судија приправник кој добил позитивна оцена од *СКА* за судењата на три натпревари (тежинско, брзинско и болдер).
Организирањето на судиите, оценката за нивната работа и издавањето лиценци, го води и извршува *СКА* при ФПСМ.
|