насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Правилници
Правилник на СКА
Правилник за судии
UIAA Правилник за организација на натпревар
Организација на државно првенство
Норми за јуниор репрезентативци
Правила за Болдер натпревари
Правилник за МКД репрезентација
Правилник за стандарди за стекнување на називи
Правилник за стекнување називи во областа на
спортското качување
Правилник за рангирање на спортски качувач
Испит за спортски качувач
Правилник за уредување на МКД качувачки локалитети

 

 
Правилници

ПРАВИЛНИК
за називи во областа на спортското качување

СПОРТСКИ КАЧУВАЧ:

- историја на спортското качување;
- основни чворови (осмица, полулагерски, лагерски, прусиков);
- опрема која се користи (карактеристики, издржливост, стандарди);
- качување како прв во насока со тежина VI+ или 6а+;
- сигурносни клинови (карактеристика и нивна примена);
- прва помош;
- падови;
- курсот трае од 5 до 8 викенди, со задолжителна посетеност на два Македонски качувачки локалитети;

СПОРТСКИ КАЧУВАЧ - ИНСТРУКТОР:

* истите поими како за спортски качувач, и

- водење (Flash) насока со тежина VIII или 7а;
- отворање најмалку 3 спортско качувачки насоки (поставување клинови, чистење, нејзино оценување);
- техника на качување;
- извлекување од карпа;
- тренинг систем-програма за почетник;
- посета на семинар за спортски качувач-инструктор;

СПОРТСКИ КАЧУВАЧ - ТРЕНЕР:

* истите поими како за спортски качувач инструктор, и

- учество на натпревари;
- познавање техника на спортското качување и систем на тренинг за врвни
спортисти;
- владеење на правилата за организација на натпревари и организирање на
натпревари (најмалку еден) во спортското качување;

СПОРТСКИ КАЧУВАЧ - ТРЕНЕР I КЛАСА:

* истите поими како за спортски качувач тренер, и

- активно организирање и дејствување на полето на спортското качување повеќе од 10 години; Овие стандарди се во согласност со UIAA стандардите. Стандардите се оние кои ги водат и подучуваат останатите во качувањето на природни и вештачки карпи, како единка или група. Овие лиценци се валидни само за карпи кои не преставуваат никакви планински
висински проблеми, како во пристапот до карпата за качување, така и за симнувањето од неа како една целина.

Напомена: За звањето инструктор е задолжителна негова проверка со посета на семинар на секои 3(три) години. Доколку се загуби титулата инструктор последователно се губи и правото да работи како инструктор, а титулата си останува. Секој кандидат по завршување на курсот за спортски качувач стекнува диплома која му ја доделува матичниот клуб/друштво, а ја верификува во Асоцијацијата. Дипломата за спортски качувач Инструктор, Тренер и Тренер I класа ја доделува Асоцијацијата.

Член 1


Секој клубот/друштвото самостојно организира курсеви за спортски качувач во согласност со стандардите.

Член 2

Клубот/Друштвото од Асоцијација подигнува формулар за курс за спортски качувач кој го пополнува инструкторот и и го доставува до Асоцијацијата.

Член 3

Клубот/Друштвото му доделува диплома на кандидатот кој го положил курсот и се здобил со назив спортски качувач.

Член 4

Дипломата за спортски качувач ја иновира и изготвува саомостојно секој клуб/друштво.

Член 5

Асоцијацијата ги заверува сите положени курсисти со стекнат назив спортски качувач.

Член 6


Полагањето во секој клуб/друштво го врши комисија составена од инструктори.

Член 7

Инструкторите кои го изведуваат курсот ја имаат стекнато титулата на Државно ниво односно називот им го доделила Спортско Качувачката Асоцијација при ФПСМ.

Член 8


Семинарите и Курсевите за инструктори и тренери ги организира Комисија за полагање при СКА.

Член 9

Комисијата за полагање при СКА е составена од 3(три) инструктори.

Член 10

Мандатот на Комисија за полагање е 365 дена односно 1(една) година.

Член 11

Комисијата за полагање ја составува Претседателството на СКА

Член 12

Кандидатите кои го положиле курсот за инструктор, тренер или тренер I класа добиваат диплома од Спортско Качувачката Асоцијација при ФПСМ.

Член 13

Сите Државни спортско качувачки инструктори задолжително посетуваат семинар на секои три години, каде се проверува нивната стручна и физичка спрема.

Член 14

Староста на кандидатите за стекнување назив спортски качувач не ограничена. Додека пак старосната граница на кандидатите за стекнување назив спортски качувач-инструктор мора да биде со полни18 години, па нагоре.

Член 15

Сите стекнати називи уредно се чуваат во архивата на СКА при ФПСМ и воедно се доставуваат до Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија

19.06. 2003, Скопје

топ

 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved