|
1 АПЛИКАЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОДОБРЕН IFSC НАТПРЕВАР
Федерацијата членка мора да достави апликација до IFSC, во писмена форма не покасно од 30 Септември (или 9 календарски месеци - или ко ј и е најпогоден временски период) пред предлог датата за одржување на натпревар. Добиеното привремено одобрение од страна на IFSC, официјалната IFSC апликација мора да биде комплетирана и вратена, комплетно со бараните финансиски гаранции, не покасно од 31 Декември (или цели 6 календарски месеци - или најпогоден период) пред предлог датата за одржување на натпревар.
Пред да се даде IFSC одобрението, предлог местото на натпреварот и неговите здружени средства може да бидат предмет на инспекција од делегат на IFSC или на Интернационален „forerunner“(местач на насока). Трошоците за пат, сместување и одобрениот хонорар за инспекција треба да ги плати земјата која аплицира за одржување на натпреварот.
2 НАТПРЕВАРУВАЧКИ СРЕДСТВА
2.1 Федерацијата членка треба да ги обезбеди минимум следните средства во согласност со правилата кои се однесуваат за овие средства:
а) Канцеларија на Организаторот: Вклучувајќи го и официјалниот Раководител на натпреварот и одборот одговорен за работата на сите аспекти на организацијата на одобрениот натпревар и сместувањето на IFSC и членовите на тимовите од федерациите;
б) Регистрирање на средствата за натпреварот за официјалните претставници на IFSC, натпреварувачите, водствата на тимовите, пратставниците на организаторот и останатите луѓе; на пример “VIP“, медиумите, печатот и сл;
в) Изолациона зона и одредени средства во согласност со правилата;
г) Регистрирање на изолационата зона - вклучувајќи го и обезбедувањето на изолационата зона и континуирано обезбедување со почит на сите особи кои влегуваат или ја напуштаат изолационата зона;
д) Изолационата зона, карпата за загревање, проба и останатите помошни средства во согласност со правилата;
ѓ) Транзитната зона блиска до качувачкиот ѕид;
е) Одделена изолациона зона блиска до натпреварувачката карпа за употреба при технички инцидент. Да се превземат мерки кои ќе обезбедат правилата за изолација да бидат запазени помеѓу натпреварувачите, кога двајца и повеќе се во посебна изолациона зона истовремено;
ж) Натпреварувачката зона пред натпреварувачката карпа да е со ограничен пристап за IFSC претставниците. Претставниците на организаторот, натпреварувачите кои земаат учество во официјалниот период на разгледување на стазата или во процесот на нивниот пристап кон натпреварувачката насока, авторизираниот персонал од медиумите и други посетители со специјално овластување од Претседателот на жирито;
з) Мерење на висината и сервис за резултатите,
ѕ) Медицински персонал и соба за давање медицинска помош;
и) Приватна IFSC канцеларија комплетирана со видео комуникација;
ј) Прес соба;
3 ОРГАНИЗАЦИСКИ ПЕРСОНАЛ
3.1 Федерацијата членка /организатор треба да го обезбеди следниот персонал:
а) Директор на организациониот натпреварувачки тим;
б) Асистенти кој ќе се грижат за следните активности:
I) Сите преднатпреварувачки активни тела /администрациони и супервизорски врски со оние за мерки и конструкција на натпреварувачката карпа, со помошните средства;
II) Да ги пречекаат и регистрираат IFSC преставниците , натпреварувачите, членовите на тимот, итн;
III) Да го регистрираат и контролираат влезот и излезот на авторизираните личности во изолационата зона;
IV) Да ја обезбедат безбедноста во изолационата и натпреварувачка зона;
V) Да ги придружуваат и да им помагаат на натпреварувачите при напуштање на изолационата зона до транзит зоната и натпреварувачката карпа;
VI) Да организираат отворање и затворање на натпреварот;
б) Судиите за насоката (во согласност со IFSC правилата) да асистираат на поединечните судии по категории (вклучувајќи обврски околу тајмингот на насоката);
г) Тим за осигурување и чистење на ѕидот;
д) Тим за определување на насоката и одржување на ѕидот;
ѓ) Тим за пратење и снимање на натпреварувачите;
е) Тим за мерење на висината и забележување на резултатите;
ж) Медиа и прес сервис;
з) Медицинска екипа;
4 НАТПРЕВАРУВАЧКА ВЕШТАЧКА КАРПА И ПОСТАВУВАЊЕ ФАЌАЛИШТА
4.1 Натпреварувачка вештачка карпа
Натпреварувачката карпа треба да биде конструирана во согласност со IFSC правилата што се однесуваат за натпреварувачки вештачки карпи.
4.2 Федерацијата членка /организатор треба да ги назначи главниот поставувач на натпреварувачката насока и тимот за поставување на стазата, со цел да бидат одобрени од IFSC . Обврските на главниот поставувач вклучуваат:
а) Поставување насоки за секоја етапа од натпреварот, поставување фаќалишта, клинови и опрема за секоја насока во согласност со IFSC правилата, проверка дали насоките одговараат на соодветниот технички стандард и на IFSC правилата за безбедност;
б) Соработка со асистентите поставувачи на насоките, одговорноста да осигуруваат и дека потребните технички и натпреварувачки безбедносни мерки се запазени во текот на конструкцијата на карпата и во текот на натпреварот;
в) Поправка и чистење на насоките според инструкции од судиите по категории;
г) Дизајнирање, инсталирање и обезбедување средства за загревање;
д) Советување на тимот за мерење и на судиите по категории во определување на врвот од секоја насока;
ѓ) Советување со судијата по категории за поставување видео камери на секоја насока.
е) Советување со претседателот на жирито и судиите по категории за максималното време дозволено за натпреварувачите да се појават на насоката.
Со дозвола на IFSC, улогите на главниот поставувач на насоката и интернационалниот предкачувач може да бидат комбинирани.
5 БЕЗБЕДНОСТ
5.1. Федерацијата членка /организатор е одговорна да ги обезбеди сите безбедносни мерки во изолационата /транзит/ зона, натпреварувачката област, салата за натпреварување и за активностите поврзани со текот на натпреварот.
5.2. Претседателот на жирито, во консултација со интернационалниот предкачувач имаат одговорност и авторитет, во поглед на прашањата за безбедност, да дадат дозвола за почеток или продолжување на натпреварот. Сите лица за кои што се смета дека ги прекршиле или не се придржуваат кон мерките за безбедност ќе бидат ослободени од нивните должности или отстранети од изолационата и натпреварувачка зона.
5.3. Секоја мерка се превзема за да обезбеди, запази сигурноста. Секоја насока треба да биде дизајнирана така за да се избегне можноста при падот на натпреварувачот да дојде до:
а) Повреда на натпреварувачот,
б) Повреда на набљудувачот или на друг натпреварувач.
5.4 Претседателот на жирито, судијата по категории и интернационалниот предкачувач треба да ги проверат насоките пред почетокот на натпреварот со цел да се осигураат дека се запазени сите безбедносни стандарди. Поради ова тие се должни:
а) да обезбедат целосна безбедносна опрема и мерки кои одговараат на UIAA стандардите и IFSC правилата;
б) да се сигурни во компетентноста на секој оној кој што ќе осигурува. Судијата по категории има авторитет да бара замена на секој што осигурува (до колку е неопходно и да го запре натпреварот) и да прогласи технички инцидент.
в) Во интерес на сигурноста и во консултации со интернационалниот предкачувач, со одобрение на претседателот на жирито, судијата по категории ќе одлучи дали ќе биде вкопчан првиот комплет. Доколку е можно насоката треба да биде таква, каде што горенаведените мерки се неопходни.
5.5 Пред стартот на секоја етапа од натпреварот судијата по категории треба да обезбеди квалификуван медицински персонал кој ќе биде во можност да пружи итна медицинска помош во случај на несреќа или повреда на натпреварувач или работник во натпреварувачката /изолациона/ зона.
5.6 Целата опрема употребена во натпреварот треба да одговара на UIAA стандардите доколку не е определена поинаку од IFSC или во посебни случаи од претседателот на жирито преку авторитетот што му е даден од IFSC . Овие се генералните барања:
Натпреварувачите треба да употребуваат единечно јаже со UIAA тест, обезбедено од организаторите. Фрекфенцијата со која ќе се менува јажето ќе биде одлучено од судијата по категории. Во спечифични услови IFSC делегатите под инструкција на IFSC можат да донесат со нив техничка опрема, обезбедувајќи го организаторот со опрема која не е на располагање во нивната земја. IFSC ќе ги наплати трошоците за опремата од организаторот на натпреварот.
5.7 Опремување на насоките: следните мерки треба да бидата запазени:
а) Јажиња и гуртни. Секоја заштитна точка која ќе биде употребена во текот на натпреварот, треба да биде обезбедена со брза гуртна со кои натпреварувачот ќе го поврзе јажето. Врската помеѓу гуртната (без посреден карабинер) и клинот треба да бидат одобрени од UIAA-IFSC , јаже 10мм М ailon rapide.
Забелешка: Крајот на јажето или гуртната треба да биде врзан/шиен и стегнат во согласност со спецификацијата од производителот.
б) Кога се бара определено продолжување од нормалните брзи гуртни, продолжна (машински плетено) трака со истата должина треба да биде употребена на местото на нормална кратка гуртна. Леплива лента може да се користи за да ги држи петлите од јажето заедно; под никакви околности таквите јажиња не смеат да се скратат или да се прилагодат со чворови. Под никакви околности ланецот со нормална должина од гуртни (меѓусебно поврзани или со mailon rapid или крабинери) не смеат да се употребат. Зачворена гуртна, јаже или трака не смеат да се дозволат.
5.8. ОСИГУРУВАЊЕ: На почетокот од секое појавување на насоката:
а) Секој натпреварувач треба да биде опремен во согласност со IFSC правилата кои се однесуваат за опрема;
б) Јажето за качување треба да биде врзано за натпреварувачот на неговите каиши употребувајќи чвор ’8’ кој на крајот е осигурен со сигурносен чвор;
в) Пред натпреварувачот да започне со качување, осигурувачот треба да провери (пожелно во транзит зоната) дали јажето е наврзано на појасот на натпреварувачот во согласност со 5.8(а) и 5.8(б) и дали каишите од појасот се правилно стегнати;
г) Пред да се појави натпреварувачот до почетокот на натпреварувачката стаза, лицето што осигурува треба да е сигурен дека јажето е намотано и поминато низ рака согласно со потребите за брза употреба;
д) Повисок ранг на натпревари. Секој судија по категории треба, во консултација со Интернационалниот/републички местач на насоки, да одлучи дали лицето што осигурува треба да има асистент на почетокот на насоката, за да се обезбеди додатна сигурност (пр. на ’место’) за натпреварувачот во долниот дел на насоката;
ѓ) Натпревари во брзинско качување: судијата по категории треба во консултации со Интернационалниот/републичкиот местач на насоки, да одлучи дали лицето што осигурува ќе треба да има асистент во почетокот на насоката за да се обезбеди додатна сигурност во превземање на натпреварувач преку врвот.
5.9. Лицето што осигурува треба постојано, за време на натпреварот и со појавувањето на натпреварувачите на насоките внимателно да го следи прогресот на натпреварувачот, за да обезбеди:
а) Движењата при качувањето на натпреварувачот да не се отежнати или јажето да не е премногу затегнато;
б) Кога натпреварувачот планира да го вкопча јажето во некој комплет да не биде спречен да го направи тоа или доколку не успеал да го вкопча јажето за некој комплет, лабавиот дел од јажето веднаш се затегнува.
в) Сите падови да се спречени на безбеден и динамичен начин
г) Да се превземат сите мерки кои при евентуален пад на натпреварувачот ќе му обезбедат безбедност односно тој нема да биде изложен на повреди предизвикани од ивицата на вештачката карпа за качување или други дополнителни елементи.
5.10 При вкопчување на јажето во финалниот комплет и матица карабинер или по завршување на падот, натпреварувачот треба да се спушти до земјата.Треба посебна мерка да се превземе, за да му се обезбеди безбедно тло на натпреварувачот .
5.11 Додека натпреварувачот го одврзува јажето од опремата, осигурувачот треба да го спушти јажето долу со брзина и на начин кој што одговара, за да не дојде до превртување на карабинерот за вкопчување. Одговорноста на лицето што осигурува да качувачот-натпреварувач ја напушти зоната за качување што е можно побрзо.
5.12 Судијата по категории треба да биде авторизиран да дава инструкции на клубот/друштво организатор да замени или да отстрани некое од лицата осигурувачи. Доколку е сменет, на осигурувачот не треба да му се дозволи да превзема и да учествува во активности кои се поврзани со истиот натпреварот.
6 МЕРEЊЕ НА ВИСИНА И ВРЕМЕ
6.1 Клубот/друштвото членка/организатор треба да обезбеди специјализиран и искусен тим кој ќе го врши мерењето на висината и времето на качување како и резултатите за секоја етапа од качувањето, доколку не е обезбедено од самата СКА.
6.2 Тимот за мерење на висината треба да обезбеди во консултации и со одобрение на Републичкиот местач на насоки, цртеж/нацрт за секојa етапа од нетпреварот покажувајќи ги позицијата и висината (тавани и превиси) за секое фаќалиште и клин на насоката. Ваквите “Топо “ треба да бидат на располагање само на претседателот на жирито и на релевантните судии по категории за секоја етапа од натпреварот.
7 СЕРВИС ЗА РЕЗУЛТАТИ
7.1 Клубот/друштво членка/организатор треба да обезбеди заеднички систем за директно пренесување на прогресот на секој натпреварувач и за моменталното рангирање на водечките натпреварувачи кој ќе биде инсталиран за време на нaтпреварот.
7.2 Пред влезот и стартот на секој од натпреварувачите системот за пренос треба да ги покаже информациите за натпреварувачот: име и земја од која доаѓа натпреварувачот/ката
7.3 На крајот од секоја етапа од натпреварот, Судијата по категории треба веднаш да биде снабден со комплетна и целосно рангирана листа на нaтпреварувачите. Само по проверка на ваквата информација (и каде е потребно поправена или дополнета) и официјално потврдена рачно од Судијата по категории и претседателот на жирито ваквата листа може да се објави.
7.4 Листа на резултати: Листата со резултатите треба да биде изработена од тимот за мерење на висината и тимот за резултати. Сите резултати на листата треба да се во испечатена форма; листа која што е рачно дополнета со резултатите, но предходно компјутерски отпечатена.
7.5 Резултатите за секоја етапа на натпреварот треба да бидат отпечатени на начин и форма одобрена од IFSC и треба да ги вклучува следните информации:
а) СПСМ - СКА одобрениот наслов и лого;
б) Името на натпреварот (пр:Светски, Републички, Државен или Балкански Куп или Првенство);
в) Местото на натпреварот (пр:Скопје, Битола);
г) Тип на натпревар (пр: натпревар во тежинско, брзинско или болдер)
д) Дата на натпреварот;
ѓ) Име на етапата од натпреварот (пр:финале за мажи, или полуфинале за жени итн);
е) Кога етапата од натпреварот се одржува на една или повеќе паралелни насоки, резултатите за секоја трка треба да бидат посебно обележани (пр: насока А, насока Б)
ж) Имињата, официјалниот статус и потписите на водечките лица, пример Претседателот на жирито, Судијата по категории и Судијата по насоки;
з) Времето на објавување на листата;
7.6 На крајот Ранг-листата треба да ги содржи следните информации:
а) Ранг позиција на секој натпреварувач;
б) Презимето на натпреварувачите (напишани со големи букви) за секој натпреварувач;
в) Името на натпреварувачот (само првата буква голема) за секој натпреварувач;
г) Потекло-клуб или друштво или земја доколку е Меѓународен натпревар;
7.7 Финалната листа со резултати треба да ги вклучува сите делови наведени претходно во 7.6 и следните дополнителни информации :
а) Покрај името на секој натпреварувач, висините постигнати за секоја претходна етапа од натпреварот во кој се натпреварувал;
б) Комплетни резултати за секоја етапа од натпреварот;
7.8 Ниедна друга информација освен горенаведените не треба да биде вклучена на официјалнита листа со резултати освен ако е специфицирано и одобрено од IFSC односно СКА.
7.9 Со самото излегување на резултатите, по етапи од натпреварот (вклучувајќи го финалето и полуфиналето), комплетна копија со резултати треба веднаш да биде доставена и до :
а) претседателот на жирито;
б) судијата по категории;
в) Делегатот на СКА;
г) Менаџерите на тимовите или во случај да тимот нема менаџер, номинираниот натпреварувач/менаџер од тој тим;
д) Весниците;
ѓ) Операторот за општо информирање;
8 СТАРТНИ ЛИСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ
8.1 Стартната листа со церемонијата на отварање треба да биде составена и објавена во текот на техничкиот состанок кој се одржува ден пред натпреварот, во согласност со правилата кои ја следат листата и :
а) Издадени за оние од 7.9
б) Приложени на официјалната табла за информации и на другите табли за известување (на пр: хотелот во кој престојуваат тимовите и нивните раководства, холот во салата итн)
Стартната листа за секоја следна етапа од натпреварот треба да биде прифатена најмалку 30 минути по комплетирање на претходната и почетокот од наредната етапа, во согласност со правилата од претходно.
8.2 Секоја стартна листа треба исто така да содржи информации за наредната рунда од натпреварот која содржи:
а) Време на отворање и затворање на изолационата зона за секоја етапа од натпреварот;
б) Време за почеток на наредната етапа од натпреварот;
в) Секоја информација потврдена од СКА и од претседателот на жирито;
8.3 Метод на составување на стартните листи:
а) Кога отворањето на натпреварот се случува во поединечни насоки, редоследот на почнување ќе биде определен според случаен избор
б) Кога отварањето на натпреварот се врши на две или повеќе паралелни насоки истовремено натпреварувачите теба да бидат распоредени на секоја од насоките од таа насока во согласност со:
Пред се нивната респективна позиција во Републички рамки, пример во секвенца рангираните натпреварувачи во Републички рамки треба да се распределени успешно помеѓу трките. Оние натпреварувачи кои немаат официјално рангирање во Републички рамки треба де се распределат во насоките по пат на случаен избор така да на секоја насока има еднаков број на натпреварувачи.
в) Ред на стартување во насоките: Освен како што е специфицирано подолу, стартниот ред треба да биде детерминиран во обратна насока од редот на претходната насока(пример: претходно првиот сега ќе стартува последен). Во случај на натпреварувачи со исти бодови од предходната етапа, стратната листа за нив ќе биде направена по случаен избор. Во специфичен случај на суперфинале ќе биде прифатено истата стартна листa.
9 ВИДЕО СНИМКИ ОД НАТПРЕВАРУВАЊЕТО
9.1. Секое појавување на натпреварувачот на стазата треба да биде снимено од искусен камерман. Најмалку едно(по можност две) видео камери по етапа е пожелно да се користат. По можност е добро камерманот да биде асистиран од интернационалниот судија.
9.2. Позицијата на видео камерите е определена од претседателот на жирито во консултација со судијата по категории и интернационалниот предкачувач. Треба да се превземат определени мерки кои ќе обезбедат да камерманот нема да биде вознемируван при извршувањето на неговата обврска и на никој да не му биде дозволено да и го спречува видикот на камерата во качувачката насока.
9.3. ТВ монитор поврзан со системот за снимање треба да биде обезбеден за репризирање на секој инцидент во корист на судиите. Никој друг освен претседателот на жирито и судијата по категории назначени за насоката не смее да има пристап до системот за снимање. ТВ мониторот треба да биде сместен така што судиите можат да го набљудуваат снимениот матерјал и да дискутираат за некои инцидент, без снимката да ја види никој друг освен судиите и воедно судиите да не бидат прекинувани во нивните дискусии, со тоа што ќе биде на доверливо растојание од масата на судиите.
9.4. IFSC канцеларијата треба исто така да биде опремена со ТВ монитор и видео рекордер за да им овозможи на судиите да ги повторат видео снимките од инцидентите кои се појавиле во текот на натпреварот. Никој друг освен IFSC официјалните нема пристап до канцеларијата и до снимките направени во тек на натпреварот.
9.5. Никој друг освен IFSC официјалните лица нема право да набљудува ниеден дел од снимките од натпреварот.
9.6. На крајот од секоја етапа од натпреварот, видео касетите треба да бидат дадени на IFSC делегатите за да бидат вратени во IFSC секретарјатот.
9.7. Преснимување на овие касети не е дозволено освен во авторизација на IFSC .
9.8. Сите видео касети од натпреварите се за да бидат употребени во цели на судиите и за IFSC тренинг курсевите. Под никакви околности тие не треба да бидат достапни до лица кои не се членови на IFSC.
10 МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВА
10.1. Федерацијата членка / организатор треба да обезбеди трениран и искусен медицински тим, кој ќе биде на располагање за време на натпреварот (почнува кога се отвара изолационата зона и трае додека последниот натпреварувач не ја заврши насоката). Во текот на качувањето на натпреварувачот најмалку две квалификувани лица со искуство, доволно опремени од медицинскиот тим треба да бидат во непосредна близина како би пружиле прва помош.
10.2. Минимално една лесно пристапна медицинска соба треба да биде обезбедена, опремена да може да се излезе во пресрет во случај на помали интервенции.
10.3. Тимот треба да се состави и испита и во пракса за да се обезбеди дека сериозна несреќа на натпреварувач, официјално лице, лице од публикта или друго лице ќе биде третирано, ефикасно и со максимална ефикасност.
11 ДОПИНГ ТЕСТ
11.1. Федерацијата членка/организатор треба да обезбеди допинг тестот да се одвива во согласност со Националните норми кои се однесуваат за Меѓународниот спорт во нивната земја, IOC Медицински код и IFSC правилата кои се однесуваат на допинг тестот.
12 ТЕЛЕВИЗИСКА ПОКРИЕНОСТ
12. 1. IFSC ги задржува правата да закаже организација која ќе обезбеди ТВ покриеност на натпреварот. Во тој случај:
а) IFSC е целосно одговорна за сите трошоци кои се појавуваат за обезбедување на таква покриеност;
б) Федерацијата членка - организатор треба да обезбеди слободен пристап на телевизијата одбрана од IFSC и треба да обезбеди асистенција за помош на организацијата при нејзиното професионално покривање на сите аспекти на натпреварот. Условите кои се однесуваат на ваквиот договор треба да бидат специфирани во договорот помеѓу IFSC и федерацијата организатор.
12. 2. Во случај кога IFSC одбира да не го искористи своето право да назначи ТВ куќа, Федерацијата членка/организатор треба да се сложи со релевантните делови од договорот помеѓу IFSC и Федерацијата. Од федерацијата организатор треба да се бара целосно да ја информира IFSC за сите договори кои се однесуваат на ТВ покриеност.
13 МЕДИСКИ СРЕДСТВА
13.1. Прес центар: Федерацијата организатор треба да обезбеди пресс раководител, посебен пресс центар и одговарачки персонал кои што ќе ги задоволува потребите на регистрираниот пресс и ќе има официјален статус на натпреварот. Прес центарот треба да биде опремен така што новинарите, останатиот мега персонал и делегатите на IFSC, им е обезбедено:
а) соодветен простор за работа;
б) најмалку 2 телефони;
в) барем 1 телефакс апарат;
г) барем 1 фотокопир машина
д) целосни релевантни информации за натпреварот;
ѓ) копии на стартните листи, меѓу и финалните резултати и на крајот од натпреварот новонастанатата категоризација во Светскиот Куп односно контуинирано обновуваното Светско рангирање;
13.2. Простор за интервјуа: федерацијата организатор треба да обезбеди посебен, доволно тивок и удобен простор/соба за давање интервјуа. Ваквото место треба да биде доволно блиску до областа на качување каде се одржува натпреварот.
ЗАБЕЛЕШКА: интервјуата од јавните служби, новинарите и ТВ интервјуата пред карпата за качување не треба да бидат дозволени додека се одвива натпреварот.
13.3. Фотографи: Посебен простор треба да биде обезбеден на секоја страна од натпреварувачката област за да сместат фотографите. Каде што е можно да се обезбедат области со лифт кои што ќе им овозможат на фотографите да направат фотографии од воздух.
ЗАБЕЛЕШКИ : Под никакви услови на фотографите професионалци или аматери не смее да им биде дозволено да влезат во натпреварувачката зона освен со посебно одобрение на претседателот на жирито. Секоја светлост или фотографирање кое може да го деконцентрира и пореметува натпреварувачот не смее да биде дозволено.
13.4 ТВ екипа: Со одобрение на Претседателот на жирито, ТВ камера екипата може да добие дозвола за снимање во натпреварувачката област. Ќе им биде дозволено да го прават тоа, се разбира се додека:
А) Тие не го вознемируваат и му пречат на натпреварувачот за време на разгледувањето и припремата за качувањето;
Б) Додатната механичка опрема за камерата не смее да го попречува качувачот и тој што осигурува. Посебно треба да се води грижа при пад на качувачот тој да не дојде во контакт со ТВ персонал, ТВ камерита и други технички делови.
Г) Екипата камермани треба да се придржуваат кон инструкции кои што им ги дава судијата по категории или претседателот на жирито.
Ѓ) Камерманите може да се дејствуваат од врвот на ѕидот со одобрение на Претседателот на жирито без употреба на светло или активности кои што ќе го деконцентрираат.
Е) Интервјуа: секогаш треба да се придржуваат кон 13.2 .
13.5. Пристап кон изолационата зона: екипитe камермани и фотографи може да имаат пристап само во изолационата зона, а не во транзит зоната со специјална дозвола од претседателот на жирито. И во изолационата зона секоја екипа на камермани и фотографи мора да биде придржувана и надгледувана од официјално лице на земјата организатор, за да ја оствари безбедноста на изолационата зона и натпреварувачите да не се деконцентрираат и им пречат.
14 ОСИГУРУВАЊЕ
14.1 Земјата организатор треба да обезбеди обезбедувањето кое што го покрива натпреварот со сите интернационални и национални правила кои се однесуваат на спортски настани.
15 МАНИФЕСТАЦИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ
15.1. Церемонијата доделување награди треба да одговара со базичниот IOC протокол за такви настани.
15.2. Доколку не се специјално авторизирани од претседателот на жирито сите натпреварувачи треба да одат на отворањето на натпреварот, доделувањето на награди и затворањето. Ако некој не се придржува кон ваквите правила ќе му биде доделено жолт картон (предупредување пред исклучување), а доколку е еден од трите најдобро рангирани натпреварувачи ќе му биде доделен црвен картон.
16 ТРОШОЦИ, ПАРИЧНИ НАГРАДИ И НАГРАДИ
16.1. Федерацијата организатор треба да биде одговорна за сите трошоци кои што се поврзани со организирање и одржување на натпреварот, како и за провизијата и паричните наградите како и трофеите (освен официјалниот трофеј од IFSC ) како што е напоменето во договорот помеѓу IFSC и федерацијата организатор.
III ДЕЛ
ЧЛЕНКИ - ФЕДЕРАЦИИ
1. ВОВЕД
1.1 IFSC целосно ја респектира автономијата на земјите членки и нивните национални активности.
2. ОДГОВОРНОСТ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ
2.1 Одговорноста на земјата членка во IFSC, е да подготви поле на дејствување за нејзините членови:
А) раководител, ја промовира Федерацијата и активно го развива спортот во неговата земја, ги подржува принципите на Олимписката повелба и медицинскиот код, UIAA-IFSC правилата и правилата кои што се однесуваат на Меѓународните спортско качувачки натпревари;
Б) разбирање и придржување кон нормите и правилата на спортот, советување и подршка на натпреварувачите и официјалните лица како би се придржувале кон принципите на добар и фер спортски однос;
В) константно и активно работат против употреба на дроги и други забранети супстанци од страна на нивните натпреварувачи и официјални лица;
Г) да забранат секаков вид методи и навики кои што вклучуваат ризик за здравјето или психичкиот развој на нивните натпреварувачи;
Д) да превземат мерки со што би се одградиле од секавки предизвици за манупулација на нормите и правилата кои се однесуваат на нивните натпреварувачи и официјалните преставници;
Ѓ) да се осигураат дека нивните натпреварувачи и официјалните лица ќе се однесуваат кон останатите натпреварувачи и официјални лица со потполн и очекуван респект, како за време на натпреварите така и за време на останатите активности.
3. МОЖНОСТ ЗА КВАЛИФИКАЦИЈА СО СОПСТВЕН ТИМ НА IFSC ОДОБРЕН НАТПРЕВАР
3.1 Секоја федерација, членка на IFSC треба да оформи своја репрезентација, женски и машки натпреварувачи кои ги задоволуваат следните услови:
а) тие да се во согласност со сите норми и правила кои се однесуваат на номинацијата и регистрацијата на натпреварувачите;
б) дека не се во состојба на изгубена контумација на некоја норма која се однесува на финансиските обврски кон IFSC;
в) да не се во состојба на изгубена контумација за некоја одлука или некоја активност, со респект на одлука на дисциплинарна процедура на IFSC;
г) на сите номинирани натпреварувачи од репрезенатцијата треба да им бидат издадени интернационални натпреварувачки дозволи-лиценци;
3.2 Во случај кога земјата има повеќе од една членка во IFSC, федерациите членки кои се засегнати ќе се квалификуваат да влезат со еден национален избран тим на мажи и жени, со одобрена квота да се репрезентира таа земја.
4. ТИМСКИ КВОТИ - НАТПРЕВАРУВАЧИ И ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА
4.1. Натпреварувачи: Тимските квоти се специфирани под определен тип на натпревар, пример Светски Куп, Светски Шампионат и слично.
4.2. Официјални лица: Секоја федерација членка има дозвола да се регистрира со максимум 5 официјални лица на кои ќе им биде дозволен слободен влез во областа каде што се одвива натпреварот (во согласност со 3.2). Овие официјални лица треба да се наименувани во апликациите и да се номинираат за една од следните улоги:
а) Еден (1) тимски менаџер;
б) Два (2) тренери на тимот-репрезентацијата;
в) Два (2) квалификувани или полуквалификувани медицински лица;
Официјалните лица на тимот-репрезенатцијата треба да имаат дозвола да влегуваат и излегуваат од изолационата зона под истите услови кои се однесуваат за натпреварувачите. Само под исклучителни околности и со посебна дозвола на претседателот на жирито, официјалното тимско лице вклучувајќи го и медицинскиот персонал може да имаат дозвола да пристапат или да комуницираат со некој натпреварувач кој останува или ја напушта изолационата зона. Доколку не се придржуваат кон ова правило следи моментна дисквалификација на натпреварувачот. На тимските официјални лица не им е дозволено да ги придружуваат своите натпреварувачи до качувачкиот ѕид, се додека трае официјалното набљудување на стазите. Тимските официјални лица (или друг натпреварувач кој не се натпреварува на тој натпревар) нема дозвола да комуницира на никаков начин со качувач кој се натпреварува, се додека трае официјалниот период за набљудување на стазата. Непридржувањето на ваквото правило може да доведе до моментна дисквалификација.
5. ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ДОЗВОЛИ
5.1. Секоја федерација членка треба да обезбеди за своите натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат односно да се квалификуваат за настап на IFSC натпревар, да поседуваат IFSC интернационална лиценца за натпреварување. Само федерациите членки може да имаат дозвола за доставување апликација за издавање на IFSC дозвола-лиценца за натпревар.
5.2 Со цел да се обезбеди интернационална дозвола, секоја федерација членка за секој натпреварувач треба да обезбеди:
а) Комплетна официјална апликациска форма;
б) IFSC -одобрена членарина за дозвола на нова лиценца;
5.3. Секоја лиценца е валидна за една календарска година; пр. од 1ви Јануари до 31ви Декември;
IV ДЕЛ
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПРАВИЛА
ГЕНЕРАЛНИ ПРАВИЛА
1. КАЧУВАЧКИ ЅИД (ВЕШТАЧКА КАРПА)
1.1 Сите натпревари одобрени од IFSC треба да се одвиваат на - за таа цел дизајнирани вештачки карпи за качување кои имаат минимум ширина 3 метри за секоја стаза-насока, минимум висина 12 метри и кои што дозволуваат да бидат конструирани насоки со минимум должина од 15 метри.
Забелешка: Во Македонија овие стандарди ќе ги намалиме од финансиска причина, а тие ќе изнесуваат: висина(вертикална) 7м, должина на насока 9м, ширина 2м;
1.2 Целата површина на качувачката карпа треба да биде дозволена за користење на качувачот.
1.3 Ниту страничните рабови(ивицата), ниту врвот на карпата не треба да се користат за качување.
1.4 Ако има потреба, одредена насока да се маркира на карпата со цел јасно да се оддели од останатите, маркацијата треба да се направи со постојана и забележлива ознака (пр. самолеплива трака).
1.5 Стартната линија за почеток на качувањето на натпреварувачката насока мора да биде јасно и видливо означена-обележана.
2. ВИДОВИ НАТПРЕВАРИ
2.1 Дефиниција:
А) Тежински натпревари : се дефинирани како натпревари на кои се качува како прв и натпреварувачот се осигурува оддоздола, при што секој комплет се вкопчува, во согласност со правилата, каде постигнатата висина (или во случај на траверза или плафон, достигната најголема дистанца по оската на насоката), ќе ја одреди позицијата на натпреварувачот во таа етапа од натпреварот.
Б) Тежински дуел натпревари : овие натпревари ги прифаќаат истите технички правила како и оние на нормалните тежински натпревари, но на финалната трка од секој натпревар, се следи елеминациониот формат идентичен на оној кој се употребува во финалната трка на брзинските натпревари.
В) Брзински натпревари : се дефинирани како оние натпревари на кои се качува “ТОП РОП“ односно натпреварувачот качува со одозгора осигурување, каде што времето постигнато од натпреварувачот за комплетирање на насоката ја определува позицијата на натпреварувачот во таа етапа од натпреварот.
Г) Болдер натпревари : се дефинирани како оние натпревари кои се составени од бројни индивидуални технички качувачки проблеми. Кога се зборува за безбедноста, сите натпреварувачи и секој проблем треба да бидат обезбедени со систем за осугурување (однапред или одзади), или да се постигне без сигурносен систем однонсо да се постават душеци. Збирниот број на поени постигнати од натпреварувачот ќе ја определат позицијата на натпреварувачот во таа етапа од натпреварот.
2.2 Тежински и тежинско дуел натпреварите може да вклучуваат насоки кон кои се пристапува:
А) од страна: пристап по овластен - дозволен период на обзервација на насоката;
Б) демонстрација на насоката од официјален предкачувач;
В) по загревање; пр афтер ворк;
2.3 Брзинските натпревари вклучуваат насоки кон кои се пристапува по демонстрација на насоката од овластениот предкачувач.
2.4 Меѓународните натпревари може да се составени од посебни категории за тежинско, тежинско - дуел, брзинско и болдер настани. Сите интернационални натпревари не мора да ги содржат овие натпревари.
3. БЕЗБЕДНОСТ
3.1 Мерките на безбедност се разгледуваат во дел 2, федерации членки, член 5 на овие правила.
4. РЕГИСТРАЦИЈА И ИЗОЛАЦИОНА ЗОНА
4.1 Сите натпреварувачи квалификувани да се натпреваруваат во етапата од натпреварот треба да се регистрираат и да влезат во изолационата зона не покасно од времето определено од претседателот на жирито, а прогласено од организаторот на натпреварот. Одговорност е на секој тим е да обезбеди целосна информираност за сите детали кои се однесуваат на натпреварот.
4.2 Само овие лица наведени подолу имаат дозвола да влезат во изолационата зона:
А) официјалните лица на IFSC ;
Б) федерациите членки / официјални лица на организаторот;
В) натпреварувачите кои се квалификувани да земат учество во таа етапа од натпреварот;
Г) авторизирани официјални лица на тимовите;
Д) други лица специјални авторизирани од претседателот на жирито. Таквите лица за време на престојот во изолационата зона мора да бидат придружени и набљудувани од официјални лица кои обезбедуваат безбедност во изолационата зона и спречуваат деконцентрација на качувачот;
Ѓ) животни немаат пристап во изолациона зона;
5. ОГЛЕД НА НАСОКАТА И ЗАГРЕВАЊЕ
5.1 Период за оглед: Секој натпреварувач кој се натпреварува во Тежинските натпревари, Тежинските дуел натпревари, брзинските натпревари и болдер натпреварите има право на оглед на натпреварувачката насока односно стаза. Тоа право треба да им го овозможи организаторот.
5.2 Периодот за оглед на стазата ја одредува главниот судија, судија на судиското жири во соработка со главниот местач на стазата, но времето за оглед не треба да помине (6) минути, за секоја стаза.
5.3 За време на огледот на стазата на натпреварувачите не им е дозволено да се качуваат на качувачкиот ѕид, да стојат на некои почетни фаќалишта или на било која опрема која е во непосредна близина на вештачката карпа. Истотака натпреварувачите не смеат да комуницираат со личности кои не се натпреваруваат односно се надвор од зоната за оглед-зоната на качувачкиот ѕид. Но, натпреварувачите имаат право да бараат објаснување од главниот судија за поединостите околу стазата.
5.4 За време на огледот натпреварувачите имаат право да користат двоглед или да направат скица на стазата. Сите други форми на обележување како снимање со камера итн, не се дозволени. Натпреварувачите можат да го допрат првото фаќалиште, но не смеат да ги подигнат нозете од тлото.
5.5 Со истекување на времето за оглед, натпреварувачот на знак на судијата треба да го напушти местото на оглед и да се упати во изолационата зона. Оној натпреварувач кој нема да се води кон ова правило ќе добие “жолт картон“ пред исклучување. Секои идни минимални, а негативни збиднувања на истиот натпреварувач ќе резултираат со негово исклучување од натпреварот.
5.6 Тренинг качувачкиот ѕид кој се наоѓа во изолационата зона, треба да биде со исти квалитет фаќалишта како и натпреварувачката карпа. Времето за користење на оваа карпа го одредува главниот судија.
6. ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ТЕЖИНСКО КАЧУВАЊЕ
ВОВЕД
6.1 Овие правила треба да се разгледуваат заедно со IFSC генералните кои се однесуваат на интернационалните качувачки натпревари.
6.2 Сите етапи на тежинските натпревари треба да се качуваат како прв, со водење, а натпреварувачот се осигурува оддоздола. Етапата ќе се смета за успешно завршена, ако е искачена во согласност со правилата и прописите кои се однесуваат за тежинските натпревари и ако јажето од страна на натпреварувачот е безбедно вкопчано во карабинерот на финалниот клин.
7. БРОЈ НА НАТПРЕВАРУВАЧИ И СТАРТЕН РЕДОСЛЕД
7.1 Доколку не е поинаку дефенирано (Светските) етапите на напреварот (свен финалниот и суперфиналниот) се одржуваат во единечни етапи: почетниот редослед на овие етапи ќе биде определен по случаен редослед на натпреварувачите.
7.2 Етапи на натпреварот(освен финалниот и суперфиналниот) кои се одржуваат на две или повеќе одделни насоки; Натпреварувачите треба да бидат сместени во меѓу етапи како што следи:
А) првата етапа на натпреварот која се одвива на две или повеќе насоки со иста тежина, натпреварувачите треба да бидат разместени по случаен избор;
Б) последователни етапи кои се одржуваат на две или повеќе насоки со иста тежина, натпреварувачите ќе бидат лоцирани на овие насоки алтернативно, по редослед по кои завршиле во предходната етапа; пр. ако предходно биле 1,2,3,4 и така натаму на насоките А и Б ќе бидат распределени така да 1 и 3 на насока А, а 2 и 4 на насока Б. По завршување на алокацијата стартните листи ќе се направат по случаен избор.
В) финална етапа: стартниот редослед ќе биде по обратен редослед од рангирањето во полуфиналето. Ако после апликацијата на процедурата на одбројување има натпреварувачи кои се со блиски резултати, стартниот редослед за овие места ќе се определи со случаен избор.
Г) суперфинале: стартниот редослед ќе биде ист како и за финалната етапа на натпреварот.
8. ПЕРИОД ЗА ОГЛЕД
8.1 Согласно со генералните правила, натпреварувачите (како група) треба да им биде дозволено да ја набљудуваат ( on sight) насоката на која ќе треба да се качуваат.
8.2 Во случај на суперфинале претседателот на жирито може да одлучи да не се врши оглед на стазата.
9. ПРОЦЕДУРА НА КАЧУВАЊЕ
9.1 На секоја насока треба да и биде определено време во кое натпреварувачот може да се качува. Овој период треба да вклучува 40 сек. за финални подготовки во почетокот на насоката објаснети во член 4.2 подолу.
9.2 На влезот во натпреварувачката област, во зоната на качувачката карпа од натпреварувачот се бара веднаш да ја помине официјалната стартна линија. На таа точка, судијата по категории ќе го отпочне (или ќе даде инструкции за почеток) сметање на времето. На секој натпреварувач му се дозволени 40 сек. за старт. Ако натпреварувачот не го започне качувањето до крајот на овие 40 сек, ќе му се наложи да започне веднаш. Времето од 40сек. за финален оглед треба да биде дел од вкупното време за насоката. Секое понатамошно каснење повлекува дисциплински мерки од член 6.
9.3 Секое качување на натпреварувачот се смета започнато кога тој повеќе не ја допира земјата со двете нозе.
9.4 Натпреварувачот може да го праша судијата по категории во секое време, за време на качувањето, уште колку му останало од пропишаното време, а судијата треба веднаш да го информира за тоа. Судијата пак е должен да го информира качувачот кога ќе му останат уште 60 сек. Кога времето за качување на насоката ќе заврши, судијата по категории ќе го запре натпреварувачот и ќе им даде инструкции на оние кои ја извршуваат процедурата на мерење резултати. Во случај натпреварувачот да не застане кога судијата ќе нареди, ќе биде подложен на дисциплинска мерка.
9.5 Со појавување на насоката-стазата:
А) Секој натпреварувач треба да ги вкопча сите карабинери односно комплети и тоа секој карабинер мора да биде вкопчан пред најдолниот дел од телото на натпреварувачот да помине над најнискиот карабинер поврзан со гуртна (во случај на траверза или плафон, пред телото на натпреварувачот да биде поместено позади невкопчан карабинер / комплет во линија со насоката дефинирана од Меѓународниот качувач). Секое прекршување на ова правило се третира со член 5. Одбивањето на натпреварувачот да се придржува на инструкциите на судијата по категории да започне со качувањето ќе се третира со дисциплинаска постапка од член 6.
Б) во специјални случаи (пр. во интерес на безбедноста) претседателот на жирито има право да не се придржува кон член 4 и 5 за одредена насока, во овој случај последната легитимна позиција на вкопчување е последното фаќалиште од кое натпреварувачот може да се вкопча без спуштање или враќање назад.
В) натпреварувачот може да се спушти од секоја точка за време на насоката се додека не го прекршува членот 4 и 5, и да се врати на земја.
Г) кога натпреварувачот ќе се вкопча во карабинерот во согласност со член 4 и 5 не се појавува техничка грешка, натпреварувачот ќе има дозвола да го вкопча карабинерот во секвенца, за и потоа да го докопча или повторно да го вкопча(доколку непходно при симнување) предходниот карабинер. На крајот, сите заштитни точки мора да бидат вкопчани. Судијата по категории може да нареди качувањето да биде прекинато, да се измери највисоката достигната дистанца, доколку одлучи дека понатамошно продолжување ќе ги прекрши безбедносните мерки.
10. МЕРЕЊЕ НА ВИСИНАТА
10.1 Во согласност со член 8, во случај на паѓање или инструкција од судијата по категории за прекин на качувањето, највисокото фаќалиште кое се држи или е допрено (во случај на траверза или плафон се мери најдалечнето фаќалиште кое е допрено) во линија со насоката како што е определено од интернационалниот прекачувач, треба да биде измерено. Секое фаќалиште ќе се мери доколку е искористено во позитивна смисла.
10.2 Само фаќалишта користени со раце се земаат во предвид, како што е определено од судијата по категории, фаќалиштето кое што е држено минимум 2секунди ќе биде повисоко рангирано отколку фаќалиште кое е допрено:
А) фаќалиште кое се држи минум 2 секунди ќе му биде определена висина и тоа без наставка / вишок;
Б) фаќалиште кое е допрено ќе му биде определена висина со минус(-) наставка;
В) фаќалиштето кое се држи и од кое се прават качувачки движења во интерес на напредување во насоката, ќе му биде дадена висина со плус( + ) наставка;
10.3 Доколку натпреварувачот допре точка одделена од фаќалиште (како специфирано од Меѓународниот предкачувач) оваа точка нема да се смета во ниедно мерење на максималната висина (или во случај на траверза или плафон на насоката, најголемата оддалеченост) достигната од натпреварувачот.
10.4 Ако натпреварувачот фати фаќалиште од финалниот комплет пред јажето да биде безбедно вкопчано во финалниот карабинер, ова ќе се смета за дополнителна помош и качувањето на натпреварувачот и ќе се мери во согласност со член 5.1 и 5.2.
11. РАНГИРАЊЕ ПО СЕКОЈ КРУГ ОД НАТПРЕВАРОТ
11.1 По секоја трка / круг од натпреварот, натпреварувачите се рангираат по ранг листа која ја споменавме во член 5.2 .
11.2 Во случај на нерешен резултат помеѓу натпреварувачите се земаат резултатите од предходната трка.
Оригиналната копија е на Англиски јазик !
UIAA-IFSC / МАКЕДОНСКА СПОРТСКО КАЧУВАЧКА АСОЦИЈАЦИЈА
04.05.2001, Скопје
|