|
Член 1
Ранг листата ја донесува и објавува Асоцијацијата и тоа четири пати годишно. Листата мора да се верификува во Федерацијата.
Член 2
На барање од клуб, секција или еден качувач од првите 15 пласирани на ранг листата, Асоцијацијата е должна да ја објави ранг листата најкасно 10 дена по доставеното барање.
Член 3
Клубовите и поединците се должни благовремено да ја известат Асоцијацијата за новоискачените насоки. Во случај да не се достави матерјал и информации, на качувачот му се зема последниот објавен резултат.
Член 4
Во Асоцијацијата се формира тричлена екипа за составување ранг листа.
Член 5
Во случај качувачот да пријави неточни резулатати, Асоцијацијата го исклучува од рангирање таа година.
Член 6
Ранг листата ги преставува најдобрите резултати на спортските качувачи, односно резултатите од натпреварите и од искачените насоки на природна карпа кои качувачите ги оствариле во текот на целата година.
Член 7
За ранг листата се земаат во предвид 25-те најдобри искачени насоки, плус 5 насоки искачени на поглед.
Член 8
Ако насоката се наоѓа во подрачјето на Република Македонија, за да таа се земе во предвид, мора да биде регистрирана при Асоцијацијата. Насоките искачени во странство мора да бидат во спортско качувачки водич.
Член 9
Ранг листата за искачени насоки на поглед се бодува според скалата:
6 b 6b+ 6c 6c+ 7a 7a+ 7b 7b+ 7c 7c+ 8a 8a+ 8b 8b+ 8c 8c+ 9a
44 48 60 66 72 81 99 108 122 136 150 164 185 207 230 254 279
Член 10
Ран листата за натпреварите во спортско качување дисциплина Тежинско, Брзински и Болдер се рангираат само до 15 место.
29. 11. 2002, Скопје
|