|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Овој правилник ја определува работата на македонските репрезентативци во спортско качување во склоп на *СКА* при ФПСМ.
Член 2
Во склоп на *СКА* делуваат две репрезентации:
Македонска репрезентација во спортско качување (членови):
Членови на репрезентацијата се најдобрите спортски качувачи и качувачки во апсолутна категорија, кои се натпреваруваат на меѓународните натпревари на највисоко апсолутно ниво (светско и европско првенство, светски и европски куп), кои се организираат од ICC (меѓународен совет за натпреварувачко качување)
Македонска младинска репрезентација во спортско качување (младинци):
Членови на репрезентацијата се најдобрите спортски качувачи и качувачки во категоријата, која се натпреварува на европските младински првенства и на светските младински првенства: стари деца, кадети и младинци. Ги исполнува сите услови кои ги пропишува ICC .
Тука спаѓа и селекцијата на најмалите спортски качувачи (цицибани и мали деца), кои се натпреваруваат на едно меѓународно натпреварување во годината.
Член 3
Правилникот е наменет за двете репрезентации и подеднакво важи за сите.
РАКОВОДСТВО НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Член 4
Членската и младинската репрезенатција си имаат секоја свое раководство.
Член 5
За раководството на репрезенатцијата постои правилник со сите свои одредби, кој не смее да се користи за приватни придобивки.
Состав на раководството на репрезентацијата
Член 6
Раководството на репрезентацијата е составено од: селектор(водач на репрезентацијата), тренер(ри) и помошник(ци) на тренерот.
Избор на раководство на репрезентацијата
Член 7
Изборот на раководството на репрезентацијата оди по следниот редослед:
а. Избор на селектор:
*СКА* објавува конкурс за селектор, во кој ги поставува условите. Пријавите треба да бидат тајни и како такви се испраќаат, каде на состанок на *СКА* се отвораат и се разгледуваат. Спротивно на ова пријавите не се земаат во предвид
По разгледување на предлозите од пријавите за селектор, претседателството на *СКА*, по пат на гласање го избира селекторот или го потврдува стариот. Селекторот ја започнува својата работа по добиената писмена потврда од *СКА*.
б. Избор на тренери и помошници
Тренерите и помошниците, ги избира селекторот, кој пак тој својата екипа ја преставува на претседателството на *СКА*, а таа ја потврдува.
Доколку претседателството на *СКА* не го потврди изборот на екипата, селекторот дава нов предлог (или стариот од минатата сезона). Доколку и овој предлог не помине, тогаш се оди на нов избор за селектор.
Селекторот има право во согласност со претседателството на *СКА* да врши замена на тренерите и помошниците, доклку не е задоволен од нив. Причините за тоа писмено ги доставува до *СКА*.
Член 8
Мандатот на селекторот и на целокупното раководство трае 4 години. Секоја година претседателството на *СКА* ја оценува работа на селекторот и репрезентацијата. Доколку оцената на селекторот е негативна, претседатеството на *СКА* по пат на конкурс избира нов селектор, иако може да е пред истекот на мандатот.
Член 9
За време на нивниот мандат, Раководството на репрезентација е осигурано од незгоди. Покрај тоа, секој член на раководството потпишува документ за одговорност.
Должности и обврски на раководството на репрезенатцијата
Член 10
Во овој член се преставени должностите и обврските на селекторот на репрезенатцијата:
Селектор - Општо:
- во својата работа е поштен, вреден и непристрасен;
- е одговорен за работата на целата репрезентација;
- за својата работа одговара пред претседателството на *СКА*;
- се грижи за добриот и спортски дух на репрезентацијата;
- именува тренери и преостанати помошници;
- во јавноста не ги изнесува проблемите и политиката на репрезентацијата;
- навремено ги известува членовите на репрезентацијата за активностите:
а. годишен план: писмено или електронско известување до клубовите, за
календар на натпревари на кои ќе се учествува!
б. тековни активности: писмено или електронско известување до секој репрезентативец и тоа 15 дена пред активноста!
- да го подготви годишниот план на работа на репрезентацијата во кој се наведени:
а. планирани натпревари;
б. предвидени тренинзи;
в. предвидени заеднички тренинзи;
г. преостанати планирани активности;
ѓ. начин на плаќање натпреварувачка котизација;
- Избира репрезентација и подготвува екипа за меѓународните и преостанатите активности,
беспрекорно го познава меѓународниот натпреварувачки правилник и со него ги запознава тренерите и натпреварувачите,
организира тренинг на вештачка карпа и во качувачките локалитети,
ги прибира и ги евидентира сите податоци и документи во врска со репрезентацијата и на барање наредува годишен извештај,
писмено одговара на писмените приговори или жалби од членовите на репрезентацијата и клубовите,
организира средба на тренери и на членови од репрезентација стари,
вешто раководи со финасиските средства за репрезентацијата:
- подготовка на годишен финансов план;
- во законскиот рок ги предава аконтациите за котизација и лиценца;
- ги контролира сметките на преостанатите тренери помошници;
- подготвува месечни сметки и ги испраќа на претседателот на *СКА*;
- ги подготвува резултатите од ДП и преостанатите натпревари . . .
- посредува со преставник од *СКА*, во информирање на јавноста за достигнатото;
- по потреба учествува во ФФК и СМ при тестирање на моториката и другите тестови и прегледи;
- организира заеднички собир на крајот од натпреварувачката сезона;
- на крајот од сезоната подготвува годишен извештај и финансиска пресметка;
Селектор - натпревари:
- се грижи за дисциплината и безбедноста,
- се грижи за финансиските средства, наменети за натпревари,
- организира заминува нанатпревар(место, дата) и враќање дома,
- организира маркетинг пропаганда на крајот од натпреварот,
- се грижи за доволна количина освежителни-енергетски пијалоци и правилна исхрана на репрезентативците(младинска репрезентација),
- се грижи за пријавите на натпреварите,
- учествува на техничките состаноци пред натпреварите,
- за тимот ги собира сите потребни информации од организаторот,
- се грижи за навремено влегување во изолациона зона,
- за време на натпреварот:
- го следи натпреварот и ги евидентира резултатите,
- по потреба вложува жалба за работата на судијата,
- се грижи за видео снимка од нашите репрезентативци,
- се грижи за, по натпреварот сите натпреварувачи репрезентативци ја гледаат видео снимката од нивното качување,
- проверува неточни резултати и ги опоменува судиите.
- на разглас ја доставува македонската химна и знаме, доколку тоа го бара организаторот,
- се грижи за фотографии, текст и мал поклон до спонзорите,
- за време на натпреварите носи зададена репрезентативна облека.
Селектор - тренинг:
- се грижи за дисциплината и безбедноста,
- организира соодветен термин и место за тренинг,
- организира поставувачи на насоки и со нив соработува,
- се грижи за доволна количина освежителни-енергетски пијалоци и правилна исхрана на репрезентативците(младинска репрезентација),
- за време на тренинг:
а. ги подготвува натпреварувачите и ги евидентира достигнувањата, со свои коментари,
б. со качувачите дискутира за качувањето,
в. по потреба снима со видео камера,
г. по потреба осигурува натпреварувачи,
по завршување на тренингот пишува известување, кое содржи:
а. во кратко тренингот, тип насоки, бројност . . .
б. повеќеважни особини, непредвидени случки, потреби,
в. коментар околу качувањето на натпреварувачите и други забелешки околу качувањето,
г. се консултира со тренерите и помошниците,
д. оцена за поставувачите на насоките.
- по завршување на тренингот помага во расчистување на салата, доколку е потребно.
Член 11
Во овој член се наведени должностите и обврските на тренерот и помошникот.
Тренер и помошник тренер - општо:
- во својата работа е поштен, вреден и непристрасен;
- му помага на селекторот, во годината во која е назначен,
- се грижи за добриот и спортски дух на репрезентацијата;
- во јавноста не ги изнесува проблемите и политиката на репрезентацијата;
- учествува во изборот на репрезентативците и тимот кои ќе учествуваат на меѓународни натпревари,
- учествува на собирот на тренери и репрезентацијата(апсолутна),
- учествува на завршниот собир на крајот од сезоната,
- учествува на заедничките тренинзи,
- ги подготвува репрезентативците и ги анализира натпреварите,
- соработува со ФФЗ и СМ при испитувањата на моториката и другата психофизичка спрема.
Тренер и помошник тренер - натпревари:
- одговорен е за репрезентацијата за време на патувањата и за време на престојот:
а. одговорен е за дисциплината и безбедноста на репрезентативците;
б. одоговорен е за фер и пријателски однос во тимот;
- ја води активноста во изолационата зона:
а. навремено и правилно загревање;
б. навремено излегување на старт;
в. психолошка подршка на натпреварувачите;
г. ако правилата дозволуваат, организира оглед на стазата и помага при тоа;
- во изолационата зона останува до последниот натпреварувач:
а. со најмладите - задолжително!
б. стари деца - задолжително!
в. кадети/ки - задолжително!
г. младинци/ки - во договор со селекторот и натпреварувачите може да ја напушти изолационата зона уште со првиот македонски натпреварувач;
д. членовите/ките - по договор.
- по завршување на качувањето организира и води видеоанализа на качувањето.
- по завршување на качувањето пишува извештај, кој содржи:
а. кратко резиме за натпреварот, тип на насока . . .
б. повеќеважни особености, непредвидени случки, потреби
в. коментар за качувањето на натпреварувачите и преостанатите запазувања во врска со качувањето.
г. примедби, предлози, мислење.
- го известува селекторот за својата работа, специфичностите, особеностите,
- за време на натпреварите ја носи репрезенатативната облека.
Тренер и помошник на тренерот - тренинг:
- се грижи за дисциплината и безбедноста за време на тренингот,
- се грижи за репрезенатативците за време на тренингот,
- ја предводи активноста во изолационата зона:
а. навремено и правилно загревање,
б. навремено заминување на качување.
а. ги подготвува натпреварувачите и евидентира белешки и свои коментари,
б. со качувачите коментира за качувањето,
в. по потреба снима со видео камера,
г. по качување на една насока организира и води оглед на видеозаписот,
д. по потреба ги осигурува качувачите.
- по завршување на тренингот (за 7 дена) поднесува извештај, кој содржи:
а. на кратко за текот на тренингот, тип на насоката . . .
б. повеќеважни особености, непредвидени случки, потреби,
в. коментар за качувањето на натпреварувачите и преостанати забелешки во врска со качувањето,
г. оцена за квалитетот на насоките.
- примедби, предлози, мислење,
- по завршување на тренингот помага во расчитување на салата, доколку е потребно,
- му доставува извештај на селекторот за својата работа, особеностите, тежината.
Член 12
Членовите на раководството на репрезентацијата за својата работа примаат плата, која е по основ на “Критериум за наградување на работата во македонската репрезентација во спортско качување“.
ЧЛЕНОВИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Избор на репрезентативци
Член 13
Правото да си репрезентативец на македонската репрезентација во спортско качување го има секој граѓанин на РМ, кој ги задоволува запазените старосни категории, е член на клуб/друштво кое е регистрирано при ФПСМ*СКА* и ги исполнува критериумите за членство во репрезентацијата.
Член 14
Изборот на репрезентативците го врши селекторот, која пак по потреба се советува со преостанатите членови на раководството на репрезентацијата. Избраната екипа со гласање ја потврдува Претседателството на *СКА*.
Член 15
Составот на репрезентативците помеѓу големите натпревари и преостанатите активности на репрезентацијата лесно се менува. На тренингот на репрезентацијата, покрај репрезентативците можат да тренираат и кандидатите за репрезентација.
Член 16
Критериумите за избор на репрезентација се:
- натпреварите од државното првенство,
- меѓународните натпревари
- изборни натпревари во организација на раководството на репрезентацијата,
- оцена на раководството на репрезентацијата.
Во изборот на репрезентацијата не е потребно да бидат исполнети сите горенаведени услови, но исто така не смее да се остане само на мислењето на раководството на репрезентацијата.
Член 17
Избраните натпреварувачи за нивниот избор ќе бидат известени писмено по пошта, најкасно 7(седум) дена по потврдата на раководството на репрезенатцијата.
Член 18
Максимум бројот на членовите на репрезенатцијата за меѓународните натпревари го одредува правилникот на ICC , додека внатре во таа пропишана квота селекторот на репрезентацијата повторно одлучува за бројката. Селекторот лесно доаѓа до пропишаната бројка, а доколку дојде до спреченост(повреда, болест итн) на некој репрезентативец, тогаш се земаат во предвид резервните репрезентативци.
Член 19
За направениот избор се известува клубот/друштвото од кое е репрезентативецот. Доколку некој клуб/друштво има забелешки и примедби околу изборот на репрезентативците, треба најкасно 7(седум) дена по објавувата да достават жалба до *СКА*. Претседателството на *СКА* треба да даде писмено образложение до клубот/друштвото.
Права и должност на репрезентативците
Член 20
СКА на репрезентативецот му обезбедува:
- Покривање на трошоци за спиење и по можност исхрана на натпреварувачите, на натпреварите кои се предвидени во календарот,
- Организиран превоз на натпреварите,
- Репрезенатативна облека за натпреварувачите од највисок ранг (светско и европско првенство, европски куп),
- редовно присуство на заеднички тренинзи, собири и натпревари,
- Тестови за психофизичката спремност,
- Дополнително осигурување за време на репрезентативните натпревари
- Помош при достигнувањето на статус врвен спортист.
Член 21
Должности на репрезентативецот:
- Чесно, гордо и достојно да ја преставува Република Македонија на сите меѓународни и домашни натпревари,
- да се однесува во склад со правилата, кој му ги поставува раководството на репрезентацијата,
- да соработува на сите маркетинг промоции, презентации, акции и покровителство,
- позитивно и добронамерно да учествува во работата и припремите на репрезенатцијата,
- да не ги изнесува во јавноста проблемите и политиката на репрезентацијата,
- со ништо да не ги загрозува своите и резултатите на репрезентацијата,
- да покажува позитивно расположение и однос кон сорепрезентативците,
- во дадениот рок да го исплати финансиски долг(доколку има),
- навремено да го извести селекторот за можни повреди, болест, проблеми од приватна природа итн.
- Да ја користи уредно премата на репрезентацијата на сите јавни настапи, натревари и други активности.
Член 22
Права на репрезентативецот:
- да рамноправно учествува во работата на репрезентацијата,
- да рамноправно учествува на припремите на репрезентацијата,
- да дава писмени предлози за подобрување на работата на репрезентацијата,
- да дава писмени примедби и жалби за неправилности во работата за него и за репрезентацијата.
- да ги рекламира своите лични спонзори, покрај спонзорите на репрезентацијата.
Дисциплински мерки
Член 23
Во случај на непочитување на наведените правила и норми, репрезентативецот лесно ги губи сите права како репрезентативец.
Во случај на големи прекршувања на правилата тој го губи статусот репрезентативец.
За помали санкции, одлучува селекторот, додека за исклучување одлучува претседателството на *СКА*.
Член 24
Раководството на репрезентацијата има право да го исклучи членот на репрезентацијата од репрезенатцијата и да му забрани да се натпреварува, во следните случаи:
- доколку користи стимулативни допинг средства,
- конзумирање алкохол за време на активностите во репрезентацијата,
- пушење за време на активностите во репрезентацијата,
- намерно кршење на меѓучовечките односи внатре во репрезентацијата,
- непримерно и недолично однесување за време на активностите во репрезентацијата,
- непочитување на одлуките на раководството на репрезенатцијата,
- за сите постапки, го доведува во прашање угледот на репрезенатцијата на РМ, репрезентативците и ФПСМ*СКА*.
РАЗНО
Облека на репрезентацијата
Член 25
Облеката на репрезентацијата е облека со пропишани норми која ја користат сите репрезентативци.
Облеката на репрезентацијата се носи најмалку 3 натреварувачки сезони, се додека не се подготви нова.
За потребите на репрезентацијата задолжително е да се подготви горниот дел од облеката како елек или јакна или блузон, кратка маица, а по можност и качувачки панталони.
Член 26
Изглед на облеката(наведени се задолжителните норми):
- елек или јакна или блузон:
- Задна (грбна) страна: “Македонија“(задолжително), државна и репрезентативна ознака (опција)-на пр. “ Macedonia climbing team" .
- Предна страна - лево: државна ознака - грбот или знамето или натпис(задолжително); под ознаката може да стои спонзорот (не поголем од 10х5см);
- Предна страна - десно: име и презиме на репрезентативецот, под тоа може да стои спонзорот (макс 10х4см);
- За друг тип облека, кое не е пропишано, а сака да го користи при јавен настап треба да се придржува кон ICC правилата.
Член 27
Во случај да ја изгуби официјалната репрезентативна облека, натпреварувачот може да добие нова и при тоа ги плаќа трошоците за неа.
Надзор на работата на репрезентацијата
Член 28
Претседателството на *СКА*, најмалку два пати годишно врши надзор и дава оцена за работата на репрезентацијата. Тој надзор се прави во почетокот(по првите натпревари) и на крајот од натпреварувачката сезона.
Член 29
Претседателството внимателно ги следи извештаите на селекторот и преостанатите мислења, предлози, примедби кои се однесуваат за репрезентацијата.
Член 30
Сите одредби на овој правилник се донесени во склоп со анексот за работа на *СКА*.
Член 31
Прирачникот стапува на сила оној момент, кога *СКА* ќе го потврди.
Член 33
Прирачникот стапува на сила на состанокот на *СКА*, 03.04.2004 година.
|