|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член. 1
Правилникот го определува начинот на уредување на македонските спортско качувачки локалитети и критериум за враќање на потрешените трошоци при оклинчување или реоклинчување на насоки, во склоп на *СКА*, при ФПСМ.
Член. 2
Уредувањето на спортско качувачките локалитети во Република Македонија го води *СКА* со нејзин преставник назначен за уредување и обновување на спортско качувачките локалитети. Во склоп на својата работа тој административно и оперативно води контрола, води евиденција и дава забелешки. За помош, се консултира со други поставувачи на насоки или со искусни качувачи.
Член. 3
Во уредување на спортско качувачките локалитети влегува поставување нови клинови односно отворање нови насоки и обновување на старите веќе постоечките насоки.
ДОДЕЛУВАЊЕ ОПРЕМА
Член. 4
Опрема потребна за уредување односно отворање нови насоки се добива по пат на конкурс, кој го објавува *СКА* и го испраќа до сите клубови и друштва регистрирани во *СКА*.
Член. 5
На конкурсот до определениот рок може да се пријават клуб/друштво/отсек (или некој член од тој клуб), кој е регистриран при *СКА* и има званични државни поставувачи на спортско качувачки насоки на природна карпа. Секој поставувач на насоки својот назив го стекнал на курс за поставувач на насоки и уредувач на качувачки локалитети, кој го организира *СКА*. Пријавата треба да биде испратена(по пошта или е-маил) уредно пополнета од кандидатот, а при тоа да ги исполнува сите потребни услови за посета на курсот.
Член. 6
Кога некој конкурира за уредување и оклинчување на нови спортско качувачки насоки, тоа треба да биде карпа каде можат да се отворат најмалку 5 спортско качувачки насоки, со висина од 10м. Квалитетот на карпата треба да гарантира квалитетно и безбедно качување.
Доколку карпата е нечие сопственичко земјиште, кандидатот кој конкурира треба да обезбеди одобрување од сопственикот, а за помош може да се обрати *СКА*.
Член. 7
По завршување на конкурсот и одобрување на некои барања, се пристапува кон доделување. Доделувањето на опремата(клинови, сидришта, боја. . . ) се врши во клубот кој конкурирал или во клубот од каде е кандидатот кој конкурирал. Во пример кага кандидатот поднесува барање за опрема за оклинчување на насоки, а *СКА* истата не ја поседува, тогаш се одбива барањето за таква опрема.
КУРС ЗА ПОСТАВУВАЧИ НА НАСОКИ НА ПРИРОДНА КАРПА
Член. 8
*СКА* го организира и води курсот.
Член. 9
*СКА* го распишува конкурсот за курсот и го организира курсот за поставувачи на насоки на природна карпа, потоа распишува конкурс за доделување опрема. Двата конкурса днакво се распишуваат.
Член. 10
На курсот може да се пријави секој кој има стекнато назив спортски качувач или алпинист.
Член. 11
Курсот опфаќа теоретски и практичен дел, со давање поголем акцент на теоретскиот дел. Сите учесници добиваат мала скрипта чија содржина е редоследот на курсот и сите потребни клучни делови при оклинчување на насока на природна карпа. Сите присутни писмено потврдуваат за самоволно присуство.
Член. 12
За одржување на курсот *СКА* од
ПРЕВЗЕМАЊЕ ОПРЕМА Член. 13
Со подигање на опремата за оклинчување, поставувачот се обврзува дека истата ќе ја искористи-постави во склад со правилникот за опремување на качувачки локалитети издаден од *СКА*, при тоа употребувајќи го сето свое стекнато знаење и искуство, а истовремено држејќи се до кодексот на спортските качувачи.
Член. 14
Поставувачот кој не успеал да ги опреми насоките за кои добил опрема по пат на конкурс, обврзан е писмено да појасни зошто е не оклинчено. Во договор со *СКА* тој може да ја задржи подигнатата опрема се додека не го заврши својот проект. Доколку и ова не го направи, ја враќа опремата во *СКА*.
Член. 15
Проектот е завршен, тогаш кога поставувачот:
А) ги одстранува старите клинови во случај на преоклинчување на стари насоки, ги покрива дупките со лепило и поставува нови клинови со сидриштата.
Б) кога поставува нови клинови на нови насоки, прво ја чисти карпата (камења, блокови, трева, земја, мов итн), потоа поставува сидриште и сигурносни клинови(експанзиони или со лепило). Во случај насоките да не се во целост безбедни за качување, тогаш го напоменува во извештајот за насоката.
В) при отворање нов качувачки локалитет со нови насоки, задолжително треба да го исчисти просторот под насоките (пристап, трња, дрвја, грмушки, камења), ако е во можност да направи односно обележи место за паркинг и за тоалет.
Член. 16
По завршување на опремувањето на насоките и уредувањето на локалитетот, поставувачот поднесува целосен извештај со точниот број на поставени клинови (на образецот кој го подигнува при подигање на опремата (клинови. . . ) и го ипраќа со своерачен потпис до водачот на качувачкиот локалитет. При поднесување треба да поднесе целосен извештај за качувачкиот локалитет(место положба, оддалеченост, ориентираност, паркинг место итн), скица од насоките, висина, колку клинови, кој ги отворил и која оцена се насоките.
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ
Член. 17
Одговорното лице за уредување на МКД качувачки локалитети може да му додели клинови за оклинчување на секој оној кој го поминал курсот за поставувачи на насоки и има намера да отвора-обнови спортско качувачки насоки во качувачките локалитети низ Македонија. По завршување на курсот секој кандидат добива Диплома за завршен курс за отворање нови насоки на природна карпа и стекнува назив поставувач на насоки на природна карпа. Потоа добива прирачник во кој е содржано целиот тек на отворање насоки и кој важи за отворање спортско качувачки насоки во Македонија. Секој кој отвора насоки треба да се придржува кон тој кодекс и правила, за да се отворат безбедни и квалитетни насоки.
По завршување на курсот секој положен кандидат го става својот потпис за придржување кон наведените правила од образецот кој го потпишува. Не придржување кон правилата, го губи правото да конкурира и подига опрема од *СКА*.
Член.18
Одговорното лице одредува водач за секое спортско качувачко качувалиште, и тој е задолжен за се што се случува во него и на кој начин се случува (води евиденција, поднесува извештај, бара дополнителна опрема и помош итн)
Член.19
Одговорното лице раководи и е одговорно само за спортско качувачките локалитети во Република Македонија, се додека *СКА* не одобри некое уредување надвор од границите на државата.
ВРАЌАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАВУВАЧИТЕ
Член.20
Трошоците направени при уредување на спортско качувачките насоки може да ги подигнат поставувачите, кои се членови на клуб/друштво/отсек и во истата година по пат на конкурс од *СКА* добиле клинови и со нив отвориле-оклинчиле насоки заедно со сидришта(2 клина на крајот). Количина потребна за отворање насоки *СКА* ја одредува со одговорниот за тоа спортско качувачко качувалиште. Тогаш поставувачите на насоки добиваат максимална количина клинови за да можат да отворат што поголем број насоки за спортско качување, доколку не ги искористи сите клинови тој ги враќа во *СКА*.
Годишниот финансов план за отворање спортско качувачки насоки се прави врз основа на барањата на кандидатите и тоа колку клинови се потребни плус работни финансиски трошоци за поставувачите.
Член.21
Пред да се врачат трошоците за оклинчувањето, одговорниот за тој качувачки локалитет, го посетува локалитетот и прави преглед според правилникот и тоа најдоцна 45 дена од отворањето на новите насоки. По завршување на прегледот тој поднесува писмен извештај за завршената работа, која може да биде позитивна или негативна, во зависност од работата.
Член.22
Поставувачот на насоките, кој ја завршил работата според правилникот и отворил насоки, му се исплаќа паричен надоместок и тоа:
А) за нова насока – од лепен клин 60ден/заедно со сидриште,
Б) за обновена насока – од лепен клин 40ден/заедно со сидриште,
В) за нова насока – од експанзионен клин 30ден/заедно со сидриште.
Пресметката ја прави одговорниот за спортско качувачкиот локалитет, со потврда од соодветниот поставувач/чи на насоката/те. Во случај поставувачот изјави дека не сака да подигне соодветен надоместок за завршената работа, треба да напомене во образецот за пријавување.
Исплаќањето се врши тогаш, кога *СКА* ќе потврди.
Член.23
Услов за обновување на личната опрема (појас, јаже, григри, . . . ) за поставувачот на насоки, отворени 50 насоки. Истотака, доколку е во можност *СКА* врши враќање на средствата потрошени при уредување на качувачкиот локалитет и тоа:бензин, патарина итн.
Член.24
Поставувач на насоки кој се кандидира за враќање на трошоци при оклинчување на насоки со клинови кој тој ги набавил, може да се усвои , под услов да клиновите кои ги поставува се ист квалитет како и тие од *СКА* или се подобри. За послаб квалитет клинови, не се усвојува враќање трошоци за оклинчувањето.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член.25
Во годишниот план и програма на *СКА* може да влезе и посебен третман за еден качувачки локалитет. Имено ако се работи за локалитет кој се наоѓа во близина до некој град, локалитет кој има можност за многу насоки со високи оцени или локалитет кој е од значение за развивање на туристичкото качување, на таков локалитет треба да му се даде посебен приоритет.
Доколку цврстината на карпата е слаба, тогаш оклинчувањето ќе се изведува само со лепени клинови.
Член.26
За избор на поставувачи на насоки како горенаведени качувачки локалитети, се избираат поставувачи со искуство и кои се негова близина, или кои веќе го познаваат тој качувачки локалитет. За поставувачите на тој качувачки локалитет еднакво важи правилникот.
Член.27
За работата на некој качувачки локалитет, на избраните поставувачи им се покриваат патните трошоци, доколку патуваат и тоа: 8л за 100км безоловен бензин и 6л за 100км за дизел гориво + патарини. На поставувачот овие патни трошоци му припаѓаат за едно патување во два правци за 30 поставени клинови.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член.28
Сите промени и дополнувања на правилникот се уредуваат со анекс, кој го подготвува *СКА*.
Член.29
Правилникот стапува на сила, кога ќе го потврди *СКА*.
Член.30
На состанокот на *СКА* одржан 25.12.2004 година, се изгласа правилникот и веднаш стапи на сила.
|