насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Правилници
Правилник на СКА
Правилник за судии
UIAA Правилник за организација на натпревар
Организација на државно првенство
Норми за јуниор репрезентативци
Правила за Болдер натпревари
Правилник за МКД репрезентација
Правилник за стандарди за стекнување на називи
Правилник за стекнување називи во областа на
спортското качување
Правилник за рангирање на спортски качувач
Испит за спортски качувач
Правилник за уредување на МКД качувачки локалитети

 

 
Правилници
ПРАВИЛНИК на Спортско Качувачка Асоцијација
 

ТЕМЕЛНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Спортско Качувачка Асоцијација при Федерацијата на Планинарските Спортови на Македонија (во понатамошниот текст СКА)е Асоцијација која е одговорна за спортското качување, работи на негово унапредување во развивање на аматерските и професионални спортски качувачи како на природна и вештачка карпа на регионот на Република Македонија, со што придонесува за целокупниот развој на спортот во Македонија.

Член 2

СКА дејствува на подрачјето на Република Македонија. Седиштето е при ФПСМ, односно Ул.11 Октомври 42а, Пош. Фах 244, 1000 Скопје, Р.Македонија.

Член 3

Знакот на СКА е фигура од качувач во средината на триаголник со дел од македонското знаме.

Член 4

Печатот на СКА е округол. Во средината пишува Спортско Качувачка Асоцијација, а оддоколу Федерација на Планинарските Спортови на Македонија.

Член 5

Печатот на СКА може да го користи исклучиво Претседателот на СКА, а во негово отсуство потпретседателот.

Член 6

Работата на СКА е јавна и се остварува преку:

  • исвестување до претседателот на ФПСМ за работата и постигнатите резултати;

  • правовремено доставување матерјал за расправа до органите на СКА, и до другите заинтересирани тела и организации;

  • со отворени и достапни седници на СКА за јавноста;

  • со објавување планови, програми, одлуки и акти на СКА;

Член 7

СКА самостојно и доброволно соработува со ICC при UIAA и со неа остварува тесна соработка. Сите натпреварувачки и организациски правила на СКА се темелат на правилата од ICC UIAA. Во склоп на UIAA-ICC натпреварите, СКА остварува настапи на Македонската спортско качувачка репрезентација.

Член 8

Интересите на СКА внатре во ICC ги застапува делегат од СКА. Делегатот мора перфектно да ја познава проблематиката на спортското качување и течно да говори Англиски јазик.

Член 9

СКА тесно соработува со сите Асоцијации, комисии и тела на ФПСМ.

топ

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 10

Темелни цели и задачи на СКА се:

  • работа на развојот, унапредувањето на аматерското и професионалното спортско и натпреварувачко качување и на качувањето воопшто, како и комплетно организирање на спортското качување на целата територијата на Република Македонија;

  • Во оставарување на овие цели СКА ги врши следните должносто и задачи:

* го подигнува и усовршува квалитетот на аматерските и професионалните спортски качувачи;

  • ги брани интересите на сите членови на СКА;

  • организира школување и усовршување на сите качувачи, судии, технички делегати, местачи на стази и преостанат стручен кадар;

  • врши реклама и промоција на аматерското и професионалното спортско качување;

  • организира и води контрола на сите натпревари во Р. Македонија;

  • донесува натпреварувачки правила и правила за организација на натпревари;

  • се занивама со сите технички аспекти на спортското качуавање;

  • донесува годишена календар на натпревари;

  • води сметка за психофичката спрема на сите натпреварувачи кои се натпреваруваат во и надвор од Државата;

  • испраќа на припреми и натпревари од Светски односно Меѓународен карактер;

  • формира правилник за категоризација;

  • го унапредува информативно издавачкото дејствување преку издавање билтени, водичи, книги, и други стручни публикации;

  • обавува и организира други дејности кои допринесуваат за унапредување и ширење на спортското качување;
топ

ОРГАНИЗАЦИЈА

Член 11

Членовите на Претседателстовото се претставници од:

  1. Спортско качувачки клубови, Алпинистички клубови/друштва и Планинарски друштва каде е застапено спортското качување;

  2. Судииска комисија;

  3. Техничка комисија;

  4. Дисциплинска комисија;

Член 12

Македонските спортски качувачи се организираат во спортско качувачки клубови или спортско качувачки секции во планинарските и алпинистички клубови/друштва.

Спортско качувачките клубови и спортско качувачките секции праќаат по еден преставник во претседателството на СКА.

Член 13

Заради ефикасност во работата на СКА може да се формираат комисии. Комисиите можат да бидат од привремен и траен карактер. Преставникот од секоја комисија е член на претседателството на СКА.

Секоја комисија работи според свој правилник, кој е одбрен однсосно го донесува Комисијата.

Член 14

Према потреба, СКА може да повика и од надвор соработници заради нивна професионалност и ефикасност.

топ

УПРАВУВАЊЕ

Член 15

Спортското качување во Република Македонија го управува и води:

  • Спортско Качувачката Асоцијација при ФПСМ;

  • Претседателството на СКА;

Органите на СКА кои имаат свои помошни и работни тела.

топ

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Член 16

Бројот на членовите во претседателството е одреден според член12 и член 13.

Мандатот на членовите во претседателството трае четири години, а се потврдува секоја година на првиот состанок на СКА.

Член 17

Преставникот во претседателството на СКА ги има следните права и должности:

  • учествува во работата на претседателството и во другите органи во кој е биран на начин на кој започнува расправи и завзема став на прашања од делокругот на работата на Претседателството, односно на органите од каде е и член;

  • учествува во разгледување на сите акти кои ги предлага Претседателството и предлага заклучоци;

  • покренува постапки за измени и дополни на актите на Асоцијацијата;

  • ги извршува задачите утврдени со одлука на Претседателсвото на СКА;

Член 18

Правилникот за работа на Претседателството содржи прашања во врска со свикување, верификување мандатите на преставниците, начин на раководење со седниците, како и други прашања кои се од значење за работата на Претседателството на СКА.

Член 19

Седницата на претседателството се одржува најмалку еднаш годишно и тоа на крајот од годината и на почетокот. Седницата ја свикува претседателот, најкасно десет дена пред нејзиното одржување со објава на дневниот ред, место и време на одржување, односно доставување на соодветен матерјал. Седницата мора да се свика :

  • врз основа на заклучоците од подкомисиите;

  • врз основ на активности;

  • на барање на повеќе од 1/3 преставници од Претседателството.

Член 20

Претседателстовото предлага и донесува одлуки само ако е присутно повеќе од половина преставници на претседателстовото.

Член 21

Претседателството на СКА одлучува со повеќе гласови во случај на:

  • утврдување на основната програмската ориентација на СКА, среднорочен план на развој и годишна програма за работа на СКА;

  • предлага правилник на СКА или негови измени;

  • предлага финасиски план на СКА или предлага усвојување на финансиската состојба,

  • предлага претседател на СКА;

  • предлага бирање или разрешување на членовите на СКА;

Член 22

Претседателството донесува одлуки со јавно гласање, освен тогаш кога претседателот одлучил гласањето да биде тајно.

Претседалството е надлежно за да:

  • предлага измена на Правилникот и други општи акти на СКА, како и нивна измена и

дополна, освен оние од надлежноста на СКА;

  • предлага среднорочен план за развој и годишен план за работа;

  • предлага финансиски план и ја усвојува завршната финансиска сметка на СКА;

  • предлага членови на СКА и претседател на СКА;

  • предлага промена на името на СКА;

  • предлага одлуки за престанок на работата на СКА или нејзино здружување со други спортски организации;
  • одлучува за исклучување на членови од СКА;

  • разгледува и оценува за работата на СКА;

  • предлага делагат за во UIAA/ICC.

Член 23

Седницата на претседателството може да има и свечен карактер, по повод некои значајни случувања за СКА.

топ

ДРЖАВНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Член 24

Македонската државна Репрезенатција ја преставува република Македонија на сите Меѓународни натпревари. Бројот на членовите на репрезенатцијата се одредува според нормите на UIAA/ICC квотата.

Македонската државна репрезенатција има приоритет при распределба на финансиските средства.

Член 25

Македонскиот Спортско качувачки репрезентативец е должен да:

  • чесно, верно и во спортски дух ги брани боите на својата татковина;

  • ги почитува и извршува одлуките на тренерот и државниот селектор;

  • на натпреварите да го носи државниот дрес и облека пропишана од организатор на натпреварот;

  • да ги почитува правилата на СКА и UIAA/ICC;

  • ги исполнува сите утврдени обврски;

топ

ДРЖАВЕН СЕЛЕКТОР

Член 26

Државниот селектор го избира СКА на време од четири години, со потврда на мандатот секоја година на првиот состанок на СКА.

Државниот селектор е одговорен за:

  • составување на државната репрезенатација;

  • процена на психофизичката спремност на репрезенатција;

  • постојано пратење на работата на кандидатите за репрезентација;

  • активно водење припреми на репрезенатцијата и репрезенатцијата на натпреварите;

  • редовно ја известува СКА за својата работа и ја изработува сета потребна документација за репрезенатцијата, нејзините припреми и настапи на натпреварите, како и за сите потенцијални кандидати кои ги прати. Член 27

Државниот селектор за својата работа е одговорен пред Претседателот на СКА и пред самата СКА.

топ

ТРЕНЕР НА РЕПРЕЗЕНАТЦИЈА

Член 28

Тренер на репрезенатција го одредува СКА на период од четири години, со потврда секоја година на првиот состанок на СКА. Тренерот на репрезенатцијата е одговорен пред државниот селекторот и пред СКА.

Член 29

Должности на тренерот на државната репрезентацијата се:

  • унапредување на психофизичките способности на репрезентативците;

  • кондициска и сета преостаната психофизичка припрема на репрезенатцијата за натпревари;

  • изработување распоред на тренингот на државната репрезентација.

топ

ВОДИЧ НА РЕПРЕЗЕНАТЦИЈАТА

Член 30

Водачот на репрезенатција го одредува СКА на период од четири години, со потврда секоја година на првиот состанок на СКА. Водачот на репрезенатцијата за својата работа е одговорен пред СКА.

Член 31

Водачот на репрезенатцијата:

  • ги застапува интересите на репрезенатцијата на пат и за време на натпреварите;

  • присуствува на сите состаноци на Организацискиот одбор на натпреварот кое се поврзани со натпреварот;

  • единствен посредник е помеѓу репрезенатцијата и меѓународното жири;

  • присуствува на ждребење;

  • одговорен е за дресот на репрезенатцијата и за односот помеѓу членовите на репрезенатцијата;

  • се грижи за навремено доаѓање на натпреварувачите на стартот, прописно облечени и опремени;

  • може без право на глас да учествува на состанокот за судиите на насоката, но без право на глас;

  • единствен е кој има право да поднесе писмена жалба, доведувајќи ги во сомнеж одлуките на UIAA/ICC жирито;

  • единствен кој може да добие резултати за време на натпреварот.

Член 32

Водачот на репрезенатцијата мора:

  • да поседува одлично познавање на организациските и натпреварувачките UIAA/ICC правила ;

  • течно да говори англиски јазик.

топ

НАТПРЕВАРУВАЧИ И НАТПРЕВАРИ

Член 33

Сите видови качувачки натпревари потврдени од СКА, се организираат посебно како машки и посебно како женски натпревари.

Организирани се: локални и регионални натпревари, државно првенство, државни купови и мастерс купови. Во склад со бројот на натпреварите се составува систем на бодување.

Член 34

Сите натпреварувачи мора да бидат регистрирани во својата матична организација, клуб, друштво, кои се должни податоците од регистрацијата да се испратат на СКА.

СКА издава државна спортско качувачка лиценца-регистарска карта, која се обновува секоја година.

На натпреварите секој натпреварувач мора да поседува потврдена регистарска карта за таа натпреварувачка година.

Нерегистриран натпреварувач не може да натпреварува на натпреварите.

СКА ги наплаќа трошоците за издавање лиценца.

Член 35

Секој натпреварувач или неговиот клуб/друштво должни се на организаторот на натпреварот да му платат стартнина.

Член 36

Натпреварувачот мора:

  • одлично да ги познава правилата по кои ќе се натпреварува;

  • на време да се пријави во изолационата зона и да ги слуша известувањата од техничкиот персонал;

  • да ја провери пред стартот својата опрема во склад со правилата за сигурност;

  • да учествува во церемониите на отворање и затварање на натпреварот и доделувањето награди;

  • да присуствува на прес конференции на кои е повикан;

  • да го носи државниот дрес и натпреварувачката мајца на натпреварот;

  • да се воздржи од конзумирање било какви недозволени стимуланси и наркотици.

Натпреварувачот према судиите треба да се однесува коректно и со поштување.

Во случај натпреварувачот да не ги почитува било кои од горе наведените обврски, автоматски ќе биде дисквалификуван од тој натпревар, а за понатомошното негово учество и околу неговите дисциплински мерки ќе одлучи Дисциплинската комисија при СКА.

Член 37

На секое Државно Првенство на најдобриот му се доделува преодниот пехар. На преодниот пехар се впишува името на Државниот првак од таа година. Преодниот пехар стои во канцеларијата на Федерацијата. Секоја година се впушува името на победникот. Тој систем трае три години, каде по три години се менува, доколку некој натпреварувач не го понесе дома. Условот да го понесе дома е да биде три години по ред првак на Државно Првенство. Доколку секоја година е различен спортски качувач првак, тогаш пехарот останува во трајност на СКА.

топ

ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА

Член 38

Ја сочинуваат три члена, а ги бира претседателството во рок од две години.

Член 39

Поради неспортско однесување, недисциплина или неисполнување на обврските, членовите на СКА и натпреварувачите можат да бидат казнети со следните казни:

  • опомена;

  • забрана за активност на одредено време;

  • исклучување од СКА, односно од членство;

Начинот на покренување на постапките и изречување на казните, е одреден со правилникот на Дисциплинската комисија при СКА.

Член 40

Во дисциплинска постапка орган од прв степен е Дисциплинската комисија, а од втор степен е Асоцијација. Одлуката за исклучување од членството и од Асоцијација го донесува претседателството на СКА.

топ

МАТЕРЈАЛНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Член 41

Асоцијација ги остварува своите финансиски средства за својата редовна активност:

  • од редовните средства кои и ги дава ФПСМ;

  • собирање членарина и од прилог на членовите;

  • организирање спортски, забавни и други приредби;

  • од средства кои се остваруваат од игри на среќа;

  • од реклами, промоции и маркетинг;

  • од помош на некоја фирма(спонзорство-покровителство);

  • од средства кои се остваруваат со вршење на висинска работа;

  • и преостанат приход добиена и дозволен со законот на Р.М;

Член 42

Финансиското матерјално работење СКА го врши по позитивен пат на финансиското-матерјално работење. Сите приходи и расходи на СКА се предвидени со годишен финансиски план, кој према потребата во текот на годината може да се менува.

Член 43

Налог за исплата на средствата го одобрува Претседателот према утврдени одлуки на СКА.Секој налог или одлука за исплата мора да биде заверен со печат на СКА.

топ

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Член 45

Заради стимулирање на успехот и заслугите во развојот на качувањето, СКА доделува признанија и награди на најдобрите поединци или организации со кои успешно оработува. Признанието се доделува во облик на признание, благодарница, диплома, плакета или во облик на подарок.

Критериумот за доделувањето и начинот на доделување на признанието или наградата се утврдува на претседателството на СКА.

топ

ПРЕСТАНОК НА СКА

Член 46

СКА престанува со својата работа:

  • на предлог на Претседателството на СКА;

  • ако делува спротивно на прописите и правилата или не ги исполнва условите поради која е основана;

За престанокот на СКА одлучува Претседателстовото на ФПСМ, а имовината на СКА ја превзема ФПСМ.

топ

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 47

Правилникот на СКА го предлага претседателството на СКА, а го донесува со мнозинство гласови од вкупниот број преставници на Претседателстовото, со предходно спроведена постапка со јавна расправа.

Член 48

Нацрт предлог Правилникот го утврдува СКА и го упатува на расправа на членовите на претседателството. По истекот на рокот за расправа, поминувајќи од предлог, примедба и мислење на нацрт Правилникот, СКА го утврдува предлог правилникот и го доставува на гласање на претседателството на СКА, со обврска да на доставените примедби и мислења на начин кој одговара да се известат нивните подносители и претседателството на СКА.

Член 49

Сите комисии и преостанати органи на СКА се должни да достават свои нормативни акти во склад со донесениот Правилник и тоа во рок од 60 дена од денот на стапување во сила на Правилникот.

Член 50

Правилникот стапува во сила на денот на неговото донесување.

Измени и дополни на овој правилник се вршат на начин и постапка предвидена за неговото донесување.

Член 51

Толкување на одредбите од правилникот го дава претседателството на СКА.

Ноември 2003, Скопје
топ


 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved