ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Правилникот ја одредува работа на судиската комисија и на судиите
во спортското качување.
Член 2
Во овој Правилник не се наведени некои работи, бидејќи се во Натпреварувачкиот
Правилник на Спортско Качувачката Асоцијација (во понатамошниот
текст *СКА*). За измена на членовите овој правилник *СКА* одлучува
взаемно со началникот на Судиската комисија.
СУДИСКА КОМИСИЈА
Член 3
Судиската комисија е составена од судии со Државна лиценца од
*СКА*.
Член 4
Судиската комисија е координативно тело при *СКА* и е одговорно
за работата на судиите и судиската работа на натпреварите во спортско
качување, а е одговорна пред *СКА*.
Член 5
Судиската комисија организира и ја води судиската работа внатре
во *СКА*, се грижи за квалитетот на судењата, овозможува правилно
и фер судење и ги исполнува судиските задолженија.
Член 6
Судиската комисија се придржува и работи според Правилникот на
*СКА*.
Член 7
Задачи на судиската комисија се:
- да ги застапува интересите на *СКА*,
- да ги застапува интересите на судиите и да ја координира работата
на
судиите,
- да води регистар на активни и неактивни членови,
- да дава свои предлози во натпреварувачкиот Правилник,
- да ги организира и ги води семинарите и испитите за судии,
- да се грижи за информирање на сите државни судии,
- да ги казнува прекршителите на судиската работа и кодекс на
судиите,
- да ги разгледува и одлучува за сите примедби и жалби на работата
на
судиите,
- на *СКА* и предлага кандидати за понатамошно полагање и стекнување
титула Меѓународен судии,
- да спроведува други одредби во согласност со *СКА*.
Член 8
Судиската комисија ја води и застапува претседателот на комисијата.
Тој е одговорен да ја спроведува програмата донесена од судиската
комисија и за неа одговара пред *СКА*. Мандатот на претседателот
на судиската комисија е две (2) години.
Член 9
Претседателот своите зададени задачи ќе започне да ги спроведува,
оној момент кога ќе ги потврди *СКА*.
Член 10
Претседателот на комисијата треба да има 3 години активен непрекинат
судиски стаж.
Член 11
Задачите на претседателот на комисијата се:
- да го подготви и го води годишниот судиски семинар,
- да подготви покана и извештај од судискиот семинар,
- на крајот од натпреварувачката сезона треба да го подготви годишното
известување за работата на судиите и да го предаде најдоцан 30-сет
дена по завршетокот на Државното Првенство.
- да предлага главни судии за натпреварите во сезоната(два пати
годишно) и да им помага во работата,
- да се грижи за квалитетот на судењата,
- да активно учествува во работата на *СКА* на сите подрачја од
судиската работа,
- да ги застапува интересите на судиската комисија.
Член 12
Претседателот на комисијата има право да предложи суспензија на
некој судија до крајот на натпреварувачката сезона. За конечната
одлука одлучува *СКА*.
Член 13
Претседателот на судиската комисија за својата работа одговара
пред *СКА*.
НАЗИВИ
Член 14
Судиските називи на подрачјето на спортското качување се:
- судиски приправник,
- судија на насока
- главен судија
Член 15
Судија приправник може да стане секој, кој успешно ќе го помине
семинарот и испитите за судија во спортско качување, организаран
од *СКА*.
Член 16
Услови за пријава на семинарот се: членство во ФПСМ*СКА* и полни
18 години.
Член 17
Судија спортски качувач ќе стане секој судија-приправник, кој
добил позитивна оцена од практичната работа, која содржи три(3)
судења на државно ниво, од кои едно(1) тежинско, едно(1) брзинско
и едно(1) болдер Државно Првенство. На едно од овие три Првенства
треба да биде асистент на главниот судија.
Потоа тој треба да добие три(3) позитивни оцени од највеќе четири(4)
натпревари. Во пример на една(1) негативна оцена од тие три(3)
натпревари, тој не го поминува практичниот дел, а воедно ја губи
титулата судија-приправник.
Член 18
Оцената на практичниот дел за судија-приправник се:
- позитивно (+)
- негативно (-)
- неодредена (0)
Член 19
Позитивна оцена добива судија–приправник, кој суди и делува во
склад со Натпреварувачкиот правилник.
Негативна оцена добива судија–приправник, кој од некои причини
не суди и работи во склад со Натпреварувачкит правилникот.
Неодредена оцена се доделува тогаш, кога судијата – приправник
работи со помал ангажман.
Член 20
Судијата стекнува право да суди како главен судија, по стекнато
искуство како судија на насока и тоа на две(2) Државни првенства
како судија на насока.
Член 21
Изборот на судиите го води судија кој има Меѓународна лиценца или
пак 5-години е непрекинато активен државен судија.
ЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА СУДИИ
Член 22
Лиценцирањето на судиите е во согласност со *СКА* и треба да биде
во склад со одредбите на тој правилник. *СКА* ги потврдува лиценците
за тековната натпреварувачка сезона на предлог од претседателот
на судиската комисија.
Член 23
Лиценци за тековната натпреварувачка сезона ќе стекнат сите судии,
кои ќе го посетат годишниот семинар за тековната сезона, а воедно
и ќе ги исполнат следните услови:
- судење или асистирање на Државното првенство во претходната
натпреварувачка сезона-година или
- активна судиска лиценца од ICC-UIAA
Член 24
Судиите кои немаат услови за подигање на тековната судиска лиценца,
можат повторно да ја активираат, така што ќе го посетат годишниот
семинар за судии и ќе направат една судиска асистенција во тековната
натпреварувачка сезона.
ГОДИШЕН СЕМИНАР
Член 25
Годишниот судиски семинар треба да биде организиран секој 14 ден
пред почетокот на натпреварувачката сезона за Државната лига воспортско
качување.
Член 26
Семинарот го свикува и организира претседателот на судиската комисија.
Поканите треба да бидат испратени 14 дена пред почетокот на семинарот.
Член 27
Задолжителни теми на семинарот се:
- анализа на изминатата натпреварувачка сезона,
- преглед на повеќеважни определби од натпреварувачкиот правилник
за
тековната натпреварувачка сезона,
- распоред на судењата на натпреварите од државната лига,
- секои две(2) години меѓусебна проверка на судиите за судиските
правила.
Член 28
На семинарот се води записник, кој претседателот на судиската комисија
треба да го предаде на *СКА*, најдоцна 5 дена по завршување на семинарот.
СУДИСКИ НАЧЕЛА
Член 29
Судијата треба да ја обавува својата судиската работа во склад
со судискиот правилник, начелата за судење и да го запази основниот
етички судиски кодекс.
Член 30
Судијата треба да се придржува кон следните начела:
- СИГУРНОСТА на натпреварувачите и преостанатите учесници,
- ЕДНАКВИ услови за сите натпреварувачи и ЕДНАКВОСТ помеѓу
натпреварувачите,
- ПРИЛАГОДУВАЊЕ на судиските критериуми во оквир на
Натпреварувачкиот правилник,
- ОБЈЕКТИВНОСТ – судијата не смее да суди на насока на која качува
некој негов роднина, а не може да биде главен судија доколку на
натпреварот има некој негов роднина.
ЗАДОЛЖЕНИЈА НА СУДИИТЕ
Член 31
При извршување на судиската функција, судијата треба да си ја
носи судиска идентефикациска легитимација, која ја издава *СКА*.
Член 32
Задачите на главниот судија на натпревар се:
1. Најдоцна 45 минути пред почетокот на натпреварот да ја провери
изолационата зона и спореди дали е во склад со натпреварувачкиот
правилник. Во изолационата зона да ја огласи стартната листа.
2. Врши проверка на чистотата, уреденоста и на сигурноста на
натпреварувачкиот простор,
3. Најдоцна 30 минути пред стартот на натпреварот да ја провери
присутноста на на преостанатите судии,
4. Делегира задачи на преостанатите судии(скици, . . . )
5. Ја затвора изолационата зона,
6. 20 минути пред стартот на натпреварот свикува технички збор,
каде е задолжителна присутност на водачот на натпреварот, докторот
и на сите судии. Техничкиот збор го води главниот судија. На техничкиот
збор се проверува присутноста на секој потребан личност, на техничката
опрема, која е потребна за непрекинато и непречено одвивање на натпреварот,
а е во склад со Натпреварувачкио правилник на *СКА*.
Главниот судија прави извештај од техничкио збор, кој тој лично
го потпишува, водачот на натпреварот и докторот. Доколку се заклучи
дека недостасуваат дел од техничките средства потребни за организаирање
наеден натпревар, стартот може да се пролонгира или пак натпреварот
да се откаже.
7. Главниот судија го води огледот на стазата,
8. Во договор со водачот на натпреварот, го започнува натпреварот,
9. Во случај кога главниот судија е и судија на насока, веднаш
ја превзема и применува таа функција,
10. За време на натпреварот по потреба активно соработува со преостанатите
судии и со водачот на натпреварот,
11. По завршување на првиот круг од натпреварот(полуфинале), ја
проверува точноста и правилноста на резултатите,
12. Изготвува извештај од натпреварот и најдоцна три(3) дена по
натпреварот треба да го достави известувањето до *СКА*.
Член 33
Задачите на судијата на насока се:
1. Најкасно 35 минути пред почетокот на натпреварот, треба да се
пријави кај главниот судија на натпреварот,
2. Помага при проверка на условите за одржување на натпреварот
и воедно предупредува за неправилностите,
3. Ја проверува скицата од натпреварувачката насока, на која тој
суди,
4. Присуствува на Техничкиот збор,
5. Помага при оглед на стазата,
6. Суди на својота насока-стаза,
7. Преглед на резултатите од својота насока и проверка на нејасни
делови,
8. Во случај, кога неговата судиска работа е завршена, веднаш помага
кај судиите колеги,
9. Во случај на некои повеќе важни прекршувања на крајот од натпреварот,
треба веднаш да подготви извештај и да го достави до главниот судија
или најдоцна три(3) дена по натпреварот да ги достави до *СКА*.
Член 34
Преостанати задачи на главниот судија:
1. Дава одговор на жалбите од страна на натпреварувачите или нивните
преставници,
2. Помага на колегите судии во изготвување на резултатите
3. Активно учествува во раководење на натпреварот,
4. Судија, кој ја надгледува работата на судијата–приправник, треба
да даде оцена за неговата практична работа.
ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАР
Член 35
Записникот од натпреварот треба да содржи:
- образец “Извештај од Главниот судија“ (напишан рачно),
- сите резултати од натпреварот(квалификации, полуфинале, финале)
- во случај на технички инцидент по член Х36 од натпреварувачкиот
Правилник, видео касета од спорниот инцидент(од тежински натпревар),
Член 36
Жалбите од натпреварот за работата на судијата, ги разгледува
судиската комисија. Таа е составена од претседателот судиската
комисија и два(2) преставника од судиите, кои ги именува претседателот
на комисијата.
Комисијата го предава својот извештаја на *СКА*, која содржи жалба,
мислење на судиската комисија, повеќе важни спорни состојби, мислење
на главниот судија и мислење на инволвираниот судија.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 37
Правилникот стапува на сила, оној момент кога ќе го одобри *СКА*.
Член 38
Врз основа на член 37 од *СКА* , на состанокот на *СКА* одржан
на 03.04.2004, во салата Машински, Правилникот за судии стапува
на сила.
Октомври 2004, Скопје
|