Домот е лоциран во центарот на Демир капија, на само 20тина минути од терените за качување. Отворен е преку викенди, а со најава може да биде на располагање преку цела недела.
Одговорно лице:
ПЛАНИНАРСКО ДРУШТВО “ЗМЕЈОВЕЦ“-Демир Капија,
Мартин Евтимов. Тел. 070 759 617 и 076 599 952
E-mail. zmejovec2005@yahoo.com
Со Планинарскиот Дом “Калабастер“ раководи Спортско Качувачката Асоцијација при Федерацијата на Планинарските Спортови на Македонија.
Домот располага со:
- Просторија за дневен престој со ТВ приемник и ДВД плеер
- 9 соби со по 4 кревети за спиење
- Кујна со фрижидер и плинско за готвење
- Три WC простории со два умивалника
- Туш просторија со три умавалника
Престојот во собите е со сопствена вреќа за спиење, од домаќинот добивате чисти чаршави и перница.
Цената за престој во домот е:
- Со членска карта од ФПСМ со важечка маркичка - 150 ден.
- За сите останати - 300 ден.
За направена штета при престој во домот, се плаќа цената на чинење на штетата. |