насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Локалитети
Матка
Демир Капија
Охрид
Штип
Битола
Најтешки светски насоки
Калабастер, Демир капија
Болдер вежбална Џамбаз

 

 
Локалитети
КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТ “МАТКА“

Матка е 15 км од Скопје, во правец кон Тетово. Нуди спортско качувачки и алпинистички насоки. Матка е неурбана област лоцирана на реката Треска и езерото Матка. Во областа постојат Македонски православни манастири кои датираат од 13 век, кои се достапни по кратки и долги планинарски патеки. До Матка лесно можете да дојдете со возило и со градски автобус број 60. Автобусот поаѓа на секои 100 минути од Скопје. Со возило стигнувате до паркингот, над кајак стазата и од таму продолжувате, одејќи до планинарскиот дом “Матка“. Од планинарскиот дом Матка се ориентирате во кој сектор сакате да качувате.

Структура на карпа:
Варовник. Внимавајте, на пролет им големи одрони. Носете секогаш заштитен шлем!

Качувачка сезона: На Матка може да се качува преку целата година. Најдобриот период е од март до јуни и од септември до ноември. Во зима кога има сончеви денови во некои сектори може да се качува и по кратки ракави.

Оклинченост: Спортско качувачките насоки се добро оклинчени со експанзиони клинови. Во летниот период внимавај на змии.

Сектор ОТМАРОВА КАРПА
Локација: Планинариш по патеката која оди до манастирот Св. Никола Шишевски се до подножјето на карпата. За насоките од првиот дел скршнуваш во лево оној момент кога планинарската патека се доближува до карпата. Потоа се спушташ по патека која врви покрај самата карпа. Имињата на насоките се напишани на самата карпа.

Сектор: ЦЕНТРАЛА
Локација: Овој сектор е од десната страна на планинарската патека која води кон манастирот Св. Никола Шишевски, кога приоѓаш од Хидроцентралата Матка, преку мостот лево од централата.
Сезона: Летен период. Карпата е северно ориентирана.

Сектор: Планинарски Дом МАТКА
Локација: Тука има неколку насоки кои се на карпата веднаш позади домот. Доцна пролет, лето и рана есен е најдобриот период за качување. По дожд карпата е лизгава.

Сектор: Карпа ПИЕР
Локација: Овој сектор е лоциран на карпата над планинарскиот дом Матка, на 200м од езерото. Позади планинарскиот дом, се движите по планинарската патека и на 200м од десната страна се отвора карпата.

Сектор: МАТКИНО ТРЛО
Локација: Од манастирот Св. Никола Шишевски, одете по првата десна планинарска патека која води директно на гребенот односно полјаната над манастирот. Од полјаната води тесна планинарската патека во десно се до следниот гребен. Кога ќе стигнете до вториот гребен пред вас е третиот гребен, гребен под кој е карпата со насоките. По патот има маркација со светло сина боја.
Структура на карпа:Варовник
Качувачка сезона: Идеално зимско качувалиште. Јужно ориентирано.

 




 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved