Охрид и Охридското езеро се добро познати на македонската, па и на светската јавност. Качувачките сектори во Охрид се покрај езерото и под планината Галичица.
Сектор Св. КАНЕО
Локација: Карпата е лоцирана во регионот “горна Варош“ всушност во стариот дел на Охрид, под манастирот Св. Канео. Пред влезот на манастирот Св. Канео скршнувате во лево и се симнувате кон езерото. Пред крајот на скалите од лево е карпата.
Структура на карпа:Кршлив црвен варовник
Качувачка сезона: Преку целата година. Во зимскиот период качувањето е возможно попладне доколку има сонце.
Сектор: КАРПА ТРПЕЈЦА
Локација: На плажата во селото Трпејца, одите во лево и по 100м, кога ќе се изгуби видикот од селото, ќе забележите мала карпа, кога излегува од плитката вода и ја пресекува плажата.
Структура на карпа: Варовник
Качувачка сезона: Преку целата година. Во зимскиот период, попладне кога има сонце.
Сектор: КАРПА Св. НИКОЛА
Локација: Од Охрид во правец кон Св. Наум, на само 3км од кампот Градиште, се одвојува земјен пат во десно. Продолжувате на земјениот пат се до најголемата полјана-ширина. Тука се паркирате доколку сте со возило. Од таму продолжувате надолу по ист таков земјен пат (може со теренско возило). На крајот патот продолжува по планинарска патека, која се спушта се до езерото преку дворот на манастирот(остатоците од него). Продолжувајќи понатаму порај карпата од лево и езерото од десно, а следејќи ја црвената маркација, ќе дојдете до насоките.
Структура на карпа: Црвен Варовник
Качувачка сезона: Преку целата година. Качувањето во летниот период е одлично до пладне, а во зимскиот период после пладне.
Сектор: Карпа ЗЛИ ДОЛ
Локација: Од Охрид во правец кон Св. Наум, после селото Трпејца, патот се одвојува во лево кон Националниот парк Галичица, на планината Галичица. По 1 км ти можеш да го паркираш своето восило на првата од десно ширинка, која се наоѓа под ниска карпа. На крајот од карпата во десно е влез во шумата, впрочем тоа е почетокот на планинарската патека. По 15 минути трекинг влегуваш помеѓу карпите на Зли Дол. Од двете страни и лево и десно се наоѓаат насоките.
Структура на карпа:Варовник.
Качувачка сезона: Идеален качувачки локалитет во летниот период.

|