насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
НАЈНОВИ Вести
20.03.2007
Извештај од натпревар
12.03.2007
Државна лига
09.03.2007
Европско првенство, Бирмингам
22.02.2007
Регистрација, Правила, Прегледи..
22.02.2007
Семинар after
16.02.2007
Лиценци
07.02.2007
Семинар
31.01.2007
Формирана IFC
23.01.2007
Членски карти и лиценци за 2007
10.01.2007
Календар на активности 2007

 

архива...

 

 
Вести 2006

05. 12. 2006

Државно Првенство, 03.12.2006 - after party


Повторно салата на Машински факултет Скопје беше професионално уредена и подготвена за Државното Првенство во спортско качување за 2006 година. На двете вештачки карпи во салата се натпреваруваа спортските качувачи во сите категории. Стазите ги поставија Владимир Трповски (АСКК“Екстрем“) и Горан Кузмановски (АК“Вертикал“). Сите се качуваа на 1/2 финална насока, за да повторно се качуваат за прво место на финалната насока. Судиите Светозар Антовиќ и Лидија Мимова одлично ja завршија својата работа, како и секогаш.

Најдобрите беа:

Дисциплина “Во ВОДСТВО“

МАЖИ
1. Дејан Петровски-Декла, АСКК “Екстрем“
2. Јован Иванов, АСКК“Х-Чаленџе“
3. Филип Тасевски, АСКК “Екстрем“

ЖЕНИ
1. Маја Петровска, АСКК “Екстрем“
2. Ина Милошевска, АК “Вертикал“
3. Елина Наунова, АСКК“Х-Чаленџе“

ЈУНИОРИ
1. Лазар Банов, АСКК “Екстрем“
2. Ванчо Наунов, АСКК“Х-Чаленџе“
3. Горан Мишков, АСКК“Х-Чаленџе“

ЦИЦИБАНИ
1. Богдан Бетински, АСКК “Екстрем“
2. Дарко Герасимовски, АК “Вертикал“
3. Виктор Трповски, АСКК “Екстрем“

Дисциплина “БРЗИНСКО“

МАЖИ
1. Дејан Петровски-Декла, АСКК “Екстрем
2. Данило Апостолски, АСКК “Екстрем
3. Зоран Пејковски, АСКК “Екстрем

Нека им е честито !!

топ
05. 12. 2006

Болдер Натпревар и Седница на СКА


Ве поканувам на последниот натпревар, односно Државното Првенство во болдер, во оваа 2006 година кое ќе се одржи во Битола на 23. 12. 2006 (сабота) во спортската сала при ДСУ “Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Подетални информации ќе добиете пет дена пред натпреварот. По завршување на натпреварот ќе се одржи годишна седница на *СКА*, каде ќе треба да се донесат одлуки кои се од огромно значење за иднината на *СКА*.

Дневен ред на седницата

1. Извештај на претседателот за работата на *СКА* во качувачката сезона 2006

2. Извештај на претседателите на комисиите:
- судиска комисија, Лидија Мимова
- за уредување на качувачки локалитети, Илија Ристовски

3. Предлог за оформување на две нови тела:
- Комисија за маркетинг
- Стручен одбор

4. Усвојување на календарот на активности за 2007 година. Сите клубови треба да излезат со предлог датум за организација на натпревар и качувачки камп или Рок Трип,

5. Календар за полагање на судии, инструктори и спортски качувачи на државно ниво,

6. Правна регистрација на *СКА* и нејзино влегување во Агенција за Млади и Спорт,

7. Разно

Оваа седница е од историско значење од причина што во 2007 година се очекуваат активности кои ќе ја подобрат иднината на сите спортски качувачи и на нивните клубови. Ве каниме да одвоите барем еден викенд кој ќе го посветиме на спортското качување и да присуствуваме на натпреварот (како натпреварувачи или како гледачи), за да по него што помасовно ја одржиме седницата на *СКА*. На седницата освен овластените преставници на клубовите, можат да учествуваат и другите членови, но без право на глас.

Со спортски поздрав,
Претседател на *СКА*
Владимир Трповски

топ
04. 12. 2006

ПОКАНА ЗА МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ "ЧЕТРИ АЛПИНИСТИ"


Ве известуваме дека по повод осум години од загинувањето на четворицата алпинисти на АК "Исак Русо": Влатко Боцевски (Влатче), Бранислав Ристовски (Бранче), Огњан Филиповски (Оги) и Предраг Толмачев (Пеџа) од 08 до 10 декември 2006, АК "К2" ќе го организира, осмиот по ред меморијален марш "Четри Алпинисти" на падините на планината Јакупица.
По тој повод ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и со тоа да одадеме почит на нашите другари - алпинисти.

И оваа година како и минатите ќе биде подигнат алпинистички логор на ливадата над планинарскиот дом "Чеплес", пред влезот во шумата. На логорувањето ќе можат да се приклучат сите оние кои имаат доволно опрема за логорување во зимски услови. Останатите ќе се сместат во домот "Чеплес". Како новитет оваа година, доколку условите на планината го дозволуваат тоа, ќе биде формирана и една група која патеката до врвот и назад ќе ја мине со турно скии. Затоа сите оние кои поседуваат ваква опрема се добродојдени да се приклучат кон оваа група. За време на целиот настан во домот ќе има непрекинати проекции на филмови со алпинистичка - планинарска содржина.

Програма на меморијалот

08.12.2006 (петок)

Пристигнување во планинарскиот дом "Чеплес" во попладневните и вечерните часови и подигање на алпинистички логор.

17:00 - 18:30
- За оние кои не знаат или не се сигурни како да пристнигнат до пл. дом "Чеплес" ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица).

22:30 - Отворање на меморијалот

09.12.2006 (сабота)

08:00 - Старт на маршот. Посета на месноста "Горна Бабина Рупа" и искачување на врвот "Солунска Глава".
16:00 - Ручек (планинарско гравче)
18:00 - Потсетување на нашите другари и нивното дело
19:00 - Видео презентации
20:00 - Планинарска вечер

10.12.2006 (недела)

Кратки прошетки
12:00 - Затворање на меморијалот
13:00 - Заминување

Напомени:
1. За искачувањето од пл. дом "Чеплес" до врв "Солунска Глава" задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.).
2. Во логорот ќе се изврши и основна едукација за начинот на претстојување (бивакување) во планина во зимски услови.
3. Од Скопје на 08.12.2006 (петок) со возот за Битола во 14:30 ч. ќе замине организирана група. За сите кои сакаат да се приклучат кон оваа група, зборното место се шалтерите на железничката станица најдоцна до 14:10 часот.

За повеќе информации на тел.: 070 617 821 или 070 383 669.

Со спротски поздрав
АК"К2"

топ
30. 11. 2006

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ

Датум: 03. 12. 2006

Место на одржување:
Вештачка карпа во спортска сала при Машински факултет Скопје

Судии:
Светозар Антовиќ - претседател на судиско жири
Александар Чорбески – судија
Лидија Мимова – судија
Слободан Соколоски – судија
Владимир Трповски – судија поставувач

Редослед на натпреварот:

11. 30 – 13.30h – регистрација

13.00h – отворена изолациона зона за мажи и жени

13.45h – затворена изолациона зона

13.55h – оглед на стазата за мажи, жени, јуниори и цицибани

14.00h – старт на мажи и жени и цицибани

По завршување на жените на истата насока качуваат Јуниорите. Сите натпреварувачи, мажи, жени, јуниори и цицибани качуваат по два пати на различни насоки (според новиот правилник на ICC UIAAclimbing). По звршување на делот “во водство“, следи брзинскиот натпревар.
Прогласување!




топ
16. 11. 2006

“РОК ТРИП“, Матка - after party


Честитки и благодараност за успешно организаран и одржан Рок Трип на Маткино Трло. Сите се уверивме дека ваквите настани треба да се организираат, затоа што се голем напредок за нашето качување.


топ
15. 11. 2006

ПРОМЕНА НА КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ 2006


Ве инофрмираме дека дојде до промена на објавениот календар на активности на *СКА*. Причината е подобра подготовка за престојното Балканско Првенство во Кладово, Србија кое ќе се одржи на 08-09 Декември 2006 година. Од таа причина датумот на одржување на Државното Првенство во водство и брзинско ќе биде на 02 Декември 2006 во Скопје, а Државното Првенство во Болдер ќе биде 23 Декември 2006 во Битола. Подетални информации ќе добиете дополнително. Исто така состанокот на *СКА* ќе биде во Битола по натпреварот, за кој ќе добиете дневен ред. Доколку имате предлог за дневниот ред, слободно доставете го на email адреса contact@climbing.org.mk.


топ
07. 11. 2006

“РОК ТРИП“ НАТПРЕВАР, Матка


Датум на одржување: 11 (сабота) и 12 (недела) ноември, 2006

Место на одржување: Маткино Трло, Матка

Старт на натпреварот: Стартот е од 10.00, а настанот ќе трае до 16.00 часот. Доколку има заинтересирани кои сакаат да започнат со качување порано во денот, тоа нема да преставува никаков проблем, само треба однапред да најават.

Правила: Секој пар се пријавува на Трло пред да започне со качување. При тоа добива карта (лист) на кој треба да ги внесе искачените насоки. Секоја искачена насока со “Црвена Точка“ носи соодветни поени. Секој пар качува насоки на Маткино Трло, вкупно 20 спортско качувачки насоки. Ако од еден пар и двајцата качувачи искачат иста насока, добиваат двојно поени. Секој пар носи своја опрема за качување. Доколку има недостиг од опрема, “НОВА ИДЕА“ ќе помогне со изнајмување (бесплатно).

Напомена: Натпреварот ќе биде или во сабота или во недела, во зависност од временските услови. Заради недостаток на греење во Планинарскиот Дом Матка спиењето таму не го препорачуваме. Ние како домаќини можеме да понудиме сместување на дел од качувачите, доколку немаат каде да се сметат во Скопје. Друга можност е престој во шатори во конаците на Св. Никола Шишевски, Матка.

Прогласување: Прогласување на победникот ќе биде проследено со журка доколку натпреварот биде во сабота. Доколку прогласувањето се случи во недела, тоа ќе се одржи во Болдер вежбалната во Скопје, каде ќе се одржи мини состанок на *СКА*, на кое ќе ве иноформирам за промените во UIAA.

топ
09. 10. 2006

Одложување на "Big Wall speed climbing", Матка и
одржување на
качувачки камп Демир Капија


Во викендот на 14 и 15 Октомври, 2006 според календарот на активности беше најавен натпревар “Big Wall speed climbing” на Матка. Временската прогноза предвидува дожд. Иако метеролозите понекогаш изненадуваат со точна временска прогноза, одлучивме да бидеме предпазливи и го одложуваме натпреварот за некој поубав, сончев период.

За да го искористиме викендот, на 13, 14 и 15 Октомври иницираме собир на Демир Капија. Доколку времето дозволува ќе качуваме, односно ќе одржиме качувачки камп. Доклоку времето не е на наша страна ќе ги продолжиме активностите околу уредување на нашата качувачка куќа. Ќе ги продолжиме од причина што Струмичани, АСКК “Но лимитс“, минатиот викенд започнаа со чистење и го собраа целиот голем смет од собите. Значи ни преостанува уредување на собите. За сите кои ќе се приклучат на акцијата, прв чекор е набавка на врата и поставување на клубската соба. Секој клуб кој е член на СКА ќе има своја соба. За поедноставување еве еден совет: една врата на Бит пазар во Скопје чини 500 денари, (ако сте успешни во пазарлук може и помалку). Потоа можете да набавите поликолор (бел, зелен, црвен..) и да ја молерисате вашата клубска соба. Останатото е дел на вашата фантазија и желба за уредување. За најдобро уредента соба следи награда. Прогласувањето на најдобрата соба ќе биде кога собите ќе бидат целосно уредени.

На сите им посакуваме успешно започнување и завршување на овој проект, кој е од големо значење за нас.

Во продолжение погледнете што направија членовите на АСКК “Но лимитс“ за нас.

Пред


dk smet1

Акција

dk citenje1

После

dk cistenje

топ
06. 10. 2006
Курс за спортско качување


Спортско Качувачката Асоцијација преку своите клубови во Македонија организира курс за спортско качување. Курсот започнува на 16 Октомври 2006 година. Времетраењето на курсот е 7 дена и тоа:

I дел:
Викенд
сабота вештачка карпа
недела природна карпа

II дел:
Вторник – Болдер вежбална / теорија и качување
Среда – Болдер вежбална / теорија и качување
Четврток – Болдер вежбална / теорија и качување

III дел:
Викенд
сабота вештачка карпа / природна карпа Матка
недела природна карпа Демир Капија

Може да се пријават сите на возраст од 7 до 77 години !

Цената е:
За деца до 11 години = 1.000 денари
Кандидати од 11 до 16 години = 2.000 денари
Кандидати од 16 години = 3.000 денари

Контакт:

СКОПЈЕ - АСКК “Екстрем“, Иле:
моб. 070 206 350
email:ilijafurka@yahoo.com

ШТИП – АСКК “X-Challenge“, Боби:
моб.070 527 586
email: bobiextrem@yahoo.com

СТРУМИЦА – АСКК “No-Limits”, Кире:
моб. 070 781 685
email: xcult.sr@gmail.com

НЕГОТИНО – АСКК “Стенае“, Ацо:
моб. 075 615 931
email: askkstenae@yahoo.co.uk

БИТОЛА – АК “Вертикал“, Горан:
моб. 070 803 706
email: gkuzeto@gmail.com

топ
02. 10. 2006
Државен куп во спортско качување
30.09.2006 - Струмица


Во одлична атмосфера, во спортската сала “Никола Карев“ во Струмица, се одржа натпревар во спортско качување, кој е дел државната лига во спортско качување. Организаторот АСКК “Но Лимитс“ при ПАОК “Ентузијаст“ со својот организациски подмладок, топло ги пречека натпреварувачите од цела Македонија, а во весела атмосфера се навиваше и се бодреа натпреварувачите.

st2st3

Иако стазата беше тешка, 6б на почетокот, 7а во превисот и 7а+ на крајот, сепак најдобриот во суперфиналето ја помина. Овој пат во апсолутна категорија победи Штипски јуниор. Штипјаните од АСКК“Х-Чаленџе“ ја имаа потполната доминација на самиот натпревар.


Резултати во водство:

Мажи
1. Јован Иванов / АСКК“Х-Чаленџе“
2. Зоран Пејковски / АСКК“Екстрем“
3. Илија Ристовски / АСКК“Екстрем“

Жени
1. Ина Молошеска / АК“Вертикал“
2. Јасмина Зајкова / АК“Вертикал“
3. Биљана Серафимовска/АСКК“Но-Лимитс“
3. Марија Спасова / АСКК“Х-Чаленџе“

Јуниори
1. Ване Наунов / АСКК“Х-Чаленџе“
2. Ристо Вучков / АСКК“Но-Лимитс“
3. Горан Мишков / АСКК“Х-Чаленџе“

1. Виктор Трповски / АСКК“Екстрем“
2. Кристијан Ивановски / АСКК“Х-Чаленџе“
3. Мирјана Стојанова / АСКК“Х-Чаленџе“

топ
18. 09. 2006
Качувачки камп и “BIG WALL SPEED CLIMBING “ НАТПРЕВАР
13, 14 и 15 oктомври, 2006 - МАТКА


Пред неколку години започнавме со организација на натпревар на долга насока, каде во наврски се натпреварувавме на насока долга повеќе должини на едно јаже. По повеќе разговори кои ги направивме оваа година помеѓу нас, спортските качувачи, одлучивме и оваа година да организираме натпреварот кој носи име “Big Wall speed climbing”натпревар. За време на одржувањето на натпреварот ќе има и качувачки камп. Качувачки камп од причина што тоа е Европски тренд. Јован Иванов е наш член кој беше на обука за организација на кампови и собири, и се стекна со назив Инсктруктор за OUTDОOR активности. Преку стекнатото знаење тој ни посочи и не подучи, дека сите вакви активности се нарекуваат кампови. Од таму и ние го менуваме називот собир во камп. Во иднина сите собири и табори кои се организараат за спортско качување ќе се нарекуваат кампови.

Распоред на кампот:

13.10.2006 (петок)
Пристигнување
20.00h - Пријавување во Планинарскиот дом Матка

14.10.2006 (сабота)
10.00h - Отворање на качувачкиот камп
Качување
20.00h – Презентации на филмови и фотографии

15.10.2006 (недела)
10.00h – Старт на натпреварот “Big Wall speed climbing”, Панчев насока. Тежина 6а
14.00h – Прогласување на победниците и затворења на кампот

Правила: Стартуваат наврски (парови). Треба да се искачи насоката “Панчев“ која има должина 4 должини на јаже. Не е дозволено помагање со комплети при напредување. Секое сидриште е обележано. Во насоката постојат и се вкопчуваат експанзиони клинови. Дозволени се падови. Потребно е минимум 50 метри јаже, 20 комплети (лична гуртна и две матици) и заштитен шлем. На стартот има еден судија кој го стартува времето и на крајот еден судија кој го стопира.

Се надеваме на ваше учество и на добар спортски викенд. Можете да поканите што повеќе вљубеници на качувањето да го следат овој настан и воедно да пробаат да се качуваат на карпите на Матка.


топ
11. 09. 2006
UIAA-Open routes setter climbing camp
Охрид 2006


Заврши долго очекуваниот качувачки камп во Охрид. Имено за нас Македонците кампот започна уште на 10ти Август кога тимот за отворање насоки составен од Александар Кленов, Иле, Ласте, Јован, Ване, Кире, Горан и Владо заминаа за Охрид. Во секторот “Зли Дол“, Галичица се работеше напорно, бидејќи самата карпа е превисна, теренот над карпата ужасен, а под карпата многу дрвја кои пречат во качувањето. Подготовките со напорна работа беа успешно завршени. Известувања од работата и локалитетот може да најдете на оваа страна Зли Дол, Охрид.

Во периодот на подготовки отворањето на повеќето насоки беше со асистенција на Алекс Кленов, но имаше и насоки кои беа отворени без асистенција, вклучително и насоките на карпата кај Св.Никола (с.Трпејца).

Кампот започна на 03ти Септември, а дојдоа учесници - гости од Словенија, Русија, Грција и Србија. Качувањето на почетокот на кампот се одвиваше на карпата кај Св. Никола. Сите учесници - гости качуваа со нашите македонски спортски качувачи учесници на кампот. За безбедноста на настанот, за цело време на одржувањето на кампот, техничко безбедносна подршка имавме од Спасителниот тим “Нова Алијанса“ и Црвениот Крст Охрид. Кампот течеше по зацртаниот план, кој беше предходно објавен на оваа веб страната.

На 08ми септември на Државниот празник на независноста се одржа, натпревар “Рок маратон“. Натпреварувачите се качуваа на 5 насоки со различна тежина, а најдобри беа оние кои ги качија, односно кои највисоко се качија. На натпреварот учествуваа 18 учесници, а победници беа:

Мажи
1. Илија Ристовски (МКД – “Екстрем“)
2. Јован Иванов (МКД - “Х Challenge“)
3. Горан Кузмановски (МКД - “Вертикал“)

Жени
1. Весна Павловиќ (СРБ)
2. Катја Вертипрахкова (РУС)
3. Милица Ѓорѓевиќ (СРБ)

Се на се кампот беше едно големо искуство, со многу нови насоки, нов спортско качувачки локалитет и нови предизвици.

Голема блгодарност до Александар Кленов, без кој овој камп немаше да биде тоа што беше. Благодарност и до ФПСМ Претседателот кој ни даде срдечна поддршка, до Нова Алијанса, до Црвен Крст Охрид и секако до сите спортско качувачки клубови во Македонија.


топ
28. 08. 2006
BALKAN SPORT CLIMBING CHAMPIONSHIP 2006
KLADOVO – SERBIA
08. - 10. DECEMBER 2006


Categories:
Female, male seniors.

Discipline: Difficulty, speed

Participation / Team quotas: Each national federation: 4 competitors per category (Serbia up to 8 competitors per category).

Registration deadline: December 05, 2006

Competition venue: Climbing wall in the main hall of the Youth Sport Camp (YSC) “Derdap” –Kladovo.

Accommodation: Each national team is granted free accommodation (full board – meals included) for 4 male + 4 female competitors + 1 team manager + 1 judge (10 places per team in total), within YSC “Derdap” (2 and 3-bed rooms), http://www.djerdaposk.co.yu/smestaj1.htm). Remaining team members need to pay for accommodation (app.20EUR – full board).

Organization:
Mountaineering Association of Serbia Sport Climbing Commission
Andricev venac 2, Belgrade, Serbia and Montenegro
yuclimbing@hotmail.com
+381 63 247 815

Youth Sport Camp (YSC) “Derdap” - Kladovo
irongate@verat.net
+381 11 13 89 02

Questions and registration: yuclimbing@hotmail.com

Provisional program

Friday, December 08th 2006
19:00 – 21:00 Competitor registration – in the management office of the Youth Sport Camp “Derdap” - Kladovo (Team leaders with competitors' passports or ID)
21:15 Technical meeting

Saturday, December 09th 2006
07:00 Breakfast
07:30 Isolation zone opens
08:45 Isolation zone closes
09:00 Route observation
09:15 Start of semifinals female-male
14:00 Lunch
14:30 Isolation zone opens
15:45 Isolation zone closes
16:00 Opening ceremony
16:05 Presentation of finalists and route observation
16:15 Start of finals – female – male
20:00 Superfinals and awarding ceremony
21:00 Dinner

In case of superfinals, it will be organized in accordance with new ICC
recommendation: final route shall be climbed and in case of equal results, the time
spent for the attempt shall decide the winner.

Sunday, December 10th 2006
07:00 Breakfast
07:30 Isolation zone opens
08:45 Isolation zone closes
09:00 Start of speed competition
12:30 Awarding ceremony
12:45 Closing ceremony
13:30 Lunch

Note that the above schedule is provisional and subject to change depending on the number of competitors and other circumstances, but the given timeframe shall be respected as much as possible.

топ
25. 08. 2006
Зли Дол, Охрид

Нека ни е честито!!!
Сега имаме уште еден спортско качувачки локалитет, а тоа е Зли Дол, Охрид. Локалитетот се наоѓа на планината Галичица и тоа кога ќе свртите во лево од патот Охрид-Св. Наум, за да продолжите кон Галичица, на само 1км од десната страна ви се отвора мала карпа. Веднаш до карпата во десно започнува планинарска патека која по 15 минути планинарење ќе ве внесе во Зли Дол. Идеално место за спортско качување во летниот период.



Во моментов екипата составена од Владимир, Иле, Јован, Ласте, Ване и Александар Кленов отворија 15 насоки. Насоките се со тежина од 6с до 7с. Во наредниот период и за време на собирот се планира да се отворат уште 10 насоки. Можеме да кажеме дека овој локалитет ќе биде со релативно тешки насоки и преставува идеално место за подготовки.

 

топ
14. 07. 2006
Балканско Младинско Првенство, Волос (Грција)
01-02. 07. 2006

Македонска инвазија на Балканското Младинско Првенство во Волос, Грција се одржа на 01 и 02 Јули 2006 година. Нашите младинци беа меѓу првите во сите категории.

  • 1 (прво) место за Ванчо Наунов во категорија ’94-’95,
  • 2 (второ) место за Билјана Серафимовска во категорија ’91 – ’92,
  • 4 (четврто) место за Банов Лазар во категорија ’91 – ’92, и
  • 2 (второ) место за Јован Иванов во категорија ’89 - ’90.

Овој успех значи дека Македонското спортско качување оди напред и станува дел од врвната качувачка елита. Успехот на Младинците на Балканското Првентво значеше поттик и за сениорите, кои по една седмица на 08-07 Јули во Стомион, Грција се натпреваруваа на Балканското Болдер Првенство. За само една секунда задржување нашиот репрезентативец Иле Ристовски не успеа да влезе во финалето. Финале во кои се бореа за прво место најдорите шест. Морам да истакнам дека разликата помеѓу финалистите и нашиот натпревар беше минимална, но тоа е спорт. На крајот Иле беше на 7(седмо) место. Инаку квалитетот на натпреварот беше одличен од причина што Бугарската качувачка елита беше таму присутна, како Румен, Калин, Тодор Џамбазов. Мора да се спомене дека млади новопечени болдераши од Грција беа второто и третото место на Првенството. Ова кажува дека земјите на Балканот работат. Сега ни останува Европа и Светот.

Нашата женска натпреварувачка Јасмина Зајкова по една година качувачко искуство се покажа одлично. Таа го освои 9 место.

По завршување на Првенството, Младинците и Сениорите продолжија низ Грција во освојување тежини. Така Иле ја качи насоката “Money too” 8a во Темби качувачкиот локалитет. По него нашите младинци качуваа насоки на поглед 6с, 6с+.

топ
22. 06. 2006
ЗЛИ ДОЛ
Охрид


Сепак Охрид има потенцијал за врвно спортско качување. По иницијатива на Антонио и Борис од Охрид, дел од тимот за отворање насоки на *СКА* го посети секторот “Зли дол“ на Галичица. Долот се наоѓа на 1км после раскрсницата од главниот пат кој оди кон Св.Наум, а се дели кон националниот парк Галичица. Представува идеално место за отворање спортско качувачки насоки кои ќе се качуваат во летниот период.

Зошто во летниот период? Бидејќи е прекрасна ладовина. Надвор од долот пекол, а во него свежо! Идеално господа!!! Сега машината во раце и клинчење насоки. Предвидено е насоките да бидат со тешки оцени. Ние ќе се потрудиме да отвориме секаков вид насоки, за да можат сите да се најдат таму.

И дополнителна информација. Од 12 Август во Охрид пристигнува Алекс Кленов (Русија) со кој ќе го започнеме проектот на отворање спортско качувачки насоки во Охрид во склоп на UAA Youth Global Summit meeting.


топ
21. 06. 2006
“РОК МАРАТОН“
25.06.2006, Демир Капија


Помина период во кој не се одржаа два натпреварии и тоа во Неготино и во Штип, а со тоа некако стивнаа организациските збиднувања во спортското качување. Од таму јас како претседател на *СКА* го земам Статутарното право да предложам односно да преземам иницијатива, без предходен состанок на *СКА*, за организирање натпревар, во кој се надевам ќе ме поддржите.

Натпреварот го крстив РОК МАРАТОН, а ќе биде ист како РОК ТРИП на Маткино Трло. Имено, на Матка едно име, а на Демир Капија друго име.

Датум: 25. 06. 2006, Демир Капија / сектор ВДД и Радар Петра.

Старт: 12.00 часот – затворање 17.00 часот

Правила: Се одредуваат насоки кои треба да се качат. Сите учесници треба да качат што повеќе насоки, со помалку падови. Оној кој има качено најмногу насоки со најмалку падови е победник.

Право на учество: Секој оној кој смета дека може да качува спортско качувачки насоки!

Судии: Од судиската комисија

Награден фонд:
1 место = награда од БЕАС Штип
2 место = награда од НОВА ИДЕЈА Скопје
3 место = награда од ФПСМ*СКА*
(добри награди)

Пријавување: На паркингот помеѓу тунелите од 10.00 до 12.00 часот.

Се надевам дека ќе земете учество и заеднички ќе го направиме овој хепенинг интересен.

Со спортски поздрав,
Владимир Трповски
претседател


топ
05.05.2006
ЈАВЕН ПОВИК
Демир Капија, 20-21.05.2006


Во деновите 20 (сабота) и 21 (недела) месец Мај, *СКА* организира масовно средување на спортско качувачкиот локалитет Демир Капија. Идејата за средување на локалитетот е стара и веќе созреана да се реализира.

Имено ќе се работи на:

  • поставување Инфо табли, една пред влезот на тунелите и една, помеѓу двата тунели,
  • поставување порелаксирачки и повезбедни скалички за симнување од паркингот,
  • чистење на кањонот,
  • монтирање мини мостови,
  • бележење односно испишување имиња на сите спортско качувачки насоки.

Од таму ова е јавен повик до сите љубители на спортското качување, да ни се приклучат нам клубовите членки на *СКА* и екологистите од Неготино, кои сме носители на овој проект, сите заедно помасовно пристапиме кон средувањето на кањонот.

15.04.2006

КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТ СТЕЊЕ,
Преспа 09. 04. 2006


Битолчаните отсекогаш биле и  ќе бидат меѓу врвните во планинските спортови. Од таму се и носители за отворање на новиот качувачки локалитет во Македонија, Стење на самиот брег на Преспанското езеро.
На 09 Април на прекрасно сончево време се отворија две нови насоки и покрај првата насока, сега веќе постојат три нови насоки. Карпата не пружа многу за отворање нови спортско качувачки насоки, но и тие што ќе се направат ќе бидат одлични за загревање, за средно па и за тешко спортско качување.
Стење се наоѓа 55 км од Битола. Карпата е северно ориентирана, а е варовник кој на прв поглед изгледа кршило, но не е така. По темелно чистење се добиваат одлични делови за насоки.
Впрочем треба да го посетите и да се качувате, исто како и ние што направивме. Имено Горан, Марјан, Стево и Вања (АК“Вертикал“) како домаќини и Владо, Пуци, Иле, Дики и Виктор (АСКК“Екстрем“) беа посетителите на Стење на 09(недела) Април, каде Горан, Иле и Пуци отворија две насоки.
Воедно АК “Вертикал“ ги поканува сите качувачи да повелат на 02(понеделник) МАЈ на празнично качување на Стење.
За подетални информации на email:  kuze1savage@yahoo.com

Поздрав !!!
06.04.2006

СПОРТСКО КАЧУВАЧКИ СОБИР
Демир Капија 14, 15 и 16 Април 2006

Согласно усвоениот Календар на активности за 2006 година, ни престои Собирот на Демир Капија и тоа:

Домаќин и коорганизтар: АСКК “Стенае“ Неготино

Сместување: Училишен дом Демир Капија – задолжително носење вреќи за спиење, по можност и подметачи, во случај да нема доволно место.

Пристигнување: 14(петок) во вечерните часови. Состанок и видео презентација од натпреварот одржан во Скопје, како и од други качувачки филмови.

Качување: 15(сабота) и 16(недела) - што повеќе искачени насоки, за да се крене качувачкото ниво на секој спортски качувач.

Напомена: Подгответе ги вашите членови односно повтерете ги сите правила и норми кои се однесуваат за качување на природна карпа, етичкиот кодекс и начинот на користење сидриште на крајот од насоката.

Со спортски поздрав,
*СКА*

09.03.2006
ДРЖАВЕН КУП ВО СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ


До сите членки при *СКА*

Место: Вештачка карпа - Машински Факултет-Спортска сала Скопје

Котизација: Според правилникот за натпревари на *СКА*

  1. 120 денари за Членови/ки
  2. 60 денари за Јуниори/ки и деца

Судии:

Претседател на судиско жири: Лидија Мимова
Судии на насоки: Слободан Соколовски, Стево Личовски
Судии поставувачи на насоки: Дејан Петровски, Владимир Трповски
Асистенти: Александар Чорбески

Распоред на натпреварот:

16.00час. – Отворена Изолациона зона
17.00час. – Затворање на Изолациона зона
17.10час. – Оглед на стазата
17.15час. – Старт на Членови/ки и Јуниори/деца  ? финале во водство
19.00час. – Старт на членови/ки и Јуниори/деца финале во водство
20.00час. – Старт финале Брзинско

Прогласување!!!

АСКК “ЕКСТРЕМ“
Дејан Петровски
претседател

23.02.2006
СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ НА ЗОИ 2006
Бардонекија, Италија


За време на Олимписките игри во Торино ќе се одржи и демонстрација на нашиот спорт. Поради ова се повикани триесет најдобри спортски качувачи од сите континенти, да презенатираат спортско качување – каде туку во Бардонекија. Впрочем во тој алпски град 1985 година, се одржа првиот натпревар во спортско качување и сега повторно на тоа место нашиот спорт прави чекори за влез во ОЛИМПИСКИТЕ СПОРТОВИ:

Повеќе за се погледнете овде.

Према претпостваките на UIAA-ICC, во 2016 година е најбрза опција за влез на Олимпијада. За кои дисциплини се работи, ќе видиме.
топ

 
Линкови/LINKS

READ MORE

 

Copyright © 2005, All rights reserved