 |
Во круговите каде луѓето се занимаваат со екстремни спортови често се разговара за адреналинот, а малкумина се запрашале што е всушност тоа. Тоа што го знаеме за него е дека доживуваме адреналински удар при изведување вратоломии, дека ни годи и дека сме на него помалку и повеќе закачени. Дека секој екстремист не е ништо друго освен adrenali junkee бидејќи по изведените вратоломии раскажува само за тоа, целиот е влезен во филм о посакува уште.
Со овој текст ќе ви појасниме што е тоа адреналин и што го предизвикува, а причините зошто ни годи и зошто толку сакаме да го конзумираме во што поголеми количини се од индивидуална природа и барем во овој текст тоа нема да го опишеме.
Гледајќи на тоа дека медицинската дефиниција за адреналинот е перкомплицирана, ќе ни послужи и онаа лаичката: адреналинот е хормон кој се излачува од сржта на надбубрежната жлезда, заедно со норадреналинот, кога имаме повишена физичка активност во организмот.
Лачењето адреналини и неговото отпуштање во крвотокот го надгледува вегетативниот дел од живците. Вегетативниот живчен состав кој се состои од два дела (симпатикус и прасимпатикус) контролира рефлексен процес внатре во внатрешните органи, крвните жили и жлезди со внатрешни излачување. Во случај на засилена активност на организмот, симпатикусот испраќа живчани сигнали до надбубрежната жлезда да започне со лачење со адреналинот и норадреналинот. Овие хормони ја забрзуваат работата на срцето, го зголемуваат крвниот притисок и го забрзуваат дишењето, со што се зголемува моторичката способност на организмот и овозможува совладување на физичките напори.
|