насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Упатства
Исхрана на спортски качувач
Здрава исхрана
Болдер вежбална Џамбаз
Оценување теорија или пракса
Болдер оценување
Тренинг за спортски качувачи
Спречување спортски повреди
Карпа
Адреналин
Попис на најтешки насоки во светот со нивните основни информации

 

 
Упатства
КАРПА

СОСТАВ НА КАРПА

Петрографијата е наука која се занимава со проучување на структурните карактеристики, минералниот состав, хемиските и физичките својства на карпата, начинот на појавување услови за нивното настанување и нивната систематика.

-Карпата е природна заедница на минерали или природен минерален агрегат со одреден минерален и хемиски состав која се јавува во вид на самостојни геолошки тела во земјината кора.

Со понатамошното влијание на егзогените сили (надворешно влијание) ерозијата (која како основен агенс ја има водата) разорувањето и распаѓањето на карпите, флувијалната (речна) ерозија, карсната ерозија (распаѓање на варовниците) и еолската ерозија (влијание на ветерот) и вегетацијата. Во комбинација со внатрешните сили (земјина топлина и земјина ротација) доведува до формирање на геоформолошката пластичност на земјината кора. Во понатамошниот процес на формирање планинските предели по пат на тектонските движења и селективната ерозија, однесување на лесно распадливиот матерјал остануваат масивни карпести блокови кои што всушност преставуваат предизвик за спортското качување.

Поради геолошката разноликост на земјината кора постаојат разни видови карпи и уште повеќе варијации. За условите на спортското качување важна е компактноста (цврстината)на карпата, па поради тоа е и сконцентрирано кон одредени видови карпи кои се одвиваат на квалитет условен од потребите на спортското качување.

Како што наведовме петрографската содржина е огромна, но ние ќе ги разработиме само карпите кои се во содржината на спортското качување:

Магматски – гранити,

Седиментни – варовник,

Метаморфни – мермери.

1. МАГМАТСКИ карпи

Магматските карпи настануваат со консолидација и кристализација на природен усвитен течен силикатен растоп-магма во внатрешноста на земјината кора или на земјината површина. Магмата е составена од лесно испарливи и тешко испарливи компоненти. Во зависност од тоа каде магмата во земјината кора зацврснува има длабински, жични и вулкански магматски карпи.

Од магматски карпи во спортско качување е застапен ГРАНИТОТ бидејќи тој се одликува со поволни физичко-технички особини, што значи дека преставува идеална компактна карпа. Застапени се насекаде низ светот, ги има мали и големи, ниски и високи. Во Македонија ги има во околината на Прилеп, Бабуна, Беласица, Осогово, Огражден, Плавуш.

2. СЕДИМЕНТНИ карпи

Седиментни или таложени карпи се геолошки творби образувани на површината во водени или копнени седиментни средини. Нивното образување е временски долготраен процес врзан за механички, хемиски, физички и биогени фактори.

За да дојде до создавање до седиментни карпи мора да се создадат следните услови:

*Површинско распаѓање на делови од земјината кора,

*Транспорт на распаднатиот матерјал,

*Таложење на транспортираниот матерјал,

*Дијагенеза (зацврстување, скаменување) на наталожениот матерјал

Седиментните карпи се сретнуваат насекаде и тоа поради богатата геолошка историја на земјината кора, се сретнуваат во разни големини, структури како и на различни географски широчини. Врз основа на наталожениот матерјал постојат разни видови на седименти, но во спортското качување најповеќе е застапен Варавовникот, Конгломератот, Доломитот.

- Варовниците се седиментни карпи кои се калциум карбонат по хемиски состав. Многу често се присутни примеси на манган, железо, глина, магнезиум, песок, кварц, поради што и имаат различна боја. Генетски гледано варовниците настануваат на повеќе начини и тоа:

1. Со таложење на скелети и оклопи на изумрени макри и микро организми, таложење во морско океанските простори и езерески животни и седиментациони средини.

2. По хемиски пат со таложење на калциум карбонат во морска вода, без учество на органска материја.

3. Варовниците настануваат со таложење на морски алги кои содржат калциум карбонат.

4. Варовниците настануваат и од распаднати и преталожени парчиња варовници.

Во природа се сретнуваат како масивни, Банковити, Плочести и слоевити. Во Македонија ги има на Жеден планина, Галичица, Јабланица, Бистра, Демир Капија.

- Конгломератот преставува врзана кластична карпа, составена од заобиколени зрна и фрагменти чија големина изнесува 2мм. Тој настанува со цементирање чакал со некоја врзлива материја. Името на конгломератот потекнува од латинецот GONGLOMERATE , што значи натрупување. Врзивата материја кај конгломератот може да биде биде претставена со силициумска материја, калциум карбонат, железна. Според местото на натснаување можат да бидат: Езерски, Глацијал и морски гонгломерати.

- Доломити – карбонатна карпа изградена од минералот доломит кој во карпата е застапен 45-50%. Може да се содржи во многу примеси посебно калцит и глиновити минерали, гипс, анхидрит, опал. Доломитите се јавуваат на исто место каде и Варовниците, Алпи во Словенија, Динаридите и во западна Македонија.

- Метаморфни карпи (преобразени карпи). Матаморфизмот е едноличен геолошки процес што се случува во земјината кора, значи под влијание на температурата и притисокот се врши преобразба на постојните минерали и карпи. Во процесот на метаморфизам седиментните и магматските карпи како основни кои ја градат земјината кора преминуваат во нов вид метаморфни карпи. Во спортското качување од овј вид карпи се сретнуваат мермерите поради нивната компактност.
Мермерите се масовни метаморфни карпи кои натснауваат од варовници и доломити најчесто во мезозоната на земјината кора. Бојата варира од бела до црна во зависност од примесите кои се застапени во Македонија и кои се наоѓаат во Прилеп, Солунска глава, Караџица, Кичево, Гостивар.

топ

РАСПАЃАЊЕ НА КАРПА

Процесот на физичко распаѓање и разорување на карпите првенствено зависи од климатските услови, тоа значи дека климатските услови се основен агенс за распаѓање на карпите. Ваквиот вид на распаѓање на карпестите маси е особено изразено во областите со температурни колебања односно со високи температурни амплитуди (дневни и сезонски). Во локалитетите за спортско качување во Македонија, се измерени огромни температурни разлики и тоа

- Демир Капија -18 0 С во зимскиот период и до 43 0 С во летниот период.

- Матка -25 0 С во зимскиот период и до 42 0 С во летниот период.

- Велес -22 0 С во зимскиот период и до 42 0 С во летниот период.

- Прилеп -23 0 С во зимскиот период и до 42 0 С во летниот период.

Ова значи дека распаѓањето е мошне присутно, а со тоа е зголемен ризикот за несреќи при што треба да се почитуваат правилата за безбедност.

Многу важен фактор за распаѓањето на карпите преставува и хомогеноста на самата карпа, што значи дека хомогените карпи помалку подлегнуваат на распаѓање, за разлика од хетерогените кои во голема мера се зафатени од разорување.

Бојата е многу важен фактор за распаѓањето, така карпестите маси со потемна боја повеќе ги привлекуваат сончевите зраци и повеќе се затоплуваат со што се шират, а со тоа е и зголемен факторот на распаѓање, додека кај карпите со посветла боја се случува спротивното. Во Македонија во спортско качувачките локалитети овој вид на распаѓање е позаостанат, бидејќи карпите се со потемни бои во поголемиот дел од денот и се под длабока сенка, додека на другите локалитети преовладува светлата боја.

Карпестите маси се одликуваат со мала способност за спроведување топлина во подлабоките делови на карпата, па затоа напукнува само горниот слој на карпата што условува распукување и создавање на пукнатини во самата карпа. Под влијание на ветерот кој со својата активност подигнува и носи почва, песок и сл, ги натрупува во овие пукнатини, во кои се развива вегетација чие семе исто така е транспортирано со ветерот. Развивајќи се во пукнатините, растенијата во својата борба за опстанок со своите корени, бараат вода во длабочините на пукнатината, а со тоа и ја шират пукнатината. Поради тоа тој блок станува лабилен и во случај на оптеретување од страна на птица, качувачи и други надворешни фактори, може да падне. Истото се случува и со водите кои со своето ерозивно дејство поминуваат низ овие пукнатини, на пр. Арена на Демир Капија.

Со навлегување на водата значи создавање мраз, кој се шири, а со тоа зголемување на зафатнината на мразот и последователно зголемување на пукнатината. Познато е дека на температура од -22 0 С мразот делува со 2100 атмосфери.

Подготвил
Илија Ристовски

топ

 

 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved