насловна за СКА контакт english
Правилници Пријави Натпревари Локалитети Упатства Галерија
Упатства
Исхрана на спортски качувач
Здрава исхрана
Болдер вежбална Џамбаз
Оценување теорија или пракса
Болдер оценување
Тренинг за спортски качувачи
Спречување спортски повреди
Карпа
Адреналин
Попис на најтешки насоки во светот со нивните основни информации

 

 
Упатства
 
ОЦЕНУВАЊЕ ТЕОРИЈА ИЛИ ПРАКСА
“Се е релативно“

Кога качуваме употребуваме единствен начин на мерење перформанси. Другите спортови користат дел од секунда, сентиметри, бодови или меч/сет, за да го одредат победникот односно најдобриот. Спортските качувачи тоа го прават со помош на оценките. Но како тоа функционира? Кој е тој што ја одредува оцената? Снижување на оцената! Болдер движење од едно движење! Тактика за да ја максимизираме нашата искачена оцена!

Системот на оценување во прв ред е помош на спортските качувачи да одберат насока или болдер на која ќе пробаат да се качат. Меѓу другото тоа е основа за натпревар со самиот себе и со другите околу глорификација и спонзорство. Овој текст-објаснение се обидува да ја покрие и теоријата (релативност) и самата пракса на она што на сите нам ние е драга тема-ОЦЕНУВАЊЕТО!


Оцените се се базираат на индивидуални субјективни сугестии

Оценувањето никогаш не било и нема да биде прецизна наука. Првиот кој ќе се качи може само да даде субјективна сугестија која е одредена врз основа на испробана релативна тежина. Качувачите се со различна висина, различна сила и различни слабости, па од таму и индивидуално сугерираната оцена може да биде различна. Можно е ниска супер-жена да дава 8с оцена на некоја насока, а некој висок качувач само 7с ...

И потврдено на “база“ време/успех на качувачката заедница

Оцената не ви кажува колку е насоката тешка во апсолутна смисла, туку впрочем е мерење на напорот-тежината и времето за кое качувачката заедница го вложила за да успее во одредена насока или болдер. Односот “време/успех“ чекор по чекор ќе ја утврди оцената за качувачката заедница. Земете за пример динамично болдер движење и оцената за таков проблем може само да се даде врз основа на горната основа на качувачката заедница. Оцената на заедницата за новите насоки мора да одговара со оцените на тие кои веќе ја качиле насоката…

Снижување или покачување на оцената е неопходно кога е “односот“ неисправен за заедницата.

Оцените во качувачките водичи главно се коректни, но понекогаш за односот се покажува погрешното за качувачите кои покасно ќе ги качуваат насоките. Кога качувачите ќе направат прво повторување на насоката, тие понекогаш не се грижат за исправување на оцената. Тогаш лесно може да се заврши како во приказната “Царевото ново руво“. Секако дека имаме некои убави приказни кои можеме да ги разоткриеме таму надвор околу некои преценети насоки. Од друга страна, иако многу качувачи веќе ги спуштале оцените на насоките кои ги качувале но “скоро“ ги качиле односно не ги качиле или бегале од насоката во лево или десно. Најлошо од се е кога насоките кои се “тешки“ тонат во заборав, бидејќи се сметаат за “прескапи“(многу труд, време и емоции). У пичку матер, тренирај те па качете ги !!! Тие насоки ќе бидат пресвртница во вашиот качувачки живот, пат кон врвот!

Практични примери на мистериозни оценувања

Бројот на ред-поинт(RP) обиди наспрема односот време/успех?

Бројот на Ред поинт обиди во еден ден зависи од тоа колку одмор вие потребен помеѓу обидите. Во кратка насока со тежок детал на почетокот, можно е да направиш 15 обиди пред да ве напушти силата, додека на долга насока можете да имате само неколку обиди во текот на денот. Како директен резултат на тоа, многу долги пумпачки насоки од повеќето качувачи се сметааат за “скапи“.

Ред поинт оценувањето наспроти на поглед качувањето?
Не е можно да се договорат степени на оценување кои ќе бидат оправдани за ред поинт и за качување на поглед. Системот на оценување го разгледува само најлесниот успон, а не можете да ја спуштате оцената затоа што можете лесно да ја качите на поглед. Теоретски, сите насоки можат да имаат плус оцена за на поглед качување која пак е потполна различна од онаа за на ред поинт качување. Денеска системот на оценување ја зема во предвид само тежината на ред поинт качување.

Техничка вештина наспроти силата?
Со оглед на тоа дека е полесно да се развие силата наспроти техниката, оценувањето на насоките во кои е потребна силата треба да се држат со пониски оцени. Земете некој урбан пацов качувач и тој ќе ви каже дека оцените за превисите се пониски од оние на плочите. А ако постои одредена генетска разлика помеѓу машки и женски поврзана со развивањето на силата, спротивно од предходнота теорија, повеќето жени ќе речат дека кратките превисести насоки се многу тешки.

Природна заштита наспрема подготвени насоки?

Во британскиот систем на оценување на природно заштитени насоки се дава поголема оцена ако се опасни. Стварната смртна предупреденост добива најголема оцена Е10! Овој систем е единствен па затоа вообичаената насока не добива повисока оцена само затоа што можете да погинете. Сепак, имајте на ум дека ако самите ја поставувате опремата на карпата, што нормално го правите при клинчењето на традиционалните насоки, понекогаш тежината преставува тоа што морате да застанете и да поставите заштита во детал, при што насоката, тоа ја прави потешка од кога ќе се оклинчи со спит пред и после деталот.

Додатни студии

Пред многу години, качувачките активности се одвиваа на вертикални традиционални насоки давајќи им на качувачите одредена можност да успеат да се качат и да ја оценат насоката. Наспроти тоа денес повеќето тренизни се одвиваат на вештачки карпи со големи превиси во спортски сали, овозможувајќи им на качувачите други помодерни и посложени техники на качување. Тоа го промени времето/успехот како однос на качувачката заедница на различните типови насоки, па и оцената треба да се менува. Тоа во пракса би значело дека некои стари превисни насоки влегуваат во опасна зона за спуштање оцени. Од друга страна ќе дојде до подигање на оцените во насоките каде имаме веќе изгланцани-исполирани фаќалишта. Пробајте некоја популарна насока во Бјукс или Арко и од таму ќе видите дека насока 7а веќе е на пат да биде 8а. Постои голем број насоки на кои име е подигната оцената поради скршено или мазно фаќалиште.

Како најоптимално да се оцени насока за секој поединечно?
Најпрво треба да ги тренираш своите најслаби точки. Но, од горе изнесената логика заклучок е спротивното. Ако по некоја среќа сте екстремно надарени да имате сила повеќе, издржливост, големина на прсти, сила на отворен стисок, итн, концентрирајте се на насоки/болдер во кои е застапена вашата посебна способност да биде ваша најдобра опција за напредување према оценките. Повеќе жени, на пример, треба да оди на плочи насоки со ситни фаќалишта. Друга екстремна егоистичка можност е да оклинчите-отворите насока која одговара на вашите можности.

Текстот е напишан со помош од Британскиот совет за спортско качување !!!

Подготвил
Трповски Владимир


 
Линкови/LINKS

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 
Copyright © 2005, All rights reserved