|
Позната е онаа старата: “Во здраво тело, здрав дух“. Ако имаме здраво, гипко, витално тело сигурно и дека се чуствуваме добро во него.
Тие кои не се задоволни со своето здравје или телото, очигледно треба да се запрашаат за да го разгледаат најважниот предуслов за здраво тело – исхраната.
Правилна исхрана
Правилната исхрана е б аза за здраво функционирање на организмот.
Спортското качување е спорт кој бара изузетно психичка подготвеност, потоа физичка издржливост и сила. Кога се наоѓате “распнати“ среде некој детал, важен момент е вашата волја за до го поминете тој детал, но сигурно нема да успеете ако имате 10кг повеќе, потхранети мускули или ви недостасува витамини и минерали кои помагаат да се ослободи енергијата.
За да се изгради и стане посилно мускулното ткиво, како и за одржување на еластичноста на зглобовите и тетивите треба да го снабдите организмот со богат извор белковини и минерали но и јагленохидрати, па и маснотии. Белковините, јагленохидратите и маснотиите се три основни групи намирници и ги нарекуваме енергетска храна. Минерали, витамини и водата се неопходни конзументи за биолошките процеси во организмот.
Здрава и правилна исхрана треба да ги вклучува сите неведени елементи. Енергетска храна во исхраната треба да биде застапена према следната скица:
- Шеќер, маснотии и зејтин – да се јаде понекогаш
- Млечни производи – 2 до 3 порции
- Месо, морски плодови, јајца, зрнеста храна – 2 до 3 порции
- Зеленчук – 3 до 5 порции, овошје – 2 до 4 порции
- Јагленохидрати – 6 до 11 порции
Ова прехранбена пирамида ни говори дека во правилната и здрава исхрана треба да бидата најзастапени житариците и влакнестата храна, потоа овошје и зеленчук, па млечни производи, риба, месо и секако во минимална мерка – колачите.
Дневното внесување на намирници треба да се организира според количината: 40% јагленохидрати, 20% маснотии, 40% протеини односно белковини. За изградба на новото мускулно ткиво и за одржување на постојаниот тонус на мускулите во организмот е неопходно да внесеш многу белковини(протеини) па минерали и витамини. Намирници богати со белковини се, на прво место рибата, бело месо, потоа разни видови мешункасти производи, јајца, сирење, јогурт и млеко. Чаша јогурт и млеко е навистина чаша здравје! Млекото од 1,5% масти содржи во 1 литар до 37 грама протеини, 15 грама масти и 48 јагленохидрати, што е приближно еднакво оптимално на односот 40-20-40. Два протеина кои млекото ги содржи се најквалитетни протеини, чии молекули во целост поминуваат низ тенките станици од мускулните влакна, така што имаат максимална искористеност. Пиејќи 2 до 3 литри млеко дневно се задоволуваат голем дел од дневните потреби за белковини, и потребата од течности. Млекото и јогуртот содржат потребни витамини (А, Д, Е), минерали (фосфор и калциум). Калциумот има важна улога во изградбата на имунитетот на телото и во изградбата и обновување на коските, зглобовите и забите.
Додатоци на исхраната
Дури и потполна урамнотежена и квалитетна исхрана понекогаш не содржи доволно количина витамини и минерали за позасилена потреба на организмот. Тој недостаток се надополнува со различни додтоци во исхраната. Луѓето кои активно не се бават со спорт и секако спортистите користат витамински и минерални препарати во облик на капсули или мултитаблети.
Што се витамините, а што минералите?
И витамините и минералите се средства кои делуваат како катализатор при одвивањето на биолошките процеси и хемиските реакции во телото. Освен како катализаторски истотака имаат и заштитна функција во органзимот.
Витамините се средства од органско потекло неопходни за извршување на сите животни функции и за успешно искористување на внесените белковини, маснотии и јагленохидрати таканаречени енергетски елементи. Недостатокот на витамини предизвикува разни заболувања. Повеќето луѓе денес патат од хиповитаминоза – недостаток на витамини во одреден степен.
Најважни витамини
Витамини А – влијае на растот и развојот на организмот. Се наоѓа во млекото, јајцата, путерот, кељ, џигер, морков, домати, салати, жолто обоено овошје(јаболка, праска, кајсија).
Витамин Б – се наоѓа во многу аријанти од Б1 до Б12, а е важен за функционирање на дигестивниот тракт односно органите за варење. Се наоѓа во зелениот зеленчук, јетра, месо, јајца, млеко, житарици со лушпа, црниот леб и целосно зрна пченица.
Витамин Ц – ги зголемува одбранбените способности на организмот, го зголемува имунитетот, спречува инфекции и настинки и помага во стресни состојби. Се наоѓа во свежото овошје и зеленчук.
Витамин Д – значаен код во изградбата на коскеното ткиво, а се наоѓа во млекото, путерот и јајцата.
Витамин Е – према најновите истражувања, витаминот Е ги ублажува болките во мускулите по некое вежбање. Се верува дека витаминот Е делува како оксиданс кој го уништува нуспороизводот на тренингот – слободните радикали кои се штетни за мускулното ткиво. Ослободувањето на слободните радикали предизвикува болки и замор по некое напорно вежбање. Се наоѓа во млекото(јогурт) и јаболкото.
Минерали
Минералите
се всушност од анорганско потекло кои се неопходни за изградба на ткивото, создавање различни телесни сокови, ферменти и хормони, како и за одржување на концентрацијата на течностите во ткивото. Најважни минерали се калциум, фосфор, натриум, магнезиум, бакар, цинк, калиум, сулфур, хлор и јод. Минрелите најмногу се наоѓаат во растителната храна, месото и јајцата. Морската сол за готвење содржи сол.
Магнезиум – се препоручува во големи количини, при повишен психички и физички напор за спечување на грчеви во мускулите, правилна работа на срцето и крвотокот.
Железо – еден од најважните минерали. Составен дел од хемоглобинот – преносител на кислородот. Има и важна улога во работата на срцето, крвните зрнца и за детоксикација не штетните спојки во црниот дроб.
Цинк – неопходен за работата на црниот дроб. Најбогати извори на цинк се џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина и морков.
Јод – витален за здрав штит, а освен во солта се наоѓа и во белата риба.
Бакар – вителен за апсорција на железото, за здрава крв и коски. Извори: џигер, маслинки, лешници, зоб, грашак и сушено овошје.
Калциум – за здрави заби и коски. Најбогат извор на калциум е млекото!
Последици од прекумерното внесување на неведените минерали и витамини нема, освен краткотрајна хиперактивност. Единствено преголемата количина витамин Ц може да предизвикува негово складирање во црниот дроб, и оштетување.
Анаболици
Анаболичките стереоди се деривати тестастерони кои телото ги произведува телото кај мажите и жените, но секако во многу помала мерка. Во раните 50ти години научниците откриле две својства тестастерони: анаболичко и андрогено. Анаболичкото својство изградува квалитетна мускулна маса без масно ткиво, додека андрогеното својство условува раст на машките обележја – влакнетост, брада, дебел глас. Ова откритие ги поттикна научниците да пробаат синтетички да произведат стероиди – споеви кои имаат мали андрогени, а големо анаболичко учество како би се постигнало зголемување на мускулната маса со што помалку несакани ефекти.
Први синтетички стероид – анаболикот го произведе фирмата ЦИБА под името ДИАНАБОЛ. ДИАНАБОЛ е доста токсичен бидејќи поминува метаболизација во јетрата. Анаболичките стероиди делуваат на две основни собири, таблети и инекции. Вообичаено стероидите во облик на таблети се потоксични бидејќи поминуваат низ органите за варење и јетрата, каде се предизвикуваат важни оштетувања со претерано или долготрајно користење. Инјектибилните стероиди се апсорбираат директно во телото без да поминат низ органите каде се посигурни и имаат подолго дејство.
Денеска на пазарот постојат многу додатни биоствари (препарати) со кои се зголемува дејството на тренингот и со тоа остварување на врвни резултати. Ќе наброиме некои од нив, кои се корисни и се користат во спортско качување:
МИНЕРАЛИ и ВИТАМИНИ – комбинација (микс) на сите потребни минерали и витамини. Научниците препорачуваат три пати дневно повеќе витамини за личности кои активно се занимаваат со спорт.
CREATIN RIBOZA – овозможува сила за интензивни тренинг.
CFM – го содржи најсовремениот природен протеин.
POWER MEAL – инстант комплетен оброк во прав.
ZELL VOLUME PLUS – за цврсти и дефинирани мускули.
CHITOSAN – природна состојка за врзување на маснотиите.
JOINT-AID – препарат наменет за заштита на зглобовите, тетивите и сврзувачките ткива.
Како кај сите вештачки препарати кои се внесуваат во организмот, потребно е да се најде мерката. Поради специфичноста на телесната градба на качувачот – жилавост, слаб, издржливост, во овој спорт не се бара голема мускулна маса туку квалитетни мускули кои се способни да издржат големи напори. Ако напорно вежбаме, а мајка природа не дарила жилави, со квалитетни мускули, можеме да си приуштиме некои препарати, но со мерка.
Запамтете, дека квалитетните мускули и здрав организам можат да настанат само од квалитетни храна полна со протеини за изградба и цврстина на мускулите, јагленохидратите и маснотиите за енергија, и витамините и минералите нужни за правилно функционирање на организмот. Конзумирање на анаболичките препарати краткорочно дава резултати, но долгорочно е оној пат создаден од тренингот, правилна прехрана и одмор – подобар е!
Ако веќе ни се потребни витамини и минерали, а се згрозувате од капсули или шумливи мултитаблети, тогаш јадете јаболка! Јаболката содржи повеќе корисни состојки кои ја поттикнуваат работата на одбранбениот состав, го штити организмот, го спречува таложењето на масти во јетрата, а сето овошје најповеќе содржи витамини!
Формулата за строен и здрав организам изгледа вака: квалитетна исхрана + витамини и минерали + многу тренинг + одмор ! Тоа не значи дека не можете некој пат да заскитате во магичниот свет на фаст фуд храната, помфрит и кока кола и да се изеде нешто без никакви хранливи вредности и преполно со злобни маснотии! Но само понекогаш! |